Таксист загинал во судир со камион на патот Градско – Прилеп


Кавадарци, 28 февруари, 2018 - 14:39 (META) 

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила денеска во 10.10 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, загинал таксист кој управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички.

Како што извести полицијата, се судриле „волво“ камион со приколка управуван од Ј.Г.(30) од Велес и такси возилото со кое управувал К.Л.(35) од Скопје. Таксистот го загубил животот веднаш, додека сопатничките во возилото, М.И.(64) и А.И.(31), двете од Битола, биле повредени и биле пренесени во болницата во Кавадарци. По укажаната прва помош се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Возачот на камионот и неговиот сопатник не биле повредени.


Двајца загинати во сообраќајка на булеварот Партизански одреди во Карпош


Скопје, 15 јуни, 2016 - 11:26 (META) 

Две лица ги загубиле животите во сообраќајна несреќа што утринава, околу 3.30 часот, се случила на булеварот Партизански одреди во населбата Карпош.

Несреќата се случила кога такси-возило, марка „мерцедес“, од засега непознати причини, излетало од коловозот, а потоа првин удрило во жардињера, па во дрворедот на булеварот.

Во несреќата на самото место починале возачот на такси-возилото, 35-годишниот А.В., и 37-годишната С.К. од Скопје.

Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на несреќата, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите се дадени за обдукција.


Полицијата трага по 78-годишен жител на Росоман, пријавен за исчезнат


Кавадарци, 18 февруари, 2016 - 13:13 (META) 

Жителка на Росоман, вчера во полициската станица во Кавадарци го пријавила за исчезнат својот 78-годишен свекор Б.А., кој пред четири дена со такси-возило заминал кон болницата во Велес и оттогаш му се губи секаква трага.

Според досегашните сознанија на полицијата, во Градско, Б.А., на свое барање, се симнал од возилото и му кажал на таксистот дека ќе оди на гости во Градско, кај неговата внука. Оттогаш му се губи трагата.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за пронаѓање на лицето.