fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Џафери нема да се кандидира на претседателските избори

Претседателот на Собранието Талат Џафери на брифинг со новинарите рече дека нема да се кандидира на претстојните претседателски избори и ќе остане претседател во Собранието. Што се однесува до идејата Собранието да бира шеф на државата, Џафери рече дека за тоа треба да се одлучни сите парламентарни групи, а доколку има консензус ќе треба да се изгласа измена на Уставот...

Последното годишно обраќање на Иванов во Собранието на 28 декември

Претседателот на државата Ѓорге Иванов, в петок на 28 декември во 12 часот ќе му се обрати на Собранието. Иванов го испратил барањето до претседателот на Собранието, Талат Џафери на 5 декември, неколку дена откако Џафери на брифинг со новинарите рече дека истекува време за поднесување барање доколку претседателот Иванов сака да го оствари своето право. – Претходните години, порано добивавме...

Џафери: Уставните измени ќе се гласаат на 15 јануари

Во понеделник на 17 декември ќе почне комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот, изјави денеска собранискиот спикер Талат Џафери по средбата со неговиот албански колега Грамоз Ручи. Пленарната собраниска седница е закажана за 9 јануари која се очекува да заврши за една недела и потоа на 15 јануари да се гласа за измените на Уставот. За крајното гласање повторно...

Иванов сè уште не побарал термин за годишното обраќање во Собранието

Нема најава од претседателот на државата, Ѓорге Иванов дека сака има годишно обраќање во Собранието, рече собранискиот спикер, Талат Џафери на брифинг за новинарите. - Претходните години, порано добивавме барање од Иванов, оваа година сè уште не е пристигнато. Доколку сака да се обрати тој мора да побрза со доставување барање за да може да му се обезбеди термин. Ова...

Координација кај Џафери за формирањето на телото за помирување

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе одржи координација со потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи. Тема на координацијата е формирањето интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција, на барање на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Координацијата требаше да се одржи вчера, но на состанокот...

Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се гласа за уставните измени

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски од претседателот на Собранието, Талат Џафери побара без дополнително одлагање да ја стави точката за уставни измени за изјаснување, да има гласање, и владејачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени. - Гледаме дека власта одолговлекува со седницата. Деветнаесет дена се одолговлекува точката да се стави на дневен...

ВМРО-ДПМНЕ побара Мицкоски да се обрати пред пратениците, Џафери не дозволи

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, во процедурална забелешка прочита писмо од пратеничката група до претседателот на Собранието Талат Џафери со барање нивниот лидер Христијан Мицкоски, кој не е пратеник, да има обраќање пред пратениците. - Со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Македонија, ние како пратеници и граѓаните, јас мислам и апелирам бидете на ниво на...

Почна седницата на Комисијата за уставни прашања, Заев ќе го образложи предлогот

Почна првата седница на Комисијата за уставни прашања на Собранието, со единствена точка на дневен ред, предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија. Седницата ја води претседателот на Собранието, Талат Џафери кој истовремено е и претседател на Комисијата за уставни прашања. Премиерот Зоран Заев е претставникот на Владата кој ќе го образложи предлогот, а присутен е и...

Собранието на 15 октомври ќе одржи седница за расправа за уставните промени

Според веб-страницата на Собранието, претседателот на законодавниот дом Талат Џафери в понеделник, 15 октомври во 11 часот ја закажа седницата на која на дневен ред ќе биде Предлогот за пристапување кон уставни измени. Се очекува истиот ден да биде свикана и Комисијата за уставни прашања на која би почнал претресот по предлогот. Комисијата за Предлогот за пристапување кон уставни измени...

ДИК: На референдумот гласале 666.743 граѓани од кои 91,46 отсто „за“, а 5,65 „против“

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави официјалните резултати од гласањето на референдумот според кои, од 1.806.336 граѓани запишани на Избирачкиот список гласале 666.743 или 36,91 проценти. Од нив, 609.713 биле „за“ (91,46 проценти), а 37.700 биле против (5,65 отсто). „Одлуката на референдумот не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број на граѓани запишани во Избирачкиотм список“,...

Џафери: Референдумот ќе биде основа за идните процеси во институциите

Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Се надевам дека вердиктот на сувереноста ќе придонесе за подобра иднина на сите граѓани и ќе биде основа за идните процеси кои што не очекуваат во следниот период во институциите на системот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција. - Им честитам на сите граѓани за овој значаен ден на кој...

Кукан: Учеството на младите на референдумот може да биде одлучувачко

Вистинското место каде што треба да се води политичкиот дијалог и да се постигне консензус е Собранието и тој не треба да се ограничи само на политичките партии, туку во него треба да се вклучи граѓанскиот сектор, експерти и други формални или неформални групи. Ова денеска го истакна претседателот на македонското Собрание Талат Џафери на конференцијата „Поттикнување на политички дијалог...

Џафери: Се наоѓаме пред историски момент од кој ќе зависи нашата иднина

Сите ние, и како граѓани, а и како политичари, сме пред еден историски момент, момент од кој зависи нашата сегашност, меѓутоа ќе зависи и нашата иднина, истакна претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери во обраќањето на денешната Конференција на тема „НАТО интеграцијата – предуслов за безбедност и развој“. – Не треба да потсетувам дека пред дваесет и седум...

Џафери – Тачи: Договорот помеѓу Белград и Приштина нема да ги загрози соседите

Во рамките на еднодневната официјална посета на Македонија, претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, се сретна и со претседателот на Собранието, Талат Џафери. „На средбата, претседателот Тачи рече дека Косово, како непосреден сосед, чувствува потреба да изрази поддршка за Македонија. Притоа, тој истакна дека Косово го почитува територијалниот интегритет на Македонија и силно го поддржува нејзиното членство во НАТО. Што се...

Џафери: Пратениците нема да добиваат готовина за кампањата

Пратениците, ниту партиите нема да добиваат пари во готово за водењето кампања за референдумот, рече на прес-конференција претседателот на Собранието, Талат Џафери, ветувајќи дека кампањата ќе се води транспарентно и без дискриминација. Тој појасни дека предвидените 80 милиони денари ќе се префрлаат на медиумите. - Средствата за кампањата се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се...

Столтенберг верува во конечна реализација на Договорот со Грција

На средбата со претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторите на Пратеничките групи во Собранието,  Соња Мираковска, Драган Данев, Ејуп Алими и Африм Гаши, како и претседателот на Комисијата за одбрана и безбедност, Хари Локвенец, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг нагласил оти е свесен дека обврските од Договорот на Македонија со Грција се чувствителни прашања за двете држави,...

Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија

Денеска, во дводневна официјална посета на Македонија, доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи официјални претставници. Столтенберг ќе слета вечерва, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот...

Џафери – Петерсон: ОБСЕ/ОДИХР ќе го набљудува спроведувањето на референдумот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери се сретна со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за референдумот, амбасадорот Јан Петерсен. Џафери изразил задоволство што ОБСЕ/ОДИХР одлучиле да испратат Мисија за набљудување на референдумот на 30 септември и оцениле дека следењето на спроведувањето на референдумот од страна на оваа организација е од исклучителна важност за поттикнување на довербата во референдумскиот процес. „Тој нагласи...

Конгресмените од САД со поддршка на Договорот со Грција и членството во НАТО

Собраниските активности во пресрет на јавната пропаганда за референдумот, надлежностите на Собранието во извршувањето на уставно пропишана надзорна функција и законската регулатива во безбедносниот сектор, со што ќе се обезбеди квалитетен и демократски парламентарен надзор, како и за реформските процеси за забрзана интеграција на државата во НАТО и ЕУ, биле темите за кои се интересирале американските конгресмени на денешната...

Во среда ќе знае кои пратенички групи ќе водат кампања за референдумот

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември. Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група. Кампањата за референдумот се...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...