fbpx
Таг: тајфун

таг: тајфун

Единаесет загинати во Пекинг, четврти ден обилни дождови го преплавуваат градот

Единаесет лица загинаа поради обилните врнежи во Пекинг, пренесува „Гардијан“ повикувајќи се на кинески државни медиуми. Немилосрдните дождови во главниот кинески град продолжуваат веќе четврти ден. Уште 27 лица се водат како исчезнати до овој момент, објави државната кинеска телевизија „CCTV“, откако тајфунот Доксури донесе непрекинати врнежи и поплави во северниот дел на Кина. Водостојот на реките достигна опасни нивоа, што...

Тајфунот во Јапонија одзеде 70 животи, се трага по 12 лица

Спасувачите во Јапонија и денеска работат со крајни залагања, трагајќи по 12 лица што уште се водат како исчезнати по ударот на тајфунот во саботата. Последиците по градбите и инфраструктурата се огромни, а досега е потврдена смртта на речиси 70 лица. Силните ветришта и обилните врнежи од дожд што ги донесе тајфунот предизвика бројни поплави и лизгања на земјиштето. Хагибис во...

Тајфунот Демри усмрти 44 лица во Виетнам

Силниот тајфун што го погоди Виетнам однесе најмалку 44 животи и предизвика голема материјална штета долж јужниот и централниот брег на оваа азиска земја. Властите наведуваат дека 19 лица се водат како исчезнати по налетот на тајфунот Демри во саботата, вклучувајќи и деветчлен екипаж на товарен брод кој потонал кај покраината Нањ Хоа. Повеќе од 116.000 куќи се урнати или оштетени откако...

Тројца загинати во тајфун во Јапонија

Најмалку три лица загинаа во тајфунот Лан, кој вчера ја погоди Јапонија, јавија локалните медиуми. Јавниот сервис НХК јавува дека најмалку две лица се потешко повредени, едно се води како исчезнато, а околу 90 добиле полесни повреди. Властите наредија евакуација на околу 80.000 лица во Коријама, град кој се наоѓа северно од Токио, поради поплавите и свлечиштата предизвикани од тајфунот. Јапонскиот премиер...

Во налет на тајфун во Јапонија повредени 51 лице

Најмалку 51 лице е повредено во Јапонија во налетот на тајфунот Нора, проследен со обилен дожд кој предизвикал поплави. Тајфунот ги погодил западните делови на земјата, проследен со ветер кој достигнал брзина и до 108 километри на час. Метеоролозите истакнуваат дека тајфунот се поместува накај североисток. Јапонската телевизиска станица НХК известува дека 51 лице се повредени, како и дека многу куќи и...

Тајфунот на Филипини усмрти четири лица

Силен тајфун кој синоќа погоди делови од Филипини, усмртувајќи четири лица и уништувајќи многу куќи, денеска слабее, но ударите на ветерот сè уште се силни, соопштија властите. Просечната брзина на тајфунот Нок-Тен се движела околу 185 километри на час, а во провинцијата достигнал брзина од 255 километри на час и предизвикал прекин во снабдувањето со електрична енергија и на комуникациските мрежи. Тајфунот...

Тајфун го погоди северот на Јапонија, 11 лица загинаа, а 17 исчезнаа

Најмалку 11 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати откако тајфун го погоди северот на Јапонија, притоа отсекувајќи 1.600 лица во зафатените подрачја, соопштија денеска локалните власти. Тајфунот бил со брзина поголема од 160 километри на час и го погодил северниот дел на јапонското крајбрежје на Пацификот. Невремето блокирало патишта и мостови, а биле отсечени и одредени места, наведуваат локалните...

Тајфунот Лајонрок усмрти 11 лица во Јапонија

Најмалку единаесет лица загинаа во поплавите предизвикани од тајфунот Лајонрок во Ивајзуми, во перфектурата Ивата, на северот на Јапонија. Локалниот претставник Такехиро Хајашиџири изјави дека девет од починатите биле лица од старечки дом, кои биле пронајдени во поплавената населба. Локалните медиуми наведуваат дека во старечкиот дом биле сместени пациенти кои боледуваат од деменција. Јапонската телевизиска станица НХК јави дека властите пронашле уште...

Тајфунот Миндул предизвика хаос во Токио

Поројните дождови ја потопија јапонската престолнина Токио, откако тајфунот Миндул донесе поплави поради кои запрен е железничкиот сообраќај, а поради силните ветрови се откажани стотина летови. Тајфунот од категорија еден, која е најниска на скалата на бури, за еден час успеал во некои делови на Токио да донесе дожд поради кој нивото на водата по улиците надминало и 10 сантиметри. Локалните медиуми јавуваат...

Евакуирани 750.000 лица на Филипини поради невреме

Стотици илјади лица денеска се евакуирани од централниот дел на Филипини поради налет на тајфун, чии ветрови достигнуваат брзина од 150 километри на час. Околу 40 летови во земјата се откажани, додека на 73 траекти и стотина рибарски бродови им е наложено да не испловуваат по ударот на тајфунот Мелор во селото Батаг, на северниот дел на островот Самар. Властите досега...

Кина: 19 загинати и 223 повредени во тајфунот Муџигеј

Деветнаесет лица загинаа, а 223 се повредени во тајфунот Муџигеј, кој во текот на викендов го погоди јужниот дел на Кина, јави државната новинска агенција „Синхуа“. Тајфунот Муџигеј ги погоди југоисточната кинеска покраина Гуангдунг и соседната автономна област Гауангси, предизвикувајќи прекин во снабдувањето со електрична енергија, прекин на железничкиот сообраќај и откажување на бројни летови. Неколку десетини илјади лица се евакуирани, а...

Тајван: Супертајфун усмрти две лица

Две лица загинаа, а околу 300 се повредени во налетот на супертајфунот Дујуан, кој денеска го погоди источниот брег на Кина. Како што јавуваат тајванските медиуми, бурата која беснеела во текот на ноќта во северниот дел на островот, оставила половина милион луѓе без електрична енергијa, а две лица загинале. Во меѓувреме, кинеските медиуми јавуваат дека тајфунот, кој утрово ја погоди кинеската...

Тајфунот Суделор го погоди Тајван, четири лица настрадаа

Тајфунот Суделор го погоди денеска Тајван, уривајќи дрвја, далекуводи и семафори. При неговиот налет, најмалку четири лица се починати, а десетина се повредени. Тајфунот го погоди крајбрежјето на Тајван рано утринава, а се очекува дека до вечер ќе се приближи до Тајландското Море и до копнениот дел на Кина. Силниот ветар, проследен со обилни врнежи, остави без струја два милиони домаќинства, пренесува...

Тајфунот Ноул ја погоди Јапонија

Силен тајфун денеска го погоди југот на Јапонија откако ги зафати Филипини, каде во невремето загинаа две лица. Тајфунот Ноул попладнево, по локално време, бил над Јакушима и кај брегот на јужниот брег на Кјушу, околу 1.600 километри југозападно од Токио, соопшти јапонската метеоролошка служба. Се очекува невремето да стигне до островот Хоншу, главниот остров во архипелагот, во текот на денов...

На Филипини поради тајфун евакуирани 24.000 луѓе

Поради тајфунот Мајсак, како мерка на претпазливост, денеска се евакуирани околу 24.000 граѓани на Филипини. „Планираме да ги евакуираме граѓаните од селата кои се покрај брегот“, истакна Најџел Лонток од Цивилната заштита. Силни ветрови, поплави и лизгање на земјиштето се потенцијална закана која со себе ја носи тајфунот Мајсак, кој, во меѓувреме, е ослабнат и дува со брзина од 160 километри...

Најмалку 21 лице загинаа во тајфунот на Филипини

Најмалку 21 лицe ги загубиле животите на Филипини во налетот на тајфунот „Хагупит“, чиј интензитет е ослабен и премина во тропска бура. Најмногу погоден е источниот остров Самар. Тајфунот предизвикал голема материјална штета, а околу еден милион луѓе биле евакуирани. Најголема штета е предизвикана во градот Боронган, каде околу 2.500 куќи се целосно или делумно оштетени. Ветерот денеска достигнал...

Филипини: Милион лица евакуирани поради тајфунот „Хагупит“

Околу милион Филипинци бараат засолништа во црквите, училиштата и во другите привремени центри за евакуација поради тајфунот „Хагупит“ (Руби) кој се приближува кон земјата. Тајфунот, кој се проценува дека ќе биде најсилниот што годинава го зафатил овој архипелаг во Југоисточна Азија, ќе погоди повеќе од половина од населението, вклучувајќи ги и заедниците кои минатата година беа уништени во супертајфунот „Хајан“. Ahead...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...