fbpx
Таг: Табановце

таг: Табановце

Тргна хуманитарната помош од Бугарија за бегалците во Македонија

Изутринава од Софија, два камиона со хуманитарна помош за бегалците и за мигрантите во транзитниот центар Табановце, крај Куманово, тргна кон Македонија, стои на веб-страницата на Владата на Бугарија. Донацијата е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се прави во соработка со бугарскиот Црвен крст и со бугарски компании кои доброволно обезбедиле прехранбени продукти и минерална вода. Ова е...

Ременски: Во Табановце има над 1.400 мигранти, повеќе од капацитетот на кампот

Во транзитниот камп во Табановце во моментов се наоѓаат повеќе од 1.400 мигранти, така што се надминати капацитетите на кампот, поради што дел од луѓето се сместени во него, а дел се наоѓаат на граничниот камен, изјави министерката за труд и социјална политика, Фросина Ремески, при денешната посета на прифатниот центар во близина на Куманово. Поради ваквата состојба, рече Ременски, ќе бидат преземени...

Повеќе од 1.000 мигранти заглавени на Табановце, сите очи вперени кон самитот во Брисел

Повеќе од 1.000 мигранти од Сирија и од Ирак во моментов се заглавени кај Табановце, на македонско-српската граница, бидејќи српските власти одбиваат да ги пропуштат и да им дозволат транзит понатаму по балканската рута, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во меѓувреме на јужната граница, според информации од грчка страна, воведени се дополнителни ограничувања за сириските државјани, односно...

Во Прешево сместени 500 мигранти вратени од Хрватска

Хрватска вратила околу 500 мигранти, кои во моментов се наоѓаат во прифатниот камп во Прешево, додека кај Табановце, од македонската страна на границата, има неколку стотини бегалци, изјави директорот на српскиот Центар за заштита и за помош на баратели на азил, Радош Ѓуровиќ, во ТВ-дневникот на РТС. Според Ѓуровиќ, засега не се наѕира решение за мигрантската криза, а ситуацијата ќе...

Управувачкиот комитет ќе одлучува за бегалците заглавени на Табановце

Управувачкиот комитет за справување со мигрантската криза денеска попладне по 18 часот треба да одржи состанок, на кој ќе се расправа за ситуацијата со бегалците што се заглавени на Табановце, потврди за „Мета“ портпаролката на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Надица Вчкова. - Средбата треба да биде некаде по 18 часот, но терминот кога ќе почне, сè уште не е прецизиран....

МВР: На Табановце заглавени 617 мигранти од Авганистан оти Србија одбива да ги пропушти

Повеќе од 600 мигранти од Авганистан во моментов се заглавени во прифатниот камп кај Табановце на македонско-српската граница, откако Србија ја затворила границата и не ги пропушта бегалците со авганстинаско државјанство, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од МВР за „Мета“, исто така, ги демантираат информациите на агенциите и на дел од грчките медиуми дека по Србија и...

Мигранти пријавиле дека биле ограбени од мигранти

Ноќеска, околу 1 часот по полноќ, во транзитниот камп за мигранти во Табановце, пристигнале шест странски државјани, кои рекле дека се од Ирак и пријавиле дека врз нив претходниот ден било извршено разбојништво во кумановското село Лојане, информираат од полицијата. Според изјавите што ги дале на полицијата, разбојништвото го извршиле лица од Пакистан кои престојувале во Лојане. Тие, според пријавата,...

Чешка донираше опрема на МВР за Прифатниот центар за мигранти во Табановце

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и амбасадорот на Република Чешка во земјава, Мирослав Рамеш, денеска го посетија Прифатниот центар за мигранти во Табановце и потпишаа декларација за донација за потребите на Прифатниот центар, соопшти МВР. „Донацијата се состои од 10 големи шатори со систем за греење, 150 кревети со душеци на надувување со соодветни пумпи, 150 ќебиња и 150...

Дневно поминуваат по 6.000 мигранти низ Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, повеќе од 4.000 мигранти  со седум специјални возови биле префрлени од прифатниот камп во Гевгелија до Табановце. Утрово, пак, кон северната граница се упатиле уште два воза со околу 1.000 мигранти, информираат од Железничката станица во Гевгелија. Според процените на УНХЦР, повеќе од 6.000 мигранти се префрлиле од јужната кон северната граница затоа што вчера...

Од 19 јуни до денеска МВР издало потврди на вкупно 28.297 мигранти

Од стапувањето на сила на измените на Законот за азил и за привремена заштита (на 19 јуни) до денеска, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало потврди за искажана намера за барање азил во земјава на вкупно 28.297 мигранти, кои илегално влегле на територијата на Македонија, соопштуваат од МВР. Вчера, вакви потврди МВР издало на нови 1.064 странски државјани, од кои...

На Табановце се чека половина час за излез

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопштија од АМСМ. На граничниот премин Табановце има задржување од околу 30 минути, а на другите гранични премини, и покрај зголемената фреквенција, нема подолги задржувања за влез и за излез од земјава. Информацијата се однесува само за македонската страна на премините.

Шестмина осомничени за фалсификување пасоши

Регионалниот центар за гранични работи Север поднел пет кривични пријави против шестмина осомничени, кои се товарат за фалсификување исправа, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за пет одделни случаи, во кои дел од осомничените се албански државјани. Според полицијата, во пртвите два случаи, албанските државјани Л.Ѓ. (28) и Е.Т. (41) на граничниот премин Табановце, приложиле пасоши во кои ги...

Царината на Табановце спречила шверц на половина килограм марихуана

Инспектори од мобилната единица на царинската управа и службеници на граничниот премин Табановце, пред два дена спречиле обид за шверц на половина килограм марихуана, соопшти Царинската управа. Дрогата, која била сокриена во куфер сместен во просторот за багаж на автобус кој сообраќал на редовната линија Кичево - Анзбах, била откриена со помош на царинско куче, кое било користено при прегледот...

Тројца Сиријци се обиделе да преминат граница со лажни пасоши

Полициски службеници, на граничниот премин Табановце, вчера привеле три лица кои се обиделе да ја преминат границата со лажни пасоши. Според полициските информации, вчераутро, околу 5.30 часот, на граничниот премин за излез од земјата се пријавило возило, марка „сеат леон“, што го управувало лице со холандска лична карта, а во автомобилот со него патувале и три лица со холандски патни...

Царинските кучиња откриле шест килограми марихуана на Табановце

Мобилните тимови на царинската управа, вчера на граничниот премин Табановце, спречиле шверц на шест килограми марихуана, сокриена во автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата. Во возилото, марка „опел астра“, патувале двајца германски државјани, В.Б. (42) и А.Ф. (28), кои веднаш биле приведени. Дрогата, која била сокриена во фабрички шуплини на возилото, ја откриле царинските кучиња. -...

Сиријци фатени на Табановце со лажни лични карти

Против двајца сиријски државјани се поднесени кривични пријави откако полицијата на граничниот премин Табановце утврдила дека личните документи што ги дале за проверка се фалсификати. Кривичните пријави ги поднел Регионалниот центар за гранични работи - Север, и според пријавите сиријските државјани се товарат за фалсификување лични документи. Осомничените, на преминот Табановце, на увид дале германска и унгарска лична карта, за кои, по извршените проверки, полицијата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...