fbpx
Таг: СВРСкопје

таг: СВРСкопје

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на СЈО, во кој поранешната...

Уапсени двајца скопјани кои се барале со судска наредба

Екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, уапсиле двајца скопјани кои се барале за издржување затворски казни, информира полицијата. Во едниот случај, според полицијата, станува збор за Васил Е. (43), кој се барал за издржување затворска казна од три години поради тешка кражба. Предраг Ц. (35), пак, се барал поради издржување затворска казна од две години за...

Полицијата откри насад со марихуана во Драчево, притворен скопјанец

Единицата за недозволена трговија при Секторот за внатрешни работи Скопје поднела кривичина пријава против 25-годишшниот Д.Г. од Скопје, осомничен дека во околината на населбата Драчево насадил и одгледувал марихуана, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, осомничениот семето од растението канабис сатива го набавил во текот на оваа година, а стеблата ги одгледувал во пластеник во месноста Песовци...

76-годишен пешак загина на крстосница во Скопје

Седумдесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна незгода што утрово, околу 6.20 часот, се случила на крстосницата на улиците Ѓорче Петров и Мајски манифест, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, Благоја Н. (76), кој се движел пеш, настрадал откако во него удрило возило, марка „фиат дукато“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот А.Ј. Од сериозноста на повредите, пешакот...

Работник починал на градилиште во Скопје

Градежен работник денеска, околу пладне, починал на градилиште на улицата Филип Втори во Скопје. Информацијата за „Мета“ ја потврдија од Секторот за внатрешни работи Скопје, од каде велат дека станува збор за работникот Д.Д., кој бил на 48-годишна возраст. Според полицијата, на работникот, од засега непознати причини, му се слошило и по кратко време починал. Полициска екипа извршила увид на местото,...

Куршум оштетил фасада на станбена зграда во Скопје

Вчера попладне, на улицата Тодор Александров во Скопје, била оштетена фасада на вториот кат од станбена зграда, најверојанто од истрелан куршум, информираат од полицијата. Како што додаваат оттаму, во случајот нема повредени лица, а екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото и работи на расчистување на случајот.

Запалено возило на скопјанец

Непознат сторител, вчераутро, со запалива течност предизвикал пожар на возило, марка „хонда“, сопственост на скопјанецот М.С. (32). Според полицијата, возилото, кое било паркирано на улицата 1010, било запалено околу 2.10 часот. Пожарот го изгасила екипа на скопската противпожарна бригада, а тим на Секторот за внатрешни работи Скопје извршил увид на местото и работи на откривање на сторителот и на расчистување...

Работник загинал во фабриката „Кемет електрoник“ во Бунарџик

Дваесет и шестгодишен скопјанец го загубил животот додека се обидувал да острани дефект на работна машина во фабриката за кондензатори „Кемет електроник Македонија“, во кругот на индустриската зона „Бунарџик“, соопшти полицијата. Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога работната машина на која работел починатиот Даниел Т. паднала врз него. Од здобиените повреди тој починал на самото место. Екипа на СВР...

Опожарени три возила во населбата Ѓорче Петров

Утрово, околу 5.15 часот, во полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на улицата Апостол Петков, од засега непознати причини биле опожарени три автомобили. Како што информираат од полицијата, две од возилата, марка „фолксваген пасат“ се сопственост на Ф.Т., додека на другото, марка „кадилак“, сопственик е Е.М. Пожарот го изгаснала екипа на противпожарната бригада, а екипа на Секторот за внатрешни...

Дете се удавило во реката Вардар

Безживотно тело на дете вчера попладне било извадено од водите на реката Вардар, во непосредна близина на улицата Кеј 13 Ноември во центарот на Скопје, информира полицијата. Телото на детето било забалежано околу 13.30 часот, по што увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје, веднаш излегла на местото. Лекар од екипата на Итната медицинска помош, според полицијата, констатирал...

Косовски државјанин загинал во сообраќајка во Чаир

Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се движел пеш. Ариан Р. со...

70-годишен пешак загина во сообраќајка во Кисела Вода

Седумдесетгодишен скопјанец го загубил животот во сообраќајна несреќа што утрово околу 7 часот се случила на булеварот Борис Трајковски, во населбата Кисела Вода. Според полициските информации, товарно возило, марка „фолксваген кеди“, со скопски регистрски таблички, удрил во Живојин К. кој се движел пеш. Тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде по кратко време им подлегнал на повредите. Екипи на Секторот...

Котевски: Нема индиции за поврзаност на експлозиите во Скопје и во Куманово

Полицијата засега нема индиции за евентуална поврзаност на експлозијата на бомба што ноќеска одекна во близина на зградата на СВР Скопје и детонацијата на експлозивната направа што се случи на 11 јули во центарот на Куманово, велат за „Мета“ од Министерството за внатрешно работи (МВР), одговарајќи на прашањето дали има сомневања дека станува збор за одмазднички напади поради акцијата...

Експлозија во близина на СВР Скопје

Експлозија ноќеска одекнала во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи Скопје, во населбата Аеродром. Инфромацијата за „Мета“ ја потврдија од СВР Скопје, од каде најавуваат повеќе детали за случајот во скоро време. Според првичните неофицијални информации, најверојанот станува збор за детонација на експлозивна направа. Во експлизијата, првично нема настрадани лица, а дел од медиумите јавуваат за оштетени автомобили.

Скопјанец осомничен за серија тешки кражби

Триесетгодишен скопјанец е осомничен за серија тешки кражби што ги извршил во периодот од април до јули оваа година, соопшти Министерството за внатрешни работи. Како што информираат оттаму, осомничениот кражбите ги вршел најчество врз жени, на возраст од 40 до 64 години, на кои насила од вратот им ги кинел златните синџирчиња. Тој, според полицијата, најголем дел од кражбите ги извршил...

Скопската полиција со засилени сообраќајни контроли

Повеќе од 470 возачи биле санкционирани поради сообраќајни прекршоци за време на зајакнатите контроли што во деновите од викендот ги спровеле екипи на Секторот за внатрешни работи Скопје, на подрачјето на градот, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, при контролите, 99 возачи биле фатени под дејство на алкохол, 48 управувале возило без положен возачки испит, а 53 лица седнале зад волан...

Четири момчиња осомничени за разбојништво и за тешка кражба

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против четири момчиња, од нив двајца малолетници, осомничени дека пред една недела нападнале и ограбиле две лица на улицата Лазар Личеновски, во центарот на градот, информираат од полицијата. Според пријавата, Д.Ф. (20), Д.Е. (20) и двајцата малолентици, на 16-годишна возраст, се товарат за кривичните дела разбојништво и тешка кражба на дрзок начин....

Уапсена осуденичка што се барала со судска наредба

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје вчера уапсиле 65-годишна осуденичка, која со судска наредба се барала за издржување затворска казна, информира МВР. Станува збор за Елена Т. која треба да издржува казна затвор од две години за измама, а која веднаш била спроведена во скопскиот затвор „Идризово“.

Уапсен скопјанец кој се барал заради издржување две затворски казни

Секторот за внатрешни работи Скопје, постапувајќи по судска наредба, го уапсил скопјанецот Исмаил Т. (42), кој се барал за издржување две затворски казни. Како што информираат од полицијата, Исламил Т. во едниот случај се барал за издржување казна затвор од една година и десет месеци, поради кривично дело тешка кражба, додека другата казна затвор, во траење од пет месеци, му...

22-годишен скопјанец загина во судир на три автомобили

Дваесет и двегодишен скопјанец го загубил животот, а уште шест лица се повредени во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата Лазо Трповски во Скопје, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во сообраќајката, која се случила триесетина минути по полноќ, учествувале три возила, „ауди“, управувано од С.А. (20), „ровер“ зад чиј волан бил починатиот Амир Б. и „сеат“ што...

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...