fbpx
Таг: Тајван

таг: Тајван

САД одобри 61 милијарда долари за воена помош за Украина

Претставничкиот дом изгласа мерка со која одобри милијарди долари за воена помош за Украина, Израел и земји во југоисточна Азија, вклучувајќи го Тајван, пренесува Би-би-си. Мерката вклучува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди долари за Израел, од кои 9 милијарди ќе се искористат за хуманитарна помош за Газа, и 8,1 милијарди за југоисточна Азија за „спротивставување на комунистичката Кина“. Украинскиот...

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците. Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“. На денешното гласање, сенаторите со 70 гласови „за“ и 29 „против“ го...

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да се зголемат тензиите меѓу двете...

Жителите на Тајван утре гласаат на клучни претседателски избори

Во услови на заострени тензии меѓу Тајван и Кина во изминатиов период, тајванските избирачи утре гласаат на клучни претседателски избори, јавува Си-ен-ен. Изборите се одржуваат во услови кога Кина го зголеми своето воено присуство во Тајванскиот Теснец и Јужното Кинеско Море, и покрај предупредувањата што ги доби од меѓународната заедница. Тајванските гласачи ќе треба да изберат нов лидер кој ќе...

Зеленски го откажа брифингот во американскиот Сенат поради финансиската помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го откажа брифингот со пратениците од американскиот Сенат поради ќорсокакот околу идната финансиска помош на САД за Украина, пишува Би-би-си. Виртуелните настапи во американскиот Сенат и Претставничкиот дом беа закажани за вторникот, но беа откажани во последен момент. Тоа дојде откако висок украински функционер предупреди дека се во опасност да ја изгубат војната против Русија доколку не...

Бајден – Шји: САД и Кина ја обновуваат воената комуникација

Американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот претседател Шји Џјинпинг имаа лична средба за прв пат по повеќе од една година. Тие се сретнаа на еден имот во близина на Сан Франциско и неформално се поздравија, јави Дојче Веле. Уште на почетокот Бајден повикал односите помеѓу Кина и САД да се уредуваат одговорно. Натпреварот меѓу двете земји, според него, не смее...

Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски имаше премиера во Тајван

Филмот „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски ја доживеа и својата премиера во Тајван, каде што се прикажува вон конкуренција на Филмскиот фестивaл „Златен коњ“ (Golden Horse) во Тајпеј. Вчера и завчера имаше две преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер. Ова следеше по сесиите разговори со публиката, која ја пофали приказната и кажа дека постојано...

Вистиномер: Не е точно дека Кина ги прекинала дипломатските односи со САД

Во постот е споделен текст со сензационалистички и манипулативен клик-бејт наслов, којшто ги измамува читателите да донесат погрешен заклучок. Од насловот на текстот се добива впечаток дека односите помеѓу Кина и САД се толку лоши што тие прекинале секаква комуникација, што не е точно. И покрај напнатата атмосфера што владее помеѓу овие две велесили изминатиот период, дипломатските односи  иако...

Кина почна огромна воена вежба околу островот Тајван

Во 4 часот по Гриничко време, Кина ја почна огромната воена вежба во водите околу Тајван, во некои случаи и преминувајќи ја водената граница меѓу двете држави. Со маневрите што ќе траат до недела и предупредувањата од Кина да не се врши воден и воздушен транспорт во зоните каде се одвива вежбата практично значи дека островската земја е речиси...

Ненси Пелоси во посета на Тајван, Кина започна воени вежби во близина на островот

Ненси Пелоси, претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот во САД, вчера пристигна во Тајван, при што светските медиуми пишуваат дека посетата може да ја заостри тензијата меѓу Пекинг и Вашингтон. Кина започна воени вежби во близина на островот, а посетата на Пелоси на Тајван, официјален Пекинг ја оцени како „екстремно опасна“. Пелоси и останатите членови од американската делегација се симнаа...

Измамени Тајванци работеле како робови во Бардовци, вршеле телефонски измами за „газдите“

Секторот за меѓународна полициска соработка, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Национална единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и Одделот за криминалистичка полиција од МВР разбиле криминална група од Тајван што вршела телекомуникациски измами и трудова експлоатација на државјани на Тајван, при што се приведени девет лица-државјани на Тајван, соопшти македонското МВР. Групата со измама наведувала Тајванци „на...

Кина има право на поморски вежби во меѓународни води, смета Вашингтон

САД соопштија дека Кина има право да ги користи меѓународните води, откако кинески носач на авиони помина покрај границата на Тајван и влезе во Јужното Кинеско Море. Портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер, изјави дека САД ја сметаат за законска употребата на морето и оти истите права на тоа ги имаат САД, Кина и други земји. - Тоа е слободна пловидба...

Кина сака соработка со Трамп

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, изјави дека единствен начин на одржување стабилни односи меѓу Кина и САД е меѓусебно почитување врз основа на заедничките интереси. Спротивното, како што наведува, може да доведе до „нови компликации“ во тие односи. Кинеските власти неколкупати изразија сериозна загриженост по изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека САД ќе имаат...

Трамп телефонски разговарал со претседателката на Тајван, остри реакции од Кина

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја прекина децениската традиција така што директно телефонски разговарал со претседателката на Тајван, Цај Инг-вен, што предизвика остри реакции од Кина, пренесуваат светските агенции. Од Вашингтон соопштија дека Трамп и Цај Инг-вен во текот на разговорот ги истакнале „посебните врски меѓу Вашингтон и Тајпеј во областа на економијата, политиката и на безбедноста“ и си размениле...

Бомба експлодира во воз во Тајван – 25 повредени

Дваесет и пет лица се повредени откако бомба експлодирала во воз во Тајван, соопшти полицијата. Бомбата била рачно изработена, а експлозијата не се поврзува со тероризам. Премиерот Лин Чуан оцени дека експлозијата е „намерен и малициозен“ чин. Властите трагаат по маж во црна облека, на возраст од околу 40 години, кого очевидците го забележале неколку минути пред експлозијата. Направата, челична цевка долга 47 сантиметри,...

Шестмина загинати во пожар во дом за стари лица во Тајван

Шест лица загинаа, а 28 се повредени во пожар што утринава избил во дом за стари лица во тајванскиот град Њу Тајпеј. Како што јавуваат локалните медиуми, пожарот бргу се проширил низ целиот дом, а евакуацијата се одвивала отежнато бидејќи голем дел од жителите на домот биле неподвижни или во инвалидска количка. Загинатите биле сместени на последниот, осми кат на зградата.

Тајван: Бројот на загинатите во земјотресот се искачи на 113

Бројот на загинатите во минатонеделниот земјотрес на југот на Тајван порасна на 113, соопштија денеска локалните власти. Министерството за внатрешни работи на Тајван издаде соопштение во кое се наведува дека вчера и денеска, спасувачите извлекле поголем број тела од урнатините на станбениот комплекс „Златен змеј“ во Тајнан, најстариот град во Тајван. Четири лица и понатаму се водат за исчезнати, јавува „Раша...

Тајван: Под урнатините има повеќе од 100 лица

Две лица се извлечени живи од урнатини на зграда која пред два дена се урна при земјотресот во тајванскиот град Тајнан. Спасувачите најпрво извлекле жена која лежела под телото на својот сопруг, јавува „Би-Би-Си“, додавајќи дека нејзиниот двегодишен син е пронајден мртов покрај неа. Нешто подоцна, извлечен е и маж, наведуваат локални медиуми. Најмалку 35 лица загинаа во силниот земјотрес со јачина...

По земјотресот во Тајван сè уште се трага по преживеани

По вчерашниот силен земјотрес на југот од Тајван, спасувачите денеска се обидуваат од урнатините на една 17-катница да ослободат повеќе од сто лица. Во земјотресот загинаа најмалку 19 лица, меѓу кои и едно 10 дена старо девојче и уште две деца. Спасувачите велат дека 124 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои 103 се многу длабоко затрупани во урнатините...

Најмалку седум загинати во земјотрес во Тајван

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди јужниот дел на Тајван, загинаа најмалку седум луѓе, меѓу кои две деца. Земјотресот предизвика уривање на најмалкуи четири згради, од кои една од 17 ката. Околу 230 луѓе се спасени од урнатините, додека 380 лица се повредени во земјотресот. Сè уште се трага по 26 луѓе. Силниот земјотрес бил со интензитет од 6,4 степени според...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...