fbpx
Таг: свлечиште

таг: свлечиште

Поплавите во Кина усмртија 66 лица

Најмалку 66 лица загинаа, а десетина се водат за исчезнати откако поројните дождови предизвикаа поплави и бројни свлечишта во јужните и во југозападните делови на Кина, објавија кинеските медиуми. Повеќе од 95.000 лица се евакуирани. Министерството за цивилни прашања објави дека 5.200 куќи се урнати, а повеќе од 74.000 објекти се оштетени во подрачјата кои се погодени со поплави и...

Свлечиште на локалниот пат кај Крива Паланка отсече три села

Свлечиште кое настана на локалниот патен правец од Крива Паланка до селата Дурачка Река и Станци го затвори сообраќајот за околните села. Селаните велат дека вчера на локалниот пат имало помало свлечиште,  но во текот на вечерта врз патот се одронила повеќе земја. Како што објаснуваат надлежните, одронот најверојатно настанал поради големата количина вода која од врнежите дотекувала на постојниот пат...

Сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен е нормализиран

Сообраќајот на патниот правец А3, обиколница Битола - Ресен, е нормализиран, информираат од АМСМ. Како што се наведува во соопштението на АМСМ, свлечиштето на патниот правец е исчистено од екипите на ЈП „Македонија пат“ и сообраќајот е нормализиран.

Патниот правец Битола – Ресен затворен за сообраќај поради свлечиште

Поради свлечиште, денеска повторно ќе биде затворен патниот правец Битола – Ресен, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку Битола. Општинскиот пат село Долни Полог –  село Облешево, пред Кочанска Река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода. На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци,...

Одрони, свлечишта и влажни коловози на повеќе патни правци

Поради свлечиште на патниот правец А3 обиколница Битола -Ресен сообраќајот е во прекин во двата правци. Како алтернатива сообраќајот се пренасочува преку Битола, информираат од АМСМ. Поради врнежите од дожд и можноста од повторно активирање на свлечиштата од превентивни причини патниот правец Кочани-Делчево останува затворен за сообраќај. Сообраќајот е пренасочен преку Виница-Смојмирово-Делчево. Сообраќајот на општинскиот пат село Долни Полог-село Облешево пред Кочанска...

Свлечиште на патот Куманово – Крива Паланка

Кај селото Страцин на патниот правец Куманово - Крива Паланка, свлечиште ја затвори едната лента од патот. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и на нормализирање на сообраќајот. Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација. Претходно, АМСМ информираше дека сообраќајот е во прекин на патот Кочани – Делчево поради одрон, а како...

Кина: Најмалку 91 лице исчезнаа во свлечиште

Најмалку 91 лице се водат за исчезнати откако свлечиште го зафати градот Шенжен на југот на Кина, каде се затрупани 33 објекти. Кинескиот премиер Ли Кекијанг наредил покренување итна истрага, откако свлечиштето го погодило Шенжен, кој се наоѓа во близина на Пекинг. Свлечиштето урна повеќекатни згради во индустрискиот дел на градот, што предизвика дополнителен наплив на кал. Заменик-градоначалникот на Шенжен, Ли Кингшен,...

Сè поголем бројот на загинатите во Гватемала

Најмалку 131 загинат и 300 исчезнати е последниот биланс од несреќата во Гватемала, кога свлечиште затрупа село во близина на главниот град Гватемала Сити, соопштија локалните власти. - За жал, според новите пребројувања, извлековме 131 тело – соопшти синоќа Хулио Санчез, портпарол на службата за спасување на местото на катастрофата. Спасувачите синоќа, исто така, ја прекинале потрагата поради поројниот дожд, но...

Расчистен локалниот пат во село Шипковица

Попладнево е расчистен локалниот пат во село Шипковица, Тетовско, кој утринава околу 2 часот беше блокиран од свлечиштето долго 10 метри и високо 6 метри. Екипите на јавното комунално претпријатие расчистиле наноси од земја и потпорен ѕид. Од Општина Тетово најавија дека од утре ќе почнат да го средуваат ридот. Свлечиштето најверојатно се случило поради дождот кој наврна изминативе денови во...

Свлечиште го блокира локалниот пат во селото Шипковица

Свлечиште на земја, околу 2 часот утринава се урна на локалниот пат во село Шипковица, Тетовско. Свлечиштето е долго 10 метри и високо 6 метри. Поради ерозија на земја, денеска се блокирани патните правци кон селата Бродец, Вешала и Бозовце. Случајот е пријавен во 7 часот утринава, а екипи на град Тетово со градежна механизација го расчистуваат теренот и очекуваат во текот на...

Едно лице загина во свлечиште во селото Бачиште

Во свлечиште во близина на кичевското село Бачиште, кое се случило претпладнево, едно лице загина, а друго се бори за живот. Свлечиштето настанало при работи на пат. Двете лица биле префрлени во Медицинскиот центар во Кичево, каде едниот им подлегнал на повредите.

Свлечишта во текот на ноќта голтнаа шест села во Непал

Најмалку 15 лица се водат како исчезнати во лизгање на земјиште предизвикано од обилните дождови во планинскиот регион на Непал. Како што јавуваат локалните медиуми, во североисточниот дел на земјата шест села се целосно затрупани додека жителите спиеле. Селата се наоѓаат во недостапниот планински дел. Свлечиштата се вообичаени во планинските области на Непал, особено во периодот на монсуните, кој почнува во...

Во свлечиште во Колумбија загинаа 50 лица

Повеќе од 50 луѓе настрадаа во лизгање на земјиште во северозападната колумбиска провинција Антиокија, додека неколку десетини се повредени. Претседателот Хуан Мануел Сантос рече дека властите не знаат уште колку луѓе се водат како исчезнати, поради што прогласија вонредна состојба и ветија помош во обнова на куќите. Поради обилните дождови, реката Либоријана се изли од коритото, што доведе до лизгање на...

АМСМ: Свлечиште го прекина сообраќајот на патниот правец Прилеп – Ресен

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е повторно во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола. Денеска на патниот правец А2Е, Охрид - Кичево, делница Подвис – Пресека, во период од 16 до 17 часот, ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена...

Укината е забраната за сообраќај на патниот правец Ресен – Прилеп

Укинати се забраните за сообраќај на патниот правец Ресен­ – Прилеп и кај обиколницата на Битола. Сообраќајот е нормализиран за сите видови моторни возила. Во нормални услови се одвива и сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес. Одронот е исчистен, но од превентивни причини сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 500 метри, за што е поставена...

Големо свлечиште го отсече гостиварското село Ломница од светот

Гостиварското село Ломница е целосно отсечено откако утринава падна големо свлечиште на патот што води до ова населено место. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување и од Општината Врапчиште се на местото на свлечиштето, каде се интервенира на расчистување на одроните од камења и од земја. - Тука, на ова место, и пред два месеци падна голем одрон од земја...

Ноќеска на Водно се појавило лизгање на земјиштето

Општината веднаш ќе побара од Градежниот факултет во Скопје да ја испита состојбата на земјиштето, над хотелот „Тасино чешмиче“, а потоа ќе се подготви елаборат и ќе се пристапи кон градење потпорен ѕид, соопштија од Општина Центар. Ова е последица на синоќешното лизгање на земјиштето на таа локација. Денеска Анреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, се сретна со жителите на населбата...

Забрана за тешки товарни возила на Стража

Поради врнежи од снег на планинскиот премин Стража воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, информира АМСМ. Истовремено се наведува дека од 06.45 часот, нормализиран е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот крак Маврово – Дебар. Поради свлечиште на патниот правец Прилеп - Ресен, на обиколницата кај Битола, сообраќајот е во целосен прекин за сите видови возила. Сообраќајот се...

Од Пробиштип за Штип преку алтернативен пат

Свлечиште го повлече патот Пробиштип – Штип кај селото Неокази, поради што во наредните три дена целосно ќе биде затворен за сообраќај. Од  денеска механизацијата на „Македонија пат“ го сече асфалтот во ширина од 50 сантиметри за да се направи дренажа на патот. Пробиштипјани и останатите возачи се пренасочуваат преку патот низ селото Ратевица. Од „Македонија пат“ очекуваат работите да завршат за три...

АМСМ: Внимателно возење кај Лакавица и кај Страцин

На патниот правец Лакавица - Неготино, односно на седум километри над селото Лескоица, има пропаѓање на патот од 200 метри, на кој е извршена санација и на патот е поставена соодветна патна сигнализација за внимателно управување со возилата, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Внимателно возење се препорачува и на патниот правец Страцин - Крива Паланка, поточно на излезот од Страцин...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...