AМСМ: Свлечишта на два патни правци


Скопје, 4 април, 2018 - 10:12 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Прекин во сообраќајот има на патниот правец Крива Паланка – село Огут поради свлечиште. Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот.

Исто така, поради свлечиште, на патниот правец Макази – граничен премин Маркова Нога кај местото наречено Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри, каде што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.


Свлечиште на патот Гостивар – Кичево, сообраќајот се одвива по една лента


Скопје, 29 март, 2018 - 9:51 (META) 

Сообраќајот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај селото Тајмиште, се одвива по една сообраќајна лента поради свлечиште, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

Од таму додаваат дека дежурните екипи на „Македонија пат“ се на терен, работат на расчистување и нормализирање на сообраќајот.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.


Можни се излевања на реките, сообраќајот на неколку правци е отежнат


Скопје, 4 февруари, 2018 - 10:30 (META) 

Поради свлечиште на патниот правец Кичево – Битола кај село Белица, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, а екипите на ЈП „Македонија пат“ со механизација работат на расчистување и нормализација на сообраќајот, информираат од АМСМ.

Од таму додаваат дека, сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, помеѓу селата Подвис и Попоец се одвива по една коловозна лента, поради вода на патот.

Од УХМР информираат дека, водостоите се особено зголемени во горниот дел на Вардар и нејзините притоки во Полошко, горниот дел на Треска и нејзините притоки, Радика и нејзините притоки, Црн Дрим и притоките, Сатеска и притоките, Голема река, Брајчинска и останатите реки во Преспанско.

Поради високите водостои на водотеците, можна е појава на локални излевања кај реките во северозападните и западните делови и појава на заезерени површини во рамниците.

И во Скопје, водостојот на хидролошките станици е релативно високо, но под граница на излевање од малото корито, сепак поради стеснувањето во делот каде се гради мостот од панорамското тркало, можно е да се јават локални излевања. УХМР предупредува на внимателно движење покрај реките и суводолиците.

Свлечиште го прекина сообраќајот на обиколницата во Битола


Скопје, 2 февруари, 2018 - 19:48 (META) 

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е во прекин поради свлечиште кое е расчистено. Од превентивни причини сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Како што информира Автомото сојузот на Македонија, на самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

Поради оштетување на мостот на автопатот А-1 Градско – Неготино, кај Стоби на река Црна, десната лента се затвора за сообраќај, a сообраќајот ќе се одвива по левата коловозна лента.


Магла на Стража, свлечиште на патот Делчево – Македонска Каменица


Скопје, 3 декември, 2017 - 10:25 (META) 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а намалена видливост поради магла има во Крива Паланка и на Страцин до 50 метри и на Стража до 30 метри, информираат од Автомото-сојузот на Макеоднија.

Поради обилните врнежи, на патниот правец Делчево – Македонска Каменица има свлечиште и сообраќајот се одвива отежнато. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и низ планински превои можна е појава на поситни одрони.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.


Осум лица исчезнати во свлечиште во Швајцарија


Цирих, 24 август, 2017 - 12:46 (META) 

Осум лица, меѓу кои и државјани на Германија, Австрија и Швајцарија се водат за исчезнати во свлечиштето кое се случи на југоистокот на Швајцарија.

Поради лизгањето за земјиштето се евакуирани неколку помали села.

Во соопштението на каталонската полицијата Граубинден се наведува дека лицата од вчера се водат за исчезнати.

Свлечиштето го погодило селото Бондо, во близина на границата со Италија. Евакуирани се околу 100 лица.

Потрагата по исчезнатите се интензивирала во текот на ноќта, а во неа се вклучени и швајцарски воени хеликоптери.

Свлечиштето уништило 12 објекти на фармите.


Свлечиште во Кина зтрупа 40 куќи, 141 лице се водат за исчезнати


Пекинг, 24 јуни, 2017 - 12:18 (META) 

Најмалку 141 лице се водат како исчезнати откако поројни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во Југозападна Кина, објавија локалните власти.

Свлечиште утрово затрупа околу 40 куќи во селото Синмо, во провинцијата Сечуан. Два километри од течението на река се блокирани, наведува агенција „Ксинхуа“. Во тек е спасувачка операција.


Голем одрон го затрупа патот кон тетовско Бањиче


Тетово, 28 април, 2017 - 13:26 (META) 

Вчера попладне на патот кој води кон рекреативното место Бањиче во Тетовско, наспроти објектот на хидроцентралата на реката Пена, паднал голем одрон од земја и од камења.

Според Секторот за сообраќај и патишта при Општина Тетово, одронот за неколку часа е отстранет, но оттаму апелираат овој патен правец да не се користи, освен во случај на голема потреба, затоа што сè уште постои ризик да се појават свлечишта.

Екипи постојано го контролираат овој патен правец сè додека состојбата не се стабилизира. Во меѓувреме, надлежните вршат проценки и утврдуваат на кој начин и со какви градежни активности би било најдобро и најбрзо да се сопрат ерозивните процеси на земјата над овој патен правец.

Патниот правец кон рекреативното место Бањиче почна да се реконструира како дел од проектот за реконструцкија на горниот тек на реката Пена.


Најмалку 112 лица загинаа, а 200 се исчезнати при лизгање на земјиште во Колумбија


Мокоа, 1 април, 2017 - 19:00 (META) 

Најмaлку 112 лица загинаа, а околу 200 се водат како исчезнати при лизгање на земјиште во градот Мокоа во југозападниот дел на Колумбија.

Колумбиските власти известија дека свлечиштето било предизвикано од излевањето на водите од реката Мокоа и од три нејзини притоки, до што дошло по повеќечасовни обилни врнежи од дожд.

При свлечиштето се затрупани десетици куќи во една населба во Мокоа, а градот бил без струја и без вода.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, на својот профил на „Твитер“ објави дека „Колумбијците се во жалост поради жртвите“.


Депонијата во Адис Абеба усмрти 48 лица


Адис Абеба, 13 март, 2017 - 12:45 (META) 

Најмалку 48 загинати и десетина исчезнати е последниот биланс од свлечиштето на депонијата во близина на Адис Абеба, главниот град на Етиопија.

Причината за големото свлечиште и поместување на ѓубрето во депонијата, која постои повеќе од 50 години, доправа ќе се утврдува.

Локалното население вели дека причина за несреќата е реактивирање на дел од депонија, која била надвор од функција неколку години.

– Им велевме да не фрлаат ѓубре на врвот на купот. Мислам дека одлуката на градските власти да активираат дел од депонијата е главната причина за несреќата во која практично исчезнаа најмалку 20 куќи – вели Асефа Теклемахуманот, локален жител.