fbpx
Таг: свлечиште

таг: свлечиште

Автопатот Кичево – Охрид затрупан во свлечишта, ни по една деценија не се гледа крајот

Наспроти оптимизмот што го ширеше власта дека од јануари оваа година до Охрид ќе се возиме по нов автопат, последните информации не влеваат надеж дека историската автопатска делница ќе биде завршена во скоро време. Пред автопатот Кичево-Охрид долг 57 километри, кој започна да се гради во февруари 2014 година во времето на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, сега се испречија...

Порталб: Одолговлекувањето на работите од страна на општината, ги загрози животите на граѓаните кај Градската бања во Тетово

Одроните на земјиштето, кај Градска бања, за коишто Порталб.мк информира веќе неколку години, вчера ги загрозија животите на граѓаните. Луѓето кои оделе на рекреација не можеле да се качат до главниот дел од бањата, додека автомобилите биле блокирани од свлечиште. Од Општина Тетово не одговараат дали и кога планираат да интервенираат, пишувa Порталб.мк. Иако патот што води до бањата може...

Порталб: Поправката на потпорниот ѕид кај Градска бања не е извршена, Општина Тетово не одговара на новинарите

Општина Тетово не го одржа дадениот збор дека во март ќе се поправи опасниот потпорен ѕид кај Градска бања, а свесни за нивото на опасност, пред два месеци општинските власти преку Порталб.мк упатија апел за дополнително внимание сè до март. Но денеска работите за регулирање на овој ѕид сè уште не се започнати, одроните преставуваат опасност долж целиот коловоз,...

AМСМ: Свлечишта на два патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ). Прекин во сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – село Огут поради свлечиште. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот. Исто така, поради свлечиште, на патниот правец Макази – граничен премин Маркова Нога кај местото...

Свлечиште на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента

Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Кичево, кај селото Тајмиште, се одвива по една сообраќајна лента поради свлечиште, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Од таму додаваат дека дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Можни се излевања на реките, сообраќајот на неколку правци е отежнат

Поради свлечиште на патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информираат од АМСМ. Од таму додаваат дека, сообраќајот на патниот правец Кичево - Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец се одвива по една коловозна лента, поради вода...

Свлечиште го прекина сообраќајот на обиколницата во Битола

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено. Од превентивни причини сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Како што информира Автомото сојузот на Македонија, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино, кај Стоби на река Црна, десната лента...

Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија. Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои...

Осум лица исчезнати во свлечиште во Швајцарија

Осум лица, меѓу кои и државјани на Германија, Австрија и Швајцарија се водат за исчезнати во свлечиштето кое се случи на југоистокот на Швајцарија. Поради лизгањето за земјиштето се евакуирани неколку помали села. Во соопштението на каталонската полицијата Граубинден се наведува дека лицата од вчера се водат за исчезнати. Свлечиштето го погодило селото Бондо, во близина на границата со Италија. Евакуирани се...

Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна Кина, објавија локалните власти. Свлечиште утрово затрупа околу 40 куќи во селото Синмо, во провинцијата Сечуан. Два километри од течението на река се блокирани, наведува агенција „Ксинхуа“. Во тек е спасувачка операција.

Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења. Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што...

Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија. Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд. При свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба во Мокоа,...

Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица

Најмалку 48 загинати и десетина исчезнати е последниот биланс од свлечиштето на депонијата во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија. Причината за големото свлечиште и поместување на ѓубрето во депонијата, која постои повеќе од 50 години, доправа ќе се утврдува. Локалното население вели дека причина за несреќата е реактивирање на дел од депонија, која била надвор од функција неколку години. - Им...

Сообраќајот на патот Прилеп – Битола – Ресен и понатаму во прекин поради свлечиште

Сообраќајот на патниот правец А3, односно Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница кај Битола, и понатаму е во прекин поради свлечиште. Сообраќајот се пренасочува преку градот Битола, информираат од Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ). Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по на места влажни коловози, а снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските...

Поради ниската температура, можна е појава на голомразица по патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по на места влажни коловози. Поради ниската температура, можна е појава на голомразица, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Сообраќајот на патниот правец А3, Прилеп – Битола – Ресен, преку обиколницата кај Битола, е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. Во клисурите и во засеците можна е појава...

Сè уште е во прекин сообраќајот на обиколницата на Битола, се вози низ градот

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколницата кај Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот, информираат од Автомото-сојузот на Македонија. Во попладневниот извештај се вели дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, а во западниот дел од земјава на места со остатоци од...

Триесет и две лица загинаа во свлечиште во Кина

Најмалку 32 лица загинаа во свлечиште кое зафати неколку села на југоистокот на Кина, по тајфунот Меги. Спасувачки операции се во тек во селото Сучун во провинцијата Жиѓијанг, јужно од Шангај, откако еден цел рид, ослабен од поројните дождови, се урна над куќи, јавува новинската агенција „Ксинхуа“, додавајќи дека во селото настрадале 26 лица. Уште шест лица настрадале во селото Баофенг, во истата...

Свлечиште на ридот Балтепе над Тетово, голем број семејства во опасност

Врнежите од дожд предизвикаа ерозија на земјиштето над православните гробишта во Тетово на ридот Балтепе. Жителите на овој дел од Тетово алармираат дека свлечиштата се голема закана за нивните домови, кои можат да се урнат доколку не се преземат превентивни мерки. - Мора тука да се направат потпорни ѕидови, инаку мојот дом ќе ми се струполи долу во долот, ако свлечиштето...

Реката Пена пред излевање, свлечиште го затрупа патот Шипковица – Бродец

Водостојот на реката Пена во долниот дел од Тетово постојано се следи откако водата од оваа река се искачи на критично ниво. Обилните врнежи од дожд изминатите неколку дена предизвикаа и свлечишта над патниот правец Шипковица - Бродец. - Наносите од камења и од земја на патот Шипковица - Бродец, кои ги донесе вчерашното свлечиште, се остранети, но градежна механизација...

Почна санацијата на свлечиштето на патот Пробиштип – Штип кај Неокази

Со пари од Европската Унија, почна санацијата на свлечиштето на патниот правец Пробиштип – Штип кај селото Неокази, предизвикано од поплавите, поради кое возачите речиси две години мораа да минуваат по една страна од коловозната лента. - Ќе биде поставен потпорен ѕид, со целосно одводнување на свлечиштето, со што трајно ќе се спречи понатамошното општетување - изјави денеска градоначалникот на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...