fbpx
Таг: Тамара

таг: Тамара

Хелсиншки комитет ќе ја бара правдата во Стразбур откако обвинителството го повлече обвинението за Тамара

По преквалификацијата, која ја направи основниот јавен обвинител на завршните зборови во случајот за смртта на девојчето Тамара Димовска од Велес, во кривично дело за кое настапи апсолутна застареност за кривично гонење и ги сруши шансите за понесување одговорност за смртта на девојчето, кое почина чекајќи одлука од надлежните институции за лекување во странство, Хелсиншкиот комитет најави дека и...

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

Хелсиншкиот комитет реагира на повторното одложување на рочиштето во судскиот процес за малата Тамара, која почина пред шест години, а постапката против обвинетите трае две години и 11 месеци и предметот сè уште ја нема добиено својата завршница. Од Хелсиншки напоменуваат дека правичното судење во разумен рок е еден од фундаменталните услови за задоволување на кривичната правда. „Непочитувањето на овој институт...

По втор пат одложен почетокот на судењето за смртта на малата Тамара

По втор пат, во Кривичниот суд, не успеа обидот да започне судењето за смртта на малата Тамара, која во 2015 година почина додека чекаше средства за операција во странство. За овој предмет, има материјални докази на 10.000 страници, поради што судијата ги замоли адвокатите самите да се снајдат и да си ги ископираат доказите, бидејќи во судот имало еден фотокопир...

Во Кривичен суд продолжува судењето за смртта на малата Тамара

Во Кривичниот суд Скопје денеска на обвинителна клупа треба да седнат 12 лица во врска со смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство. Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија...

Една година затвор за поседување оружје за дедото на малата Тамара

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина. Одлуката следува по жалбата на Обвинителството. Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од 1 година. На 11 јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид...

Тамара почина чекајќи милост од власта

Тамара Димовска, 10-годишното девојче од Велес што почина точно пред три години и покрај ветувањата за соодветен третман од страна на тогашниот министер Никола Тодоров и раководство на Фондот за здравство, стана симбол за здравствените политики на тогашната власт. Нејзината смрт додека чекаше операција во Турција беше повод за големи протести пред Министерството за здравство. Чекајќи операција заради деформацијата на...

Судењето за дедото на Тамара одложено за 14 февруари

Денешното рочиште за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој се обиде да го убие поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, е одложено бидејќи Апелацискиот суд ја прифатил жалбата на обвинителството за издвојување на психијатриските вештачења на Стојановски. Судот до наредното рочиште, кое ќе се одржи на 14 февруари, од Министерството за правда треба да добие документ кој...

Поднесено обвинение за дедото на Тамара кој пукаше во Никола Тодоров

Обвинение за убиство во обид и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е поднесено против Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара, кој пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров на 1 јуни годинава, пред примопредавањето на министерската функција. Како што соопшти Основното јавно обвинителство – Скопје, истрагата против Љ.С. е завршена, обвинението е поднесено, а...

ФЗОМ експресно одговори: Ханита в петок да дојде на преглед на Клиниката за ортопедија

По протестот по повод едногодишнината од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, каде што говореше и Садула Салиу, татко на 11-годишната Ханита, која има иста дијагноза како и починатото девојче, експресно реагираше Фондот за здравствено осигурување. Оттаму во соопштение велат дека „Фондот презема активности и стапи во контакт со родителите, при што утврди дека нема конзилијарно мислење од соодветна македонска...

Убијците на Тамара не се „непознати сторители“, порачаа граѓаните

„Убијци“, „Правда за Тамара“, „Оставка“ скандираа граѓаните што денеска пред зградата на Јавното обвинителство излегоа да искажат револт зашто и по една година Обвинителството сè уште не ги нашло виновниците за смртта на малата Тамара Димовска од Велес. Присутните побараа за смртта на девојчето да одговара и министерот за здравство, Никола Тодоров. - Помина една година откако почина Тамара Димовска, а Јавното обвинителство...

Денеска напладне пред Обвинителство, протест по повод годишнината од смртта на Тамара

Денеска напладне, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имаше...

Софијанова, Парнаџиева-Змејкова и Тодоров не биле на сослушување за Тамара

Ниту директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова, ниту, пак, поранешната директорка на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева-Змејкова, не биле повикани на разговор во Обвинителството за случајот со смртта на Тамара Димовска од Велес. Софијанова во телефонски разговор ни одговори дека не била во Обвинителството за случај кој се води за смртта на Тамара, а истото телефонски ни го...

Кој сè е на списокот на осомничени за смртта на малата Тамара?

Една година по смртта на малата Тамара Димовска од Велес, Основното јавно обвинителство од Скопје соопшти дека повеќе лица се осомничени за овој случај. Обинителството не ги кажува нивните имиња, точниот број, ниту во која фаза е истрагата. Допрва ќе се види дали списокот на осомничени на обвинителството ќе се совпадне со тој на граѓанските организации. На протестот одржан на 24 февруари минатата...

Утре протест по повод годишнината од смртта на Тамара

Утре, во 12 часот, пред Јавното обвинителство во Скопје ќе се одржи протест по повод едногодишнината од смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес. Организаторите бараат јавниот обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за нејзината смрт. Откако настанот беше инициран на социјалната мрежа „Фејсбук“, Јавното обвинителство соопшти дека за овој случај се осомничени повеќе лица. Денеска, само еден ден...

Тодоров набројуваше проекти, пратениците му ги редеа трагичните случаи

Денеска на седницата на Собраниeто, на која се расправа за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пратеничката од СДСМ, Јагода Шахпаскa, обвини дека Тодоров е виновен за смртта на Тамара, смртта на родилката од Гевгелија, за нефункционирањето на „Мој термин“ и за многу други неуспешни проекти. - Господине Тодоров, доста е! Ако во Вас останало достоинство, одете си! За...

Документарецот за Тамара наскоро и на веб-страницата на „Телма“

Телевизија „Телма“ го објави документарниот филм „Кога здравствениот систем убава дете“ за малата Тамара Димовска од Велес, која имаше сериозен деформитет на ’рбетниот столб и почина чекајќи одобрение за седмата операција. Документарниот филм на новинарката Билјана Николовска, која ја откри приказната на Тамара, во целост ја објаснува борбата на Тамара со болеста и борбата што семејството ја водеше со институциите...

Утре протестен марш за малата Тамара

Утре, по повод четири месеци од смртта на малата Тамара Димовска од Велес, граѓанското движење „Протестирам“ ќе организира протестен марш од пристапот кон Владата на булевар Свети Климент Охридски до Министерството за здравство, на кој ќе побараат оставка и одговорност од министерот за здравство Никола Тодоров. „Оставките на двајцата, сега веќе поранешни директори на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова и Џемали Мехази, не...

Народен правобранител: Да слушаа што зборувавме, можеби Тамара немаше да почине

Изминативе три години Народниот правобранител предупредува дека можно е да има големи последици од бавните постапки во кои Фондот за здравствено осигурување одлучува дали некој граѓанин ќе биде испратен во странство на лекување, како што, на крајот, се случи и со малата Тамара Димовска од Велес, која почина чекајќи го решението од ФЗОМ. Ова може да се забележи во последните...

Одмаздата на Тамара: Забеганите* проекти добија нова единица мерка

.title span { font-size: 20px; vertical-align: super; } По текстот на „Мета“, дека парите за панорамското тркало, кое ќе чини 15,5 милиони евра, можат да спасат 516 Тамари, на социјалните мрежи секој трошок на Владата почна да се пресметува во пари за болни лица, луѓе без дом, амбулантни возила, студентски домови. Со вкупно 19,2 милиони евра кои ќе се потрошат за...

Родителите на Тамара од Велес се без работа

Родителите на малата Тамара Димовска од Велес, која почина на почетокот на минатиот месец, веќе неколку месеци се без работа. Мајката на Тамара, Жаклина, без работа останала уште во октомври, кога поради обврски околу хуманитарниот концерт за нејзината ќерка, морала да ја напушти работата иако не била формално вработена. Нејзиниот сопруг, кој бил вработен во истата фирма, останал без работа во...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...