fbpx
Таг: светска банка

таг: светска банка

ММФ ја намали прогнозата за пораст на економијата од 3,5 на 3,2 отсто

Меѓународниот монетарен фонд ги намали проекциите за пораст на македонската економија за 2017 година. Во најновата пролетна прогноза се предвидува пораст од 3,2 проценти, за разлика од есенската прогноза на ММФ која предвидуваше 3,5 отсто пораст. За следната година, ММФ предвидува пораст на економијата од 3,4 проценти, а во 2021 година - 3,8 проценти. Најновите економски прогнози за цел свет се објавени во...

СДСМ: Извештајот на Светска банка упатува дека е итно потребна новата влада

„Извештајот на Светска банка потврдува зошто за економијата и за граѓаните е итно потребно да се овозможи избор на новата реформска влада. Светска банка проектира најнизок пораст на економијата за Македонија од земјите во регионот, од само 2,8 проценти во 2017 година“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод извештајот на Светска банка за Македонија. Во него се додава...

Светска банка предвидува најмал економски пораст за Македонија во регионот

Светска банка за Македонија предвидува економски пораст од 2,8 проценти, најмал од земјите во регионот, се вели во редовниот економски извештај за Западен Балкан. Порастот, како што се наведува во извештајот, значително забави како последица на намалените инвестиции, кои беа погодени од политичката криза. Тој, во голема мера беше движен од градежништвото, главно преку јавните инвестиции (автопати). Фискалниот дефицит се намали, но...

Задолжувањето да не се користи за политички цели, велат од Министерство за финансии

Министерството за финансии води одговорна политика на управување со јавниот долг, која не е и не може да биде предмет на дневно-политички манипулации, се вели во реакцијата на Министерството за финансии на соопштението на СДСМ. - Во согласност со Законот за јавен долг и максималниот износ за задолжување на домашниот пазар, објавениот календар за аукции, како и во согласност со...

Светска банка ќе издвои 57 милијарди долари за Африка

Светска банка соопшти дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестиции во следните три години во државите во Африка. Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која ќе дава бескаматни кредити на најсиромашните земји. Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, оваа недела ќе ги посети Руанда...

Грција побарала заем од Светската банка

Грција побарала заем од Светската банка, пренесува американскиот интернет-магазин „Политико“. Сумата засега не е јавно позната, а како што пишува „Политико“, извор од банката изјавил дека грчката влада побарала финансиска помош за да се справи со проблеми како долгогодишната невработеност и потребата за економски развој и социјална заштита. Според „Политико“ и грчкиот весник „Катимерини“, грчката влада официјално не го потврдува барањето...

Светска банка предвидува пораст на македонската економија од 3,3 проценти годинава

Домашниот бруто-производ (БДП) на Македонија ќе се зголеми 3,3 проценти оваа година и 3,7 проценти следната година, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните перспективи. Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза лани, кога се предвидуваше пораст на економијата од 4 проценти. Светска банка за глобалната економија годинава предвидува пораст од 2,7 проценти, што е исто така...

Московичи: Грција е подготвена да сврти нова страница

Во тензична клима на несогласувања меѓу грчката влада и претставниците на Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и Еврпската централна банка и на неможност да се постигне договор на клучни теми, денеска во Атина пристигнува еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московичи. Московичи ќе се сретне со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, и со министерот за финансии, Евклидис Цакалотос. Грција се надева на...

Кристалина Георгиева: Не ја напуштам Европската комисија поради кампањата во ОН

Поранешната еврокомесарка Кристалина Георгиева во интервју за бугарското национално радио вели дека напуштањето на Комисијата не е поради кампањата за генерален секретар на Обединети нации. Како што вели, таа ја одобрила промената на кандидатите за генерален секретар на ОН. - Моето учество во кампањата за Обединети нации беше поради тоа што одредени држави од Источна Европа му предложија на нашиот...

Кристалина Георгиева е назначена за главен и извршен директор на Светска банка

Поранешната еврокомесарка за хуманитарна помош и за вонредни ситуации, Кристалина Георгиевa, денеска е назначена за главен извршен директор на Светска банка. - Европската комесарка за буџет на ЕУ и потпретседателката на Европската комисија, Кристалина Георгиева од Бугарија, поднесе оставка на таа функција во Брисел за да стане извршен директор на Светска банка – се наведува во соопштението на Комисијата, а...

Министерот Миноски учествуваше на годишните средби на Светска банка и на ММФ

„Најголем дел од приоритетите што ги има Владата во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност“, изјавил министерот за финансии, Кирил Миноски, на средбата...

Албанија на 14. место од 82 земји според успешноста во јавно-приватно партнерство

Албанија е на 14. место од 82 земји во светот, според успешноста на јавно-приватно партнерство, објави Светска банка. Ова постигнување е резултат на анализата направена во четири области: подготовка на проекти, набавка, управување на несакани предлози и управување со договори. Во подготовката на проекти, Албанија од вкупно 100 добила 67 поени, 75 бода добила за управување со несакани предлози, 78 за...

Николов: Со овој неразвоен буџет се проектира нов дефицит и долгови од 305 милиони евра

„Владата ги игнорира укажувањата на Светска банка дека мора да почне да ја намалува задолженоста и да почне фискална консолидација, бидејќи јавниот долг ќе достигне повеќе од 50 проценти од домашниот бруто-производ. И во 2017 година Владата со овој неразвоен буџет проектира нов дефицит и нови долгови од 305 милиони евра“, истакна претседателот на собраниската Комисија за финансирање и буџет,...

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. - Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив...

Светска банка ни предвидува економски пораст од само 2 проценти, најмал во регионот

Економскиот пораст во Македонија се очекува да забави и да достигне ниво од само 2 проценти во 2016 година под влијание на намалувањето на инвестициите, се вели во најновиот економски извештај на Светска банка за Југоисточна Европа, кој денеска беше презентиран во Скопје. - Првпат по шест години, инвестициите имаа негативен придонес во економскиот пораст, што е спротивно на земјите...

МФ ги повикува општините да аплицираат за средства за капитални проекти

Министерството за финансии денеска објави јавен повик до општините за да аплицираат за средствата од вториот проект за подобрување на општински услуги (МСИП2). Средствата кои се во износ од 25 милиони евра, се обезбедени преку Светска банка и се наменети за капитални проекти во општините со кои ќе се подобрат условите за живеење. Условите под кои општините ќе можат да аплицираат...

Во септември странците ќе завршат со процената за штетата од поплавите

Процената што треба да ја направи тимот на Европска Унија, Обединети нации и на Светска банка за штетите од катастрофалните поплави што се случија на почетокот на месецов, ќе биде завршена на крајот на септември, се вели во заедничката изјава на ЕУ, ООН и на Светска банка. Стратегијата за обнова треба да ги идентификува приоритетите и да даде детална процена на трошоците, обезбедувајќи...

Бочварски: Македонија најмалку инвестира во патишта од земјите во регионот

„Во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13 отсто од планираните инвестиции во инфраструктурата. Вложени се незначителни 27 милиони евра. Дополнително, со ребалансот на буџетот, власта во заминување ги намали средствата за капитални инвестиции за дури 45 милиони евра“, изјави претседателот на комисија за транспорт и врски и член на СДСМ, Благој Бочварски. Тој додаде дека „Македонија...

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на глобалната економија

Светска банка ја намали прогнозата за пораст на светската економија за оваа година од 2,9 проценти, колку што прогнозираше во јануари, на 2,4 проценти. Во земјите на еврозоната се очекува пораст од 1,6 проценти, што е на исто ниво како и минатата година. Светска банка ја намали проекцијата за порастот на американската економија од 2,4 на 1,9 проценти. Како еден од главните...

Поради политичката криза, ќе запрат странските кредити

Поради политичката криза, меѓународните финансиски институции ќе ги запрат кредитите за Македонија пишува „Призма“. Дипломатски извори од Скопје велат дека Светска банка ја прекинала втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија, со која требаше да се обезбедат заеми за 57 општини за инвестиции во инфраструктурата, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...