fbpx
Таг: СВР Охрид

таг: СВР Охрид

Двајца скопјани осомничени за серија кражби во цркви во Охридско

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривични пријави против две лица од Скопје, кои се товарат за серија кражби во цркви во неколку охридски села. Според полицијата, осомничените ги извршиле кражбите во периодот од минатото лето до средината на февруари оваа година. Против нив е поднесена кривична пријава за пет тешки кражби и за два обида за тешки кражби. Осомничените, според полицијата, ги извршиле кражабите...

Запалено возило во Охрид, полицијата трага по сторителот

Охридската полиција трага по сторител кој ноќеска, околу 1 часот, запалил автомобил, марка „голф“, на улицата Климентов универзитет во градот, соопштија од Секторот за внатреши работи Охрид. „Од увидот на местото на настанот, извршен по овластување на јавен обвинител, констатирано е дека од предизвиканиот оган, запален е задниот дел на возилото, целосно е оштетено задното стакло, задната клупа, задното седиште,...

Кривична пријава за жител на Октиси поради сторен грабеж

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против И.Ш. (41) од струшкото село Октиси, поради основан сомнеж дека сторил тешка кражба. Како што соопшти СВР Охрид, И.Ш. казненото дело го сторил на 26 февруари, нешто пред полноќ, кога, со намера да се стекне противправна имотна корист, насилно влегол во продавницата за железарија „Етко 2015“ во струшкото село Октиси. Пријавениот, со употреба на алат,...

Нухиу побарал дисциплинска постапка против началникот на СВР Охрид за заканите до СЈО

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, побарал дисциплинска постапка против началникот на Секторот за внатрешни работи Охрид, Гоце Недески, во врска со заканите кон обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, кажани во негово присуство, јавува порталот „СДК“. Во постапката што ја побарал Нухиу, се истражуваат и елементи за сторено кривично дело од страна на началникот на СВР Охрид. „Пред две недели добив...

Полицијата пронајде 42 килограми марихуана во Струга

При координирана акција на криминалистичката полиција од Струга и од Охрид, пронајдени се околу 42 килограми зелена тревкаста материја во патнички автомобил. Од СВР Охрид информираат дека акцијата била реализирана околу 22 часот, во близина на еден хотел на улицата Димче Ковачески во Струга. - Полициските инспектори заедно со полициски службеници од полициската станица во Струга, извршија запирање на патничко моторно возило...

Малечката Наде пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри

Повеќе од 24 часа по нејзиното исчезнување, двегодишната Наде од селото Кленоец, денеска е пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри во месноста Вртиште, на тромеѓето меѓу атарите на селата Кленоец, Извор и Иванчиште, изјави за „Мета“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Девојчето било преплашено, откако ноќта ја минало само и без храна, а било пронајдено денеска околу...

Кривична пријава за чуварот на депонијата кај Буково кој тешко повреди малолетник

СВР Охрид, му поднесе кривична пријава на С.Ѓ. (40), чувар на депонијата на јавното претпријатие „Охридски комуналец“, кај преминот Буково, кој, при сечење буково дрво, тешко повредил малолетно лице на возраст од 11 години од Битола. Го товари за основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и ,,тешки дела против општата сигурност”. Малолетникот заедно со неговиот татко, престојувале...

Спречен шверц на 12 килограми марихуана

Екипи на Секторот за внатрешни работи Охрид и на Царинската управа во два одделни случаи спречиле шверц на 12 килограми марихуана и привеле две лица, државјани на Албанија. Синоќа, полициски екипа, кај населбата Рача, на меѓународниот пат Охрид-Поградец, при преглед на автомобил, марка „мерцедес“ со албански регистарски ознаки, што го управувало 44-годишно лице од Поградец, пронашла околу 10 килограми марихуана....

Две лица измамиле охриѓанец и го оштетиле 1.000 евра

Две засега непознати лица се сторители на измама, информира СВР Охрид. „Двајцата, на околу 55-годишна возраст, пресретнале повозрасен жител на Охрид и почнале разговор со него. Притоа, едниот од нив му кажал дека другиот човек е од Израел и дека имал сообраќајна незгода во Охрид поради што морал итно да плати отштета. Тој, од повозрасниот охриѓанец побарал да му помогне...

СВР Охрид предупредува: Внимателно на патот Охрид – Кичево, пет возила излетани од патот

Пет патнички автомобили и едно товарно возило излетале од коловозот на магистралниот пат Охрид - Кичево, на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Причина за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите и состојбата на патот. Нема повредени лица, но е предизвикана поголема материјална штета. - СВР Охрид веќе го...

Престрелка во центарот на Охрид

Доцна синоќа, едно лице е тешко повредено во престрелка во центарот на Охрид. Информацијата ја потврди портпаролот на СВР од Охрид, Стефан Димоски, кој за денеска најави повеќе информации. Тој објасни дека инцидентот не може да се поврзе со изборниот процес и со вчерашното гласање. Димоски истакна дека полицијата брзо интервенирала, го фатила и го привела напаѓачот. Лицето во кое е пукано...

Обвинети во „Диво Насеље“ префрлени во Охрид, градот под силно обезбедување

Од синоќа, центарот на Охрид, околу објектите на Секторот за внатрешни работи, е под силно полициско обезбедување, што предизвика коментари и вознемиреност кај граѓаните. Веќе втор ден улицата и паркиралиштата пред СВР Охрид, затворот и пред објектот на охридската противпожарна бригада се блокирани и забрането е паркирање и задржување на возила. Објектите ги обезбедуваат вооружани полицијаци под полна опрема. Надлежните сè уште не...

Тројца загинати во тешка сообраќајна несреќа кај Зајас

Три лица загинаа во тешка сообраќајка кај селото Зајас вечерва околу 19 часот. СВР Охрид потврди дека се работи за три помлади лица од околните села, пишува „Прес 24“. Според неофицијални информации, автомобил „форд“ удрил во трактор, кој возел неосветлен. АМСМ информираше дека сообраќајот на магистралниот пат Кичево - Скопје е во прекин, но потоа возилата се пропуштаа наизменично.

Возач прегазил жена и побегнал од местото на настанот

Возач кој управувал со возило марка „бе-ем-ве“ со тетовски регистерски ознаки, синоќа прегазил жена на патот Охрид - Скопје, кај селото Горенци, и избегал од местото на настанот, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Од здобиените повреди, на самото место починала Ќание А.(74) од Охрид. Нејзината смрт е констатирана од лекар од итна медицинска помош. Сообраќајната незгода се случила кога возило марка...

Работилница за зајакнување на довербата меѓу новинарите и полицијата во Охрид

Денеска во Охрид ќе се одржи еднодневна работилница на тема „Полицијата и медиумите - зајакнување на заемната доверба и патнерство“. На собирот ќе бидат презентирани неколку теми, односно запознавање со одредбите на новинарскиот и на полицискиот кодекс и етика, улогата на полицијата и на новинарите во демократското општество и слично. На работилницата ќе се разговара и за тоа колку новинарите...

Кривична пријава за поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ Охрид

Поранешен директор на ЈЗУ „Здравствен дом“ во Охрид, со уште двајца негови соработници, ја оштетиле установата за 598.508 денари односно 9.731 евра. Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, СВР од Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишно и 45-годишно лице од Охрид. Во пријавата, опфатен е и 60-годишен жител од Охрид за сторено казнено...

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа во близина на Пештани, Охридско

Две лица, кое се превезувале на мотоцикл, загинаа во сообраќајна несреќа која вчера попладне по 18 часот, се случи во близина на селото Пештани, Охридско, на патот над хотелот „Десарет“. До несреќата, според полициските информации, дошло кога мотоциклот, со странски регистарски таблички, на кој се превезувале двајцата настрадани, од засега непознати причини, директно удрил во комби, марка „фолксваген“, движејќи се...

Краделе во куќи и во станови во Охрид

СВР од Охрид поднесе кривична пријава против М.А. (41) од битолското село Велушина и М.С. (53) од струшкото село Ливада, кои ги товари за осум тешки кражби. Пријавените, во текот на минатиот месец, кражбите ги извршиле во неколку деловни објекти, куќи и станови во Охрид, како и во две цркви во Косел и во Лескоец. На тој начин, М.А. и М.С....

Со лажна лична карта сакал да полета од охридскиот аеродром

Државјанин на Албанија, од градот Елбасан, се обидел со лажна лична карта да се качи во авион на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој патувал за Англија, соопшти СВР Охрид. Поради постоење на основан сомнеж за дека фалсификувал исправа, Секторот за гранични работи-регионален центар Запад, поднел кривична пријава, против албанскиот државјанин А.Л.(23), кому му е одреден и притвор. Осомничениот со авион...

Лажна дојава за поставена бомба во автомобил во Струга

Полициската станица во Струга утрово во 9.30 часот добила пријава дека во автомобил, марка „нисан примера“, со бугарски национални ознаки била поставена експлозивна направа. По интервенцијата на полициските тимови за анти-тероризам било утврдено дека станува збор за лажна пријава. - По добиената информација, полициски екипи ги презедоа сите безбедносни мерки за обезбедување на поширокиот простор каде беше паркирано патничкото возило,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...