fbpx
Таг: СВРСтрумица

таг: СВРСтрумица

Струмичани преку „Фејсбук“ продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел четири кривични пријави против осуммина осомничени, од кои седум струмичани и еден скопјанец, кои се товарат дека продавале фалсификувана спортска опрема и парфеми преку „Фејсбук“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Како што информираат оттаму, поднесени се пријави со кои осуммината осомничени се товарат за кривичните дела прикривање на стоки кои се предмет на...

Нарачувал стока иако фирмата му била со блокирана сметка

Секторот за внатрешни работи Струмица поднел кривична пријава против скопјанецот М.Б. (23), кој се товари за измама и против фирмата „Бјути-ИД“ поради оштетување или повластување доверители. Како што информираат од полицијата, осомничениот во јуни минатата година, заедно со уште едно лице, го измамил сопственикот на струмичката фирма „Ивани“ од кого побарал да му испорача стока во вредност од околу 390.000...

Кавадарчанец фатен со 100 грама хероин во струмичко Босилово

Вчеравечер, околу 20 часот, полициски службеници од СВР Струмица, во селото Босилово извршиле претрес над Б.Ј. (32) од Кавадарци, кај кого нашле околу 100 грама прашкаста материја, за која постојат сомневања дека е хероин, информираат од полицијата. Кавадарчанецот бил приведен и задржан во СВР Струмица за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Фирма од Василево осомничена за затајување данок

Струмичката полиција поднела кривична пријава фирмата „Силвер - АС“ од Општина Василево и против В.М.(23) од Валандово, одговорно лице во фирмата, поради сомневање за даночно затајување и за фалсификување и за уништување деловни книги. Како што информираат од полицијата, во март 2013 година, при извршена контрола од Упрвата за јавни приходи (УЈП) и Упрвата за финансиска полиција во „Силвер -...

Двајца малолетници осомничени за кражби во цркви и манастири

Струмичката полиција до локалното Основно јавно обвинителство поднела известување против двајца малолетници од селото Лубница, осомничени дека кон средината на април извршиле серија кражби во цркви и во манастири, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, малолетниците се товарат за шест тешки кражби во цркви и во манастири на подрачјето на Радовиш и за одземање моторно возило. Осомничените на 12 и на...

Управители на градежна фирма осомничени за затајување данок

Струмичката полиција поднела кривична пријава против градежната фирма „Антеа МГ“ ДОО Штип и против нејзините управители М.Н. (43), Д.Ј. (27) и В.Т. (40), осомничени за даночно затајување и за фалсификување и уништување деловни книги. Како што информираат од полицијата, осомничените се товарат дека во периодот од 2009 до 2012 година не пресметале и не уплатиле персонален данок во износ од...

Двајца Бугари осомничени за злоупотреба на безвизниот режим

Струмичката полиција поднела кривична пријава против двајца бугарски државјани, осомничени дека организирале и транспортирале жители на Струмица и на Василево во земјите на Европска Унија, информираат од МВР. Станува збор за бугарските државјани С.А. (35) и Е.В.А. (28), кои се товарат за злоупотреба на безвизниот режим со државите на ЕУ и на Шенгенскиот договор. Според полицијата, осомничените во текот на 2013 година,...

Штипјанец се обидел во гаќи да прошверцува дрога

Двајца штипјани се осомничени за трговија со дрога откако биле фатени со амфетамин што го набавиле во Бугарија, соопшти МВР. Станува збор за Ж.М. (26) и З.Ч. (29), против кои СВР Струмица поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Како што соопштуваат од МВР, осомничните на 8 јануари заминале во Софија,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...