fbpx
Таг: СВР Велес

таг: СВР Велес

Обид за убиство во Велес, 25-годишна девојка претепана и со прострелна рана примена во болница

Утрово 25-годишна велешанка со прострелна рана во стомакот е однесена во велешката болница. Инцидентот го потврдија и од СВР Велес од каде велат дека во неа пукал нејзиниот невенчан сопруг. „Денеска во 07:47 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека кај нив била донесена 25-годишна жена со повреди на телото нанесени од нејзиниот невенчан сопруг....

Лишен од слобода возачот што прегази девојче на пешачки премин во Велес

Лишен од слобода е А.Н. (29) од Велес, кој со своето возило завчера прегази девојче во Велес, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму велат дека по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода лицето кое на 17 декември околу 22.15 часот на улицата „Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со...

МВР за само пет часа пронајде 52 прекршоци кај возилата што вршат јавен превоз на патници

И по катастрофалната автобуска несреќа кај селото Ласкарци што се случи во февруари минатата година, дел од превозниците во земјава продолжуваат да вршат јавен превоз на патници со технички неисправни автобуси и такси возила. Полицијата само во текот на вчерашниот ден, во периодот на петчасовна контрола во различни делови од земјава, открила 52 различни прекршоци кај возилата што вршеле...

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, информираат...

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на СЈО, во кој поранешната...

СВР Велес заплени повеќе од 88 килограми марихуана

На локалниот пат Велес - Башино Село, на 6 август полицијата сопрела автомобил „волксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А.(37) од Скопје. При извршениот претрес на возилото, биле пронајдени 178 поголеми пакувања со тревкаста материја. По завршеното вештачење било утврдено дека пронајдената материја била наркотична дрога марихуана, во вкупно количество од 88 килограми и 771 грам. Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и...

Во акцијата „Којот“ осомничени и полицајци од СВР Велес

Во акцијата „Којот“, што утрово ја спроведоа Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал на МВР, била разбиена криминална група, од која дел биле полицајци вработени во СВР Велес. Членови на групата се товарат за злосторничко здружување, разбојништва, трговија со дрога и за криумчарење мигранти. Според МВР, во акцијата се осомничени вкупно...

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Едно лице го загубило животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје - Велес, на 2 километри по наплатната станица кај Сопот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот од десната страна и слетал во провалија. Поради непристапноста на теренот, припадниците на единицата за специјални задачи на МВР...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...