fbpx
Таг: сведочење

таг: сведочење

Груевски на судењето за „Шамари“ го снимаа две рачни камери без тон

Денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013, случај во јавноста познат како „Шамари“, во кој обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште десетина други лица, се снимаше со две рачни камери, откако вчера и денеска адвокатите на одбраната побараа и добија одложување на рочиштата за случаите „Траекторија“ и „Тотал“, бидејќи немаше услови за...

Сведочат заштитените сведоци за „Диво Насеље“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје ќе сведочат заштитените сведоци за случајот во кумановска населба Диво Насеље. Бидејќи станува збор за заштитени сведоци, рочиштето ќе биде затворено за јавноста, односно на новинарите нема да им биде дозволено присуство. До крајот на август рочиштата да бидат тајни бидејќи треба да се сослушаат околу 40 заштитени сведоци, а од септември повторно да бидат...

„Фабрика за афери“: Новинарот на „Фокус“, Арсиќ, не откри кој му ги дал личните карти

Новинарот од „Фокус“, Љубиша Арсиќ, кој преку новинарски текстови ја обелодени аферата со фалсификуваните лични карти, денеска во судот сведочеше како сведок на Обвинителството во случајот „Фабрика за афери“. Тој посочи дека 105 лични карти му ги предало непознато лице, а на прашањето дали го знае изворот, Арсиќ рече дека поради новинарската етика и професија нема да го открие изворот што му...

Полицајците од Гошинце сведочеа за нападот на караулата на 21 април минатата година

На денешното рочиште од судењето за настаните во Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, искази дале петмина сведоци на Обвинителството, четворица полицајци од караулата Гошинце и роднина на еден од обвинетите. Полицајците, како што пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на информации од официјални претставници на судот, раскажале дека биле нападнати од две групи, кои ги...

Љубе Бошкоски пет часа сведочеше во СЈО за „Кампања“

Пет часа траеше распитот во Специјалното јавно обвинителство на поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, осуден во случајот „Кампања“. Зградата во која се просториите на СЈО, Бошкоски ја напушти со полициска придружба 15 минути по 18 часот, накратко поздравувајќи се со неколкумина свои симпатизери, кои го чекаа пред зградата. Адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев, во изјава за медиумите потврди дека распитот на...

Шилегов: Груевски да дојде јавно да сведочи пред Анкетната комисија

Петре Шилегов, пратеник од редовите на СДСМ и претседател на Анкетната комисија за скандалот со незаконското прислушување, упатил писмо до премиерот Никола Груевски во среда, на 20 јануари, да се појави на седницата на комисијата и јавно да сведочи. Шилегов упатил и писмо до Трајко Вељаноски да не закажува пленарна седница, за да може да биде исполнет условот, седницата на...

Членовите на Анкетната пак се скараа, Ставрески нема да сведочи

Седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која денеска требаше да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, е прекината. Членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, како и вообичаено, повторно се скараа за дневниот ред, по што претседателот на комисијата, Петре Шилегов, ја прекина седницата. Во изјава за новинарите, Шилегов рече дека е целосно нефер кон граѓаните од вкупно...

Сведочењето на Ставрески пред Анкетната комисија почна, па се откажа

Сведочењето на министерот за финансии, Зоран Ставрески, пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, е откажано. Денеска, пред да почне неговото сведочење, тој на новинарите им изјави дека дошол да одговори на сите прашања на членовите на комисијата. - Денеска сум тука да одговорам на сите прашања што ќе ми ги постават членовите на комисијата, со цел успешно работење на комисијата – изјави...

Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Поради отсуството на Јанакиески, членовите на Комисијата не го изгласаа дневниот ред и седницата беше прекината. В четврток, на 17 декември, пред комисијата треба да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој требаше да се појави на 10 декември, но поради...

Груевски: Седницата беше затворена затоа што не сакав СДСМ да прават конфликти

Премиерот Никола Груевски, по сведочењето пред членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, призна дека не побарал седницата да биде затворена поради класифицирани информации, туку за да не им дозволи на СДСМ да прават театар од сведочењето во комисијата. - Денеска навреме дојдов да сведочам и да одговорам на сите прашања што ги имаат членовите на Анкетната комисија. Можам да...

Груевски кусо и штуро одговарал на прашањата

Одговорите на премиерот Никола Груевски кои моментално ги дава на прашањата на членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, биле многу штури, брифираат извори од комисијата. Како што велат, работата се одвива во мирна атмосфера и досега премиерот не издал никакви класифицирани информации.

Новинарите избркани, почна сведочењето на Груевски

Почна седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да сведочи премиерот Никола Груевски. Откако претседателот на комисијата, Петре Шилегов, рече дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го известила дека премиерот не сака да влезе во салата додека новинарите се присутни, тој ги повика новинарите да излезат надвор. Пред да влезе на седницата, Груевски рече дека е таму за...

Груевски инсистира да сведочи на затворена седница

Премиерот Никола Груевски, кој денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, не влегува во собраниската сала бидејќи новинарите се сè уште внатре и комисијата не ја затворила седницата за јавност. Од друга страна, претседателот на комисијата, Петре Шилегов, засега не ги повикува новинарите да ја напуштат салата, што предзвика напнатост и тензии меѓу членовите на комисијата...

Денеска нова седница на Анкетната комисија

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е сослушување на сведоците што ги предложија партиите. Според јавно изнесениот распоред на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, денеска пред членовите треба да се појават министерот за финансии, Зоран Ставрески, и советникот на премиерот, Мартин Протоѓер. Но, Ставрески вчера информирал дека не може да...

Хаџиски отфрла вина и тврди дека не се сеќава на убиството на Јошевска

Скопјанецот Миле Хаџиски, против кој во Основниот суд Скопеј 1 денеска почна новото судење за бруталното убиство на Мери Јошевска, пред 22 години, во двочасовното сведочење ја отфрли вината за убиството на Јошевска, тврдејќи дека не се сеќава на ништо. „Се сеќавам дека отидов кај неа дома за да ми даде пари за набавка на цигари, кои ги препродавав во скопските...

Сведочењето на Богоевски за „Маѓар телеком“ ја разбранува ДУИ

ДУИ ќе поднесе соодветна пријава против поранешниот шеф на тајната служба Слободан Богоевски, кој, како што пренесе интернет-порталот „Мејн џастис“ (Main Justice), специјализиран за инсајдерски вести поврзани со активностите на американското Министерство за правда, објави дел од неговото сведочење за поткуп во „Маѓар телеком“, во кое обвинува високи функционери на Демократската унија за интеграција за вмешаност во аферата. „Сведочењето е конструкција на...

„Не бегав ни во 2001 година, нема ни сега“, сведочи за „Мета“ очевидец на настаните во Куманово

„Мета“ разговараше со жител на населбата Серава, кој живее на неколку стотини метри од т.н. Диво Насеље и чиј прозорец гледа директно на населбата. Тој вели дека сега е мирно и пукање нема веќе три часа. Утрово околу 7 часот биле разбудени од силни пукања, кои траеле интензивно, а потоа и спорадично. - Сега е мирно, нема никакви истрели. Мислам дека заканата е елиминирана и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...