fbpx
Таг: Талат Џафери

таг: Талат Џафери

Џафери – Главчев: Договорот за добрососедство е почеток на новата историја меѓу двете земји

Со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија почнува новата историја во односите меѓу двете земји, оценија денеска во Скопје претседателот на Собранието, Талат Џафери, и неговиот бугарски колега, Димитар Главчев. Џафери, како што соопштија од неговиот кабинет, се заблагодарил за поддршката што Бугарија ѝ ја дава на Македонија и за нејзините аспирации за членство во НАТО...

Претседателот на бугарското собрание денеска во посета на Македонија

Претседателот на 44. Народно собрание на Република Бугарија, Димитар Главчев, денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија. Главчев, во рамки на посетата, во 11 часот ќе се сретне со претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери.

Џафери: Расправата за Зврлевски ќе продолжи, а пратениците нека си бараат друго мислење

На седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара еден час пауза за да состави писмо до Државната комисија за спречување на корупција, за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата бидејќи се распишани локалните избори. Тој смета дека во согласност со членот 8а од Изборниот законик, од денот на донесувањето на...

Димовски побара седницата за Зврлевски да продолжи во октомври, Џафери не гледа зошто

На шестата пленарна седница, на која почна расправата за владиниот предлог за разрешување на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, веднаш побара седницата да биде прекината и да продолжи по одржувањето на локалните избори, на 15 октомври. - Во согласност со членот 8а од Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на...

Џафери ги распиша локалните избори и порача сите учесници да ги почитуваат законите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Џафери апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и со законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат,...

Претседателот на Собранието, Џафери денеска ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска напладне, ќе потпише решение за распишување избори за членови на советите на општините и на советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје, информираат од кабинетот на собранискиот спикер. По потпишувањето, предвидено е претседателот Џафери да даде изјава. Локалните избори треба да се одржат на...

Џафери ќе ги распише локалните избори утре во 12 часот во Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, утре ќе ги распише локалните избори, кои треба да се одржат на 15 октомври, информираат од кабинетот на претседателот. „Претседателот на Собранието, Талат Џафери, в недела, на 6 август, во 12 часот ќе потпише решение за распишување избори за членови на советите на општините и на советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за...

Расправата за ребалансот на буџетот продолжува утре

По низа реплики и контрареплики на пратеници од власта и од опозицијата, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина 11. седница и го закажа следното продолжение за утре во 11 часот. Дискусијата на денешното продолжение на седницата се сведе на тоа што направила и не направила претходната власт, а што сегашната ветила и треба да оствари. Во репликите предничеше Панчо Минов,...

Џафери: Имаме заедничка татковина и одговорни сме да ја зачуваме и да ја развиваме

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во своето обраќање на Мечкин камен во Крушево по повод Денот на републиката, рече дека во овие 26 години државата поминала низ повеќе премрежиња и кризи, но духот на заедништво и на соживот не е нарушен. Тој рече дека темелите на тој соживот постојат и во Крушeвскиот манифест. - Ние имаме една заедничка татковина и...

Џафери и Борисов разговарале за можностите што ги отвора Договорот за добрососедство

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата и со Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска се сретнал со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, во која се и пратениците од Народното собрание на Бугарија,...

Милошоски: Можни се спонтани или намерни инциденти утре на Мечкин камен

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ денеска на Мечкин камен во Крушево положи цвеќе и се поклони пред споменикот на илинденците, несакајќи тоа да го стори утре, при официјалната прослава, бидејќи, како што рече Антонио Милошоски, не сака да дава легитимитет на „нелегално избрани функционери“. На официјалната прослава на Мечкин камен утре треба да се обрати претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери,...

Џафери го критикуваше Тунтев, пратениците изгласаа казни за препродажба на билети

Во десетината минути од продолжението на 10. собраниска седница попладнево, на која единствена точка беше измената на Кривичниот законик со која станува кривично дело препродажбата на билети за спортски и за културни манифестации, во Собранието пред 17 часот повторно имаше мала препирка, па интервенираше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, заканувајќи му се на Томислав Тунтев дека ако го троши...

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за злоупотреба на деловникот, СДСМ велат опозицијата блокира

Собранието ќе ја продолжи осмата седница по паузата за ручек, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина петтата седница за извештајот на Агенцијата за администрација. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ велат дека претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Лилјана Кузмановска, не го потпишала извештајот од расправата за ребалансот на буџетот и побараа пауза и информација за тоа кој, како што...

Димовски побара еден час пауза на почетокот на продолжението на петтата седница

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа еден час пауза на почетокот на продолжението на петтата седница во Собранието. Тие побараа информација од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги извести за тоа кој синоќа го потпишал извештајот од амандманската расправа за ребалансот на буџетот на Комисијата за финансирање и буџет бидејќи тоа не го сторила претседателката Лилјана Кузмановска, како што е пропишано...

Џафери: Утре ќе закажам седница за разрешување на Зврлевски

Продолжениетo на седницата за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата републички јавен обвинител, ќе биде закажано утре, соопшти денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на прес-конференција на која даваше отчет за првите 100 дена од неговиот мандат. - Според деловникот, кога заседава Комисијата за финансирање и буџет, не може да има пленарна седница затоа што седниците од Комисијата се емитуваат во...

ДУИ очекува дека по локалните избори ќе раководи со општините во кои и сега е на власт

Очекуваме дека кадрите на ДУИ и по локалните избори ќе раководат со општините во кои и денес се власт, изјави денеска во Собранието, Реџаил Исмаили од ДУИ. Тој додаде дека во партијата ги направиле сите неопходни подготовки за локалните избори во октомври. Исмаили очекува претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ги распише изборите на 6 август за тие да се одржат на...

Ако се оди според планот, на 6 август Џафери ќе ги распише локалните избори

Локалните избори ќе бидат распишани на 6 август ако нема промени во планот тие да се одржат на 15 октомври, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за државната новинска агенција МИА. - Ако вака останат работите, 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос...

Заев – Илдем: Охрабрувачка порака за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев попладнево се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Таџан Илдем, придружуван од шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија, Горазд Бартол. Високиот претставник на НАТО пренел охрабрувачка и поддржувачка порака од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, до премиерот Заев и до новата влада. „За краток период направен е напредок...

Собранието заседаваше до 3.30 часот, продолжува денеска

Маратонската осма седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13 часот, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, синоќа прогласи постојано заседание на парламентот. Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си реплицираа едни на други, што, според Џафери е „некоректно и ја забавува...

Завршната сметка на буџетот во сенката на дуелот Џафери – Тевдовски

Откако во попладневното продолжение по паузата Собранието ја забрза работата експресно изгласувајќи ги, без гласови против, претседателите и членовите, како и нивните заменици, на комисиите на Собранието и составот на делегациите на Собранието, почна расправата за завршната предлог-сметка на буџетот на Република Македонија за 2016 година. Неа ја образложи министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој го надмина времето од 15...

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури

Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може...