fbpx
Таг: сведок

таг: сведок

Одбраната на Мијалков во случајот „Трезор“ тврди дека обвинението е неосновано

Во завршните зборови за случајот „Трезор“, одбраната на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков истакна дека обвинението е неосновано и од него не може да произлезе кривична одговорност. Адвокатот Петар Василев ги побиваше наводите дека Мијалков лично бил во Лондон, каде што наводно преговарал со претставници на ГАМА и договарал набавка на опрема од оваа компанија. На...

Заев како сведок во „Титаник“ посочи неколку институции кои биле вмешани во изборните нерегуларности

Премиерот Зоран Заев денеска сведочи на суд за предметот „Титаник“ кој се однесува на изборни нерегуларности. Тој посочи неколку институции преку кои се вршеле притисоците врз гласачите како што се УЈП, Државниот пазарен инспекторат, Трудовиот инспекторат, Финансиска полиција, Шумска полиција. „Центрите за социјална помош беа злоупотребени, тие шетаа со списоци од примателите на социјална помош и им се закануваа дека...

Ахмети како сведок денеска и утре ќе дава исказ пред Специјалното обвинителство за Косово

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска и утре ќе дава исказ пред истражителите на Специјалното обвинителство за воените злосторства во Косово, како сведок за неговата улога во ОВК. Ахмети е повикан во овој Суд како сведок на обвинението поднесено за воени злосторства покренато против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на ДПК, Кадри Весели. Во врска со сведочењето, Ахмети минатиот...

Телохранителот на Груевски предложен за сведок за крвавиот четврток

Оливер Вуксановиќ, адвокатот на обвинетиот Александар Василевски-Нинџа, во воведниот говор за судењето рече дека одбраната ќе докаже оти некои од обвинетите воопшто не го познавале Нинџа, а не, пак, да му ги слушаат наредбите. -Немало акт на насилство, ниту некој се заканувал, ниту обвинетиот имал умисла и намера да го изврши кривичното дело - рече Вуксановиќ. Во воведниот говор адвокатот рече...

Загрозениот сведок во „Монструм“ кажа дека видел четири тела кај Смилковско езеро

Во Кривичниот суд за време на сослушувањето на загрозениот сведок од предметот „Монструм“, тој кажа дека на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро видел четири тела. Претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер Рауфи. Загрозениот сведок, кој исказот го...

Зекири во судница препозна двајца напаѓачи на Села, кои барале „албанска крв“

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во сведочењето во Основен суд Скопје 1 за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, рече дека во обвинетите препознал двајца што го извлекле Села од групата пратеници.  Друг сведок пак рече дека од насилниците се слушало дека бараат „албанска крв“. Закири рече дека човекот што...

Талат Џафери во судница препозна петмина од напаѓачите на Села

Претседателот на Собранието, Талат Џафери како сведок за обидот за убиство на Зијадин Села во парламентот на 27 април лани, препозна пет од 10-те обвинети, кои на денешното судење во Основниот суд Скопје 1 беа донесени од притвор. Џафери ги посочи обвинетите Стојан Павлески, Андреј Мицов, Николче Димитриевски, Кире Ѓорѓиевски и Оливер Ошавковски. -Тие беа првите кои влегоа во прес-салата на...

Рочиштето за „Тарифа“ прекинато, откако му се слоши на сведок, следното закажано за 1 март

Судијката Софче Гаврилова Ефремова го прекина денешното рочиште за случајот „Тарифа“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој првообвинет е поранешниот директор на ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, откако на вториот сведок, Влатко Чакаровски, му се слоши во судницата додека даваше исказ. Тој рече дека и вчера не се чувствувал добро и бил советуван од лекар да земе боледување. Следното рочиште судијката го...

Рочиштето за Села ќе продолжи на 19 февруари, сведокот ја смени изјавата од истрагата

Денешното судско рочиште на напаѓачите на лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и обидот за негово убиство во Собранието на 27 април, траеше седум часа, а беа испрашани само двајца сведоци. Адвокатот на Села рече дека лидерот на Алијансата за Албанците нема да дојде и да сведочи поради партиски обврски, но и затоа што расправата се оддолжи со распитот на...

Врховен ја укина пресудата против Костовски за шпионажа, а ја потврди за прислушувањето

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Звонко Костовски беше осуден за шпионажа во случајот „Пуч“ и предметот во овој дел го враќа на повторно судење во првостепениот суд. Истовремено Врховниот суд ја потврдил одлуката на Кривичниот суд за делото неовластено прислушување и тонско снимање, за што Костовски доби една година затвор. Костовски, кој е...

Рочиштето за „Сопот“ одложено – сведокот немал важечка лична карта

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ во Основен суд Скопје 1 беше одложено, откако судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами. Следното рочиште, како што кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска, ќе се одржи на 20 декември. Денешното рочиште требаше да почне со сведочењето на Бајрами, но кога тој требаше да се идентификува, покажа стара лична карта, со сини корици,...

Адвокатот Додевски повикан како сведок во СЈО за случајот „Талир“

Aдвокатот Никола Додевски ќе биде повикан како сведок во Специјалното јавно обвинителство за случајот „Талир“ и тој нема да може да биде адвокат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, за овој случај, кој е првоосомничен пишува порталот „Сакам да кажам“ (www. sdk.mk). Од Специјалното јавното обвинителство ја потврдиле информацијата, но не кажале повеќе детали во врска со...

Сослушан сведок, расправа за „Маѓар Телеком“ одложена за 10 јули

На главната расправа на судењето за случајот „Маѓар Телеком“, во кој обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, се товарат за злоупотреба на службената положба, денеска беше сослушан еден сведок, по што беше одложена за 10 јули, соопштија од Основниот суд Скопје 1. Обвинетите поранешни раководни лица од „Маѓар Телеком“ кои држеа клучни позиции во Македонски телеком се шест...

ЛДП: Груевски да понесе политичка и морална одговорност поради масовното прислушување

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, да понесе политичка и морална одговорност за масовното прислушување, за кршењето на основните човекови права и за уништувањето на демократијата воопшто, се вели во соопштението на Либерално-демократската партија (ЛДП). - Наместо да се крие зад пораки на „Фејсбук“ за изградба на локални патишта и канализации, Груевски да излезе пред македонската јавност и да се извини...

Истрагата за случајот на Крпач по три месеци од „интензивна“ премина во „активна“

Скопското обвинителство по речиси три месеци сè уште „активно постапува“, односно води предистражна постапка за случајот на Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во Капиштец со прострелна рана во градите. Обвинителството на 2 јуни соопшти дека досегашната истрага покажала дека Крпач се самоубил, но дека постапката по предметот продолжува и понатаму за да се...

СЈО: Имаме изјава од Крпач дека му се заканувале

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) поседува изјава од Коста Крпач во која тој ги известува за заканите што ги добивал, изјави денеска на прес-конференција, портпаролката на СЈО, обвинителката Ленче Ристоска. Таа додаде дека овие докази ги имаат кај нив, а до Основното јавно обвинителство Скопје биле доставени сите релевантни податоци што можат да помогнат во истрагата за околностите за смртта на Крпач. Ристоска...

Обвинителството за смртта на Крпач бара податоци од СЈО, МВР и од судот

Основното јавно обвинителство Скопје денеска од Специјалното јавно обвинителство, МВР и до Основниот суд Скопје 1 побарало да му достават податоци и документи во врска со истрагата за смртта на Коста Крпач. Податоците и документацијата, како што соопштиле од прес-службата на Обвинителството за „Телма“, биле побарани заради расветлување на настанот. Оттаму потврдиле дека се очекуваат дополнителни наоди кои ги побара Обвинителството во...

Кривичен суд: На барање на СЈО, издадовме налог за претрес во домот на Крпач

Судија на претходна постапка, на почетокот на овој месец на барање на Специјалното јавно обвинителство издал наредба за претрес во домот на Коста Крпач, соопшти попладнево Основниот суд Скопје 1. Оттаму додаваат дека од судот била издадена и наредба за одземање документи од Централниот регистар за две фирми, од кои на една, во одреден период, како сопственик се јавува Крпач. „Во...

Крпач ли беше сведокот поради кој Јанева бараше надлежност во заштитата на сведоци?

Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека Коста Крпач, кој вчера беше најден мртов во неговиот стан, со прострелна рана во градите, бил сведок во една од предистражните постапки што ги води СЈО. Тој, како што соопштија оттаму, доброволно се пријавил во СЈО и соработката со него била беспрекорна. „Ова јавно обвинителство поседува докази за многу релевантни околности, вклучително и за притисокот...

СЈО: Крпач доброволно се јави како сведок, знаеме за притисоци врз него

Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) најостро ги демантира наводите на одредени медиуми дека правело каков било притисок врз сега покојниот Коста Крпач. „Ве известуваме дека лицето Коста Крпач доброволно се јави во ова јавно обвинителство и имаше својство на сведок во рамки на една предистражна постапка. Соработката...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...