fbpx
Таг: таксисти

таг: таксисти

Ковид кризата силно го погоди и такси превозот, лани повеќе од тројно намален бројот на патници

Пандемијата на ковид-19 што ја зафати земјава силно го погоди и такси превозот. Граѓаните помалку користат такси превоз за време на корона кризата, што се одрази и на бројките на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), лани во земјава биле превезени 11.083.000 патници. Односно, таксистите од целата земја превезле 10.404.000 патници во градскиот превоз, додека...

Од идната недела ќе се тестираат таксисти, воспитувачи, шалтерски работници

Центарот за јавно здравје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација. „Со скринингот ќе се овозможи...

„Вечерњи“ (дез)информира, а читателите го поправаат за животот во Македонија

На сајтот на хрватскиот медиум „Вечерњи лист“ пред два дена се појави репортажа за Македонија, во која може да се најдат и сомнителни и непоткрепени информации кои водат кон дезинформирање на читателската публика.  Иако целата репортажа е правена да изгледа избалансирано, убедливо и живо, преку пренесување епизодни случки и епизодни разговори со случајно одбрани лица (на пример таксист, па некој соговорник во Битола кој тврди дека има...

За седум години двојно намален бројот на патници во меѓуградскиот превоз (инфографик)

Со зголемувањето на бројот на автомобили и рапидниот раст на дивите таксисти, македонските граѓани сè поретко патуваат со автобус меѓу градовите. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во меѓуградскиот автобуски превоз е двојно намален во изминативе седум години. Во 2012 година, со автобуси меѓу македонските градови биле превезени над 15 милиони патници,...

Разрешен директорот на Агенцијата за туризaм кој патуваше со бизнис-класа

Преку видео-обраќање на Твитер, портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, пренесе некои од одлуките донесени на денешната 52-ра седница на Владата на Република Македонија, меѓу кои и разрешувањето на Александар Донев, директор на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.   Видео обраќање по завршувањето на 52-рата #седница на @VladaMK. pic.twitter.com/YZr7q2ikoi — Миле Бошњаковски (@portparolVRM) January 30, 2018 Донев предизвика бројни реакции во јавноста...

Таксистите бараат законите да се прилагодат на реалните состојби со такси-превозот

Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнале со претставници на Асоцијацијата на такси-превозници. Претставниците на асоцијацијата, во името на 53 такси-компании од Македонија, ги кажале проблемите со кои се соочуваат во својата работа и побарале измени во постојната законска регулатива и нејзино прилагодување на реалните состојби во такси-превозот. Заев...

Времено прекинат протестот на таксистите во Гевгелија

Таксистите и приватните автобуски превозници од општина Гевгелија, го ставија во мирување протестот со кој бараа да бидат вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце и од денеска нема да го блокираат граничниот премин „Богородица“, соопштија утрово од здружението на таксистите. – Сакаме да дадеме свој придонес во справувањето на безбедносните сили со бегалската криза и затоа одлучивме...

Гевгелиските таксисти и денеска два часа ќе ја блокираат границата

И денеска продолжува блокадата од гевгелиските таксисти и од приватните автобуски превозници на граничниот премин Богородица. Блокадата за влез и за излез од земјата почна во 10 часот, а ќе трае до 12 часот. Превозниците сè уште немаат одговор на нивното барање да се вклучат во превозот на бегалците од јужната кон северната граница. ­ „Ни беше ветено од надлежните дека до...

Нормализиран сообраќајот на преминот Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Богородица од македонската страна на границата повторно е нормализиран откако заврши протестот на такси-превозниците, соопшти Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Такси-превозниците и возачите на автобуси веќе неколку дена во период од 10 до 12 часот ја блокираат границата поради тоа што не се вклучени во транспортот на бегалците и на мигрантите од граничниот премин Богородица до преминот...

Блокиран граничниот премин Богородица

Такси-превозници и автобуси утринава во 10 часот го блокираа граничниот премин Богородица. Како што соопштија на Автомото-сојузот на Македонија, поради блокадата, оневозможен е влез и излез од Македонија кон Грција. Граничниот премин Богородица, исто како и претходните денови, ќе биде блокиран до 12 часот. Таксистите и автопревозниците протестираат бидејќи не се вклучени во превозот на мигрантите од Гевгелија до Табановце.

Таксистите од Гевгелија повторно ќе ги блокираат границата и градот

Автобуските и такси-превозниците денеска напладне повторно ќе го блокираат граничниот премин Богородица. Протестот на превозниците ќе трае два часа. Возачите на автобусите и такси-компаниите бараат да бидат вклучени во превозот на мигранти според неодамна постигнатиот договор. Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот. Причина за протестот е што изминативе неколку...

Таксистите од Гевгелија ги блокираа границата и градот

Околу 250 автобуски и такси-превозници од Гевгелија напладне почнаа двочасовна блокада на граничниот премин Богородица. Тие бараат да бидат вклучени во превозот на мигрантите според неодамна постигнатиот договор. Освен блокадата на сообраќајот во двете насоки на граничниот премин, тие еден час ќе го попречуваат и пристапот до градот. Причина за протестот е што изминативе два дена не се почитува договорот за рамноправен превоз на...

МВР: Немаше судир меѓу полицијата и таксистите во Гевгелија

Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат информациите дека вчера имало судир меѓу полицајците што ја обезбедувале пругата и таксистите кои протестираа во Гевгелија. Од МВР велат дека на еден од таксистите му се слошило, но не поради тоа што врз него била употрбена сила, туку поради тоа што имал хронично заболување. Тој се онесвестил и бил пренесен во болница.  

Тензично во Гевгелија, таксистите ја блокираа пругата

Двајца таксисти се повредени, а состојбата е тензична, откако вечерва таксистите повторно ја блокираа пругата кај Гевгелија, пренесе „Нова ТВ“. Тие се револтирани бидејќи „Македонски железници“, но и институциите го прекршиле договорот и возот повторно сообраќа и превезува бегалци преку ден. Според информациите од терен, еден таксист е повреден од туркањето во метежот, а еден бил тепан од специјалните полициски...

Гевгелиски таксисти ја блокираа пругата поради забраната да превезуваат мигранти

Здружението на лиценцирани такси-превозници „Авто-таксисти“ од Гевгелија, утрово, во 10 часот, почнало протест поради забраната да се превезуваат мигранти од Гевгелија до Куманово, информира Министерството за внатрешни работи. Членови на здружението, со своите такси-возила и со жив штит, ја блокирале железничката пруга кај железничкиот мост на Сува река. Како што информираат од МВР, таксистите ги блокираат возовите што се упатуваат до Прифатниот...

Tаксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски јазик

Министерството за транспорт и врски информира дека утре истекува рокот во кој таксистите можат да се пријават за полагање на испитот за англиски јазик. Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта, [email protected], или во архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата, која може да се најде на веб-страницата на Министерството, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не...

Продолжен рокот за полагање англиски јазик за таксистите

Рокот за пријавување за полагање на испитот за англиски јазикза за сите такси-возачи да добијат сертификат за познавање англиски јазик, се продолжува до 30 април 2015 година, информираат од Министерството за транспорт и врски. Пријавувањето на кандидатите ќе се врши на електронска пошта [email protected]. Имено, во согласност со Законот за патен сообраќај, сите автотакси-возачи мора да поседуваат сертификат за познавање основен...

Таксисти се обиделе да се самоубијат во Пекинг

Триесетина таксисти од Пекинг се обиделе да се самоубијат пиејќи отров во знак на протест поради новите владини мерки за такси-превозниците. Како што јавуваат кинеските медиуми, таксистите се пронајдени онесвестени на паркиралиште пред трговски центар во Пекинг. На некои од нив, кои се затруле се пестициди, од уста им излегувала пена. Ниту еден од затруените не е во животна опасност.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...