fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Џафери очекува текстот за уставните измени да е готов до почеток на летото, седница да има до септември

Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува предлог-текстот за измените на Уставот на РСМ да се изготви до почетокот на летото, додека дискусијата за утврдените предлог-измени на Уставот очекува да започне на собраниска седница во септември, пишува Радио Слободна Европа на македонски јазик. На тој начин, вели Џафери, евентуалното донесување на уставните измени би можело да се поклопи со рокот...

Спикерот Џафери со честитка по повод католички Божиќ

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери од име на пратениците и од негово лично име денеска упати честитки по повод големиот христијански празник - Божиќ до сите граѓани католички верници кои го прославуваат празникот по грегоријанскиот календар, информираат од Собранието на РСМ. „Радоста што ја носи Божиќниот празник, неговата моќ на сплотување на семејствата, на соседите, пријателите и соработниците...

Во Собранието отворена изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска ја отвори изложбата за сеќавање на жртвите од Гладоморот во Украина, насловена како „Украина се сеќава, светот признава“, информираат од Собранието на РСМ. На изложбата се претставени информативни материјали за вештачкиот глад организиран од советските власти во Украина во периодот 1932-1933 година, познат како Гладомор. Во своето обраќање пред присутните, претседателот Џафери рече дека изложбата...

Контраспин: Џафери заборава дека треба да е одговорен и пред јавноста

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју во емисијата Вин-Вин повеќе пати во дебата со новинарката употреби реченица која што почнува со „вие можете да мислите што сакате“, или „вие можете да тврдите што сакате“… Ваквиот однос на Џафери, без притоа во најголемиот број случаи да се обиде да појасни каде е тврдењето погрешно или да се обиде да...

Честитки по повод Денот на албанската азбука од Пендаровски, Џафери и Мицкоски

Денеска се одбележува Денот на албанската азбука. По тој повод, честитка до припадниците на албанската етничка заедница во РСМ упатија претседателот Стево Пендаровски, претстедателот на Собранието Талат Џафери, како и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Северна Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. Соживотот е плод...

Украина му додели орден за значајни лични заслуги на претседателот на Собранието Талат Џафери

Претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери вчера во Загреб го прими украинскиот орден за значајни лични заслуги Јарослав Мудриот, информираат од законодавниот дом. Овој орден му се доделува на Џафери за значајните лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. „Во...

Во декември истекува мандатот на уште еден судија, работaта на Уставниот суд ќе биде блокирана

Алармантната состојба со неизбрани судии во Уставниот суд продолжува, при што државата ќе се најде во уставна криза што ќе има за последица од декември да нема услови за одржување на седници и Уставниот суд ќе биде оневозможен да врши контрола на законите и прописите и да ги штити правата и слободите на граѓаните. Вакво предупредување денеска испрати претседателката на...

Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на Уставот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ја отфрли иницијативата за распишување задолжителен референдум за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Република Бугарија, поднесена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во образложението доставено до Мицкоски, претседателот на Собранието вели дека инцијативата не е во согласност со македонскиот Устав и поради тоа иницијативата не е прашање по кое може да се распише...

Во синоќешното дивеење се испокршени стакла на собраниската зграда, оштетена е и фасадата (фото)

Испокршени стакла и оштетена фасада на Собранието на РСМ е епилогот од синоќешните насилни протести што се одржаа пред законодавниот дом. Од Кабинетот на Претседателот на Собранието на РСМ информираат дека законодавниот дом синоќа беше повторно мета на лицата што протестираа, кои со насилно однесување, хулиганство, користење на тврди предмети, изразување на вербални закани и поттикнување омраза кон сите...

Контраспин: Џафери спинува и за пцостите и за нормите од кодексот

Талат Џафери јасно кажува дека не го интересира што мисли јавноста, туку што мисли тој, а тој мисли дека не прекршил ниту една норма кога на службеници грубо им вика „бегај бе“ или „сус“. Сепак и мал поглед врз членовите од собранискиот Кодекс, јасно укажуваат дека го прекршил и најмалку што треба да стори е да им се извини...

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за собранискиот претседател Талат Џафери

Опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација против претседателот на Собранието, Талат Џафери. За ова денеска информираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој вели дека Џафери има диктаторски и непринципиелни методи со кои го води законодавниот дом. „Овој човек нема почит спрема никого, ниту спрема собраниската служба која ја вреѓаше и пцуеше на најбезобразен начин, ниту спрема пратениците за...

Државниот врв со пораки за Први мај, Меѓународниот ден на трудот

Со пораки за почитување на работничките права и труд и обезбедување пристојни работни услови, државниот врв го честиташе Први мај, Меѓународниот ден на трудот. Претседателот Стево Пендаровски во пораката вели дека државата треба постојано да вложува напори за унапредување на правата на сите работници и да се почитува нивното право на достоинствен живот. „Да се бориме за вистинска валоризација на секој...

Џафери во Украина, ги посети и Буча и Ирпин каде беа убиени стотици цивили

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вчера беше во посета на Украина, на официјална покана на неговиот украински колега, претседателот на парламентот на Украина, Руслан Стефанчук, при што имаше средба и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Џафери, беше и во населбата Буча и градот Ирпин, каде руските војски извршија масакр на стотици цивили во текот на нивната окупација, соопшти Собранието...

Џафери: Не само од воен аспект, туку и од економски, последиците ќе се одразат врз регионот и пошироко

Колку и да ни се чини географски далеку, Украина не е далеку и последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст, изјави денес на прес-конференција претседателот на Собранието Талат Џафери. Тој потсети дека ставот што неговата матична партија ДУИ го имала за време на...

Премиерот Заев ја поднесе оставката до Собранието

Премиерот Зоран Заев до собранискиот спикер Талат Џафери ја достави оставката од функцијата претседател на Владата на РСМ, поради исходот од локалните избори и преземената одговорност за изборните резултати. „Со мојата оставка со која ја преземам одговорноста сакам да оставам пример за да се препознаваат доблесните одлуки кога тоа е неопходно и со тоа да дадам уште еден придонес во...

Џафери им го честиташе Денот на албанското знаме на припадниците на албанската заедница

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на припадниците на албанската заедница им го честиташе албанскиот национален празник 28 Ноември - Денот на знамето „со искрени желби за бескрајни успеси и напредок на Албанците каде и да се“. „Би сакал овој Ноември да не нè најдеше со олку трогателни вести кои доаѓаа од сите страни и прославувањето да...

Џафери ја затвори собраниската седница поради немање кворум, на владата не ѝ е изгласана недоверба

На 15 минути пред полноќ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, пред членовите на владиниот кабинет, премиерот Зоран Заев и министрите, ја затвори седницата на која требаше да се гласа за доверба на владата. Во салата не беа присутни пратениците. Како што посочи Џафери, Собранието немаше кворум за да го изгласа дневниот ред на пленарната седница на која единствена точка требаше...

(ФОТО) Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во скафандер во Собрание, пред седум месеци критикуваа за истата работа

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, кој е и координатор на пратеничката група и Ангелинка Петкова денеска во скафандери дојдоа во Собранието на РСМ за да учествуваат на седницата на која треба да се гласа недоверба на актуелната влада. Бидејќи и двајцата се позитивни на ковид-19 и се во изолација, под посебни протоколи е дозволено нивното присуство во парламентарниот дом. Пред...

Седницата за гласање на доверба на Владата e закажана за во четврток

На 11 ноември (четврток) ќе се одржи собраниската седница за гласање на доверба на Владата, соопштија денеска од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Барањето за гласање за доверба на Владата на Република Северна Македонија е доставено и истото е архивирана од надлежните служби. „Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, согласно член 215 став 2 од Деловникот...

Охридскиот договор „наполни“ 20 години – одбележувањето помина без преживеаните потписници

Со конференцијата „…По Охрид“, која во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија, се одржа денеска во Скопје, се одбележа 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. На конференцијата говореа претседателот Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Зоран Заев како и лидерот...

Мета факт: Го нема ветениот нов електронски дневник, наставниците го користат стариот

Одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) најавија дека од минатиот септември, односно од учебната 2023/2024 година, ќе биде пуштен во употреба нов електронски дневник, со кој требаше...