fbpx
Таг: СВР Штип

таг: СВР Штип

Приведен средношколец од Штип, се заканувал на Инстаграм

Штипската полиција привела ученик од гимназијата „Славчо Стојменски" откако тој вчера на социјалната платформа Инстаграм објавил заканувачка порака. СВР Штип потврди дека 18-годишниот Б.Д. е приведен и дека е информиран јавен обвинител. Според соопштението на СВР Штип, се преземаат мерки за расчистување на случајот. Директорот на училиштето, Марјан Арсов, за медумите изјави дека училишните служби разговарале со ученикот и со неговите...

Претпразнично гореше уште едно возило во Штип

Уште едно запалено возило сред ноќ на паркинг во Штип е пријавено во штипската полиција. Според полицискиот билтен, ноќта на 08.09.2020 година во 02.05 часот во СВР Штип е пријавено дека во населбата „8-ми Ноември“ на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип гори возило од марката „мерцедес“,  сопственост на Е.Ќ.(24) од Штип. Пријавено е дека пожарот настанал во временскиот период од...

МВР за само пет часа пронајде 52 прекршоци кај возилата што вршат јавен превоз на патници

И по катастрофалната автобуска несреќа кај селото Ласкарци што се случи во февруари минатата година, дел од превозниците во земјава продолжуваат да вршат јавен превоз на патници со технички неисправни автобуси и такси возила. Полицијата само во текот на вчерашниот ден, во периодот на петчасовна контрола во различни делови од земјава, открила 52 различни прекршоци кај возилата што вршеле...

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, информираат...

Првата пратка обрасци за пасоши пристигнува на шести март

Заменската министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска најави дека проблемот со недостиг на обрасци за пасош веќе се решава. „Првата пратка очекуваме на шести март да биде испорачана и на тој начин ќе почнеме да се враќаме во една нормална состојба на испорака на патните обрасци“, рече Петровска. При престојот денеска во СВР Штип, Петровска беше прашана и за мотивите за...

Новиот министер Чулев назначи 12 раководители во МВР, проблематичен изборот за СВР Скопје

Новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев назначи 12 раководители во МВР, како и дополнителни заменици раководители. Во јавноста негативно одекна веста за назначувањето на Ристо Ставревски за прв човек на СВР Скопје, којшто предизвика несогласување меѓу техничкиот министер Чулев и дополнителната заменик министерка Славјанка Петровска. Токму Ристо Ставревски беше сведок во случајот „Тенк“ на СЈО, во кој поранешната...

По смените во СВР Штип од претходниот министер, се очекуваат нови назначувања од Чулев

Во последните денови од министерувањето на Оливер Спасовски во Министерството за внатрешни работи, тој направи две клучни смени - на врвот на СВР Штип и на врвот на кочанската полиција, а сега во Штип на големо се шпекулира дека техничкиот министер на МВР, Наќе Чулев ќе го смени неодамна назначениот началник на СВР Штип и ќе постави свој човек....

Во Штип изминава година биле запалени 23 возила, од нив шест намерно

Изминатава година црната хроника од Штип беше полна со вести за запалени возила. Еден значаен дел од нив се однесуваше на скапи автомобили и луксузни џипови на луѓе од бизнисот. Новинарите и пожарникарите на крајот од годината заедно ги броеја запалените возила и стигнаа до бројка од 23. Полицијата објаснуваше дека бројката е преувеличена. Повеќето, според ова објаснување, се...

Четири куќи и викендичка изгореа во изминативе четири дена во Штип

Деновиве зачестија пожарите во домовите во двете општини Штип и Карбинци. Само во изминатите неколку дена изгореа четири куќи и една викендичка. Последниот пожар се случи денеска околу пладне, во кој целосно изгоре викендичка на потегот меѓу селата Таринци и Карбинци. Едно повозрасно лице е повредено во денешниот пожар, кое со опекотини на телото завршило на лекување на Хируршкото...

Кривична пријава за поранешниот штипски градоначалник Захариев

Секторот за внатрешни работи Штип, до Основното јавно обвинителство Штип, поднесе кривична пријавa против И.З. (58) и И.И. (55), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле четири кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  и две кривични  дела „несовесно работење во службата“. „И.З. во својство на градоначалник на општина Штип и И.И. како вршител на должност...

СВР Штип околу Нова година запленил три килограми марихуана – двајца притворени

Секторот за внатрешни работи Штип во два одвоени случаи запленил околу три килограми марихуана и поднел кривични пријави против три лица, кои се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанции и прекузори. Во едниот случај, кривична пријава е поднесена против 33-годишниот штипјанец Б.М. во чиј, при претрес полицијата пронашла и запленила околу половина...

Кривична пријава против градоначалникот на Берово оти патувал без налози

Кривична пријава против Драги Наџински, градоначалникот на Берово, поднела надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) од Берово во соработка со одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, соопшти МВР. Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство Берово стои дека Д.Н. (59) од Берово сторил злоупотреба на службената положба и овластување. Според полицијата, Наџински како градоначалник на општина...

Штипската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот Илчо Захариев

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против градоначалникот на општината, Илчо Захариев, со која го товари за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што стои во соопштението, Захариев како градоначалник на општина Штип, ја искористил службената положба и овластување и склучил штетен договор со локална фирма, спротивно на законските прописи и...

Беровец тврди дека бил нападнат од физиотерапевт од болницата во Штип

Беровецот Адем Чандаров, тврди дека бил нападнат од физиотерапевт, вработен во Клиничката болница во Штип, затоа што додека бил на посета, побарал помош за неподвижна болна пациентка. Раководството на болницата, пак, го тврди спротивното и од таму велат дека нивниот вработен се здобил со повреди на раката, крв увото, носот, за што има и лекарско уверение. Настанот се случил пред...

Началникот на СВР Штип не го пречека, но разговараше со заменик-министерот Андонов

Новиот началник на Секторот за внатрешни работи Штип, Љупчо Трајковски, не излезе пред влезот да го пречека дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска беше во посета на СВР Штип. Андонов, во изјава за новинарите, ова го протолкува како јасен показател за сериозните недоразбирања меѓу него и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. - Вие бевте информирани за...

Кривична за осуденик од штипскиот затвор бидејќи нудел поткуп на полицајци

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против осуденик во штипскиот затвор, кој се товари дека на двајца полициски службеници им нудел поткуп, информира МВР. Според полициските информации, 41-годишниот В.Е. од Кочани на 17 март оваа година, двапати на двајца полициски службеници им понудил сума од 50 евра за да му го вратат мобилниот телефон, кој претходно му бил...

Излажал дека е полицаец за да смени фалсификувана банкнота од 100 долари

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против 40-годишниот А.П., жител на градот, осомничен за фалсификување пари и за лажно претставување. Како што информираат од полицијата, осомничениот кон крајот на октомври минатата година, во менувачница во Штип пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 100 американски долари. Кога вработениот во менувачницата се посомневал во автентичноста на банкнотата, осомничениот се претставил како...

Пожарите на два автомобила во Штип не биле подметнати

Штипската полиција денеска соопшти дека пожарите во кои на 20 јануари изгореа две возила, а уште три беа оштетени, не биле подметнати туку настанале поради неисправна електрична инсталација во возилата. - Водени се разговори со сопствениците на возилата и со очевидци, при што е констатирано дека не постојат основи за соменвање дека пожарите на возилата, марка „ауди“ и „фолксваген венто“,...

Во пожар изгореле два автомобили во Штип

Утрово, околу 5.10 часот, од засега непознати причини настанал пожар на две возила, паркирани на улицата Никола Карев во Штип, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, во пожарот целосно изгореле автомобил, марка „ауди а4“, соопственост на 26-годишниот П.М. и автомобил „фиат брава“, сопственост на Д.Ј. (36), двајцата од Штип. Според полицијата, штипската територијална противпожарна единица го локализирала пожарот во 5.35 часот,...

Двајца радовишани осомничени за оштетување експонати во локалитетот Баргала

Секторот за внатрешни работи Штип поднел кривична пријава против две момчиња од Радовишко, осомничени дека на средината од ноември оштетиле 10 керамички садови во археолошкиот локалитет Баргала во Штип. Како што информираат од полицијата, станува збор за Б.У. (19) од радовишкото село Али Коч и С.С. (18) од селото Парналија, исто така кај Радовиш, кои, според пријавата, се товарат за оштетување или...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...