fbpx
Таг: сведочење

таг: сведочење

Битиќи, Бочварски и Макрадули сведочеа за Зекири: Пошта треба да има 56 вработени, а се над 250

На предлог на одбраната вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска сведочеа во судскиот процес во кој поранешниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зекири е обвинет дека без постапка за јавна набавка склучил договори за консултантски услуги за анализа на...

Доналд Трамп повикан да сведочи за неговата улога во немирите во САД од 6 јануари минатата година

Комисијата на Претставничкиот дом која ги истражува немирите што се случија на 6 јануари 2021 година во Капитол во САД му издала покана за сведочење на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, јавија медиумите во САД. Комитетот, кој оваа одлука ја донел едногласно, бара сведочење под заклетва од Трамп, чии поддржувачи упаднаа во Капитол додека Конгресот беше состанат за да ја...

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци - секретарката на бизнисменот Александар Ивановски - Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во 2008 и 2009 година, коишто...

Иванов за насилствата на 27 април: Небулоза и дел од сценарио е дека сум сакал да прогласам воена состојба

Информациите дека на 27 април 2017 година планирал да прогласи воена состојба, поранешниот претседател на државата, Ѓорге Иванов на денешното сведочење во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека се небулози и дека оваа теза е за негова дискредитација, пишува порталот 360 степени. „Сѐ што е поврзано со воена состојба произлезе од текст објавен во еден неделник, една недела пред...

Јанкулоска и Мијалков денеска сведочеа во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушкување

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и екс-директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков денеска сведочеа на судското рочиште во случајот „Таргет-Тврдина“. Јанкулоска денеска во Кривичниот суд-Скопје изјави дека не знаела оти ќе се уништува опремата со која е извршено масовното прислушкување, иако таа ја потпишала одлуката за формирање на комисијата во УБК. Таа тврди дека од...

Јанкулоска нападите во Собранието ги гледала на телевизија, тврди ВМРО-ДПМНЕ не е организатор

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска сведочеше за нападот во Собранието, којшто се случи на 27 април 2017 година. Таа во исказот пред судот изјавила дека дента кога се случиле нападите, била во партиското седиште до 17 часот и потоа заминала дома, од каде што на телевизија го следела нападот во Собранието. Јанкулоска во сведочењето исто така изјави дека...

Русковска: Oдбраната не успеа да докаже дека Василевски не бил во седиштето на партијата на „27 април“

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за обвинетите за организирање на нападите во Собранието на 27 април. Обвинителката Вилма Русковска смета дека одбраната не успеала да докаже дека Александар Василевски Нинџа не бил во седиштето на политичката партија. „Ако се погледат листинзите од движењето на Александар Василевски Нинџа, на тој ден, ќе се види дека едниот телефон бил исклучен некаде после...

Ѓорчев на сведочењето за насилствата од 27 април: Некој сакаше да се случат проблеми

Тој 27 април беше лош ден за Македонија. Кој е тој што доби, а кој изгуби? ВМРО-ДПМНЕ најмногу изгуби, а триесетина луѓе завршија на Голи Оток, рече на денешното сведочење за насилствата во Собранието на 27 април, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев. Според него, настаните на 27 април не биле исклучок туку голем план, бидејќи како што рече „некој сакаше...

Рустеми: Не почувствував закана или влијание од Јанева што да кажам на распитот

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за истрагата за „Рекет“ не даде детали за исказот, туку потенцираше дека немало обид да се влијае врз него. - Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам...

Одложено сведочењето на обвинителот Рустеми за „Рекет“

Одложено е сведочењето на Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство, Бурим Рустеми, кое требаше да се случи денеска во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Рустеми требаше да дава исказ за „Рекет“, но тоа е одложено поради денешното судско рочиште за случајот ТНТ, во кое Рустеми е обвинител. Одложувањето е поради неговите обврски на денешното рочиште...

Бошкоски: При апсењето, од полицајците слушнав „ова ти е поздрав од шефот“

Mногу ми е жал што се случи таков настан, настан што сакам да го избришам од мојата меморија, но еве со денешново судење ми се враќа како нова епизода од мојот живот, рече Љубе Бошкоски на денешното рочиште во Кривичниот суд, на кое се сослушува во својство на сведок. Одговарајќи на прашање од обвинителот на СЈО, Љубомир Лапе, Бошкоски рече дека...

Со сведочење на Љубе Бошкоски, денеска продолжува судењето за „Тортура“

Судењето за предметот „Тортура“ на СЈО продолжува денеска со сведочење на оштетениот Љубе Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Сашо Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки за време на изборна кампања. Според...

Загрозениот сведок во „Монструм“ кажа дека видел четири тела кај Смилковско езеро

Во Кривичниот суд за време на сослушувањето на загрозениот сведок од предметот „Монструм“, тој кажа дека на 12 април 2012 година кај Смилковското езеро видел четири тела. Претходно адвокатот Алмир Алиспахиќ се обиде да ја провери и оспори меморијата на загрозениот сведок прашувајќи го како на претходното рочиште биле облечени тој и неговиот колега Насер Рауфи. Загрозениот сведок, кој исказот го...

Продолжува сведочењето на загрозениот сведок во „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со сведочење на загрозениот сведок продолжува судењето за предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство кај Смилковско езеро, сторено на 12 април 2012 година. Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, претходното рочиште го прекина поради замореност на загрозениот сведок, по неговото сослушување од страна на СЈО и еден од адвокатите од одбраната. Загрозениот...

Азири, обвинетиот во „Монструм“ тврди дека бил тепан за да го признае делото

Обвинетиот во „Монструм“ Хаки Азири, кој првично бил загрозен сведок, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 раскажа како на први мај 2012 година бил брутално апсен, тепан, плашен, носен по полициски станици низ Македонија, но и во МВР, присилуван да признае дека помогнал тероризам, поради што и на крајот пред истражен судија дал изјава под притисок на...

Зекири во судница препозна двајца напаѓачи на Села, кои барале „албанска крв“

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во сведочењето во Основен суд Скопје 1 за обидот за убиство на Зијадин Села што се случи на 27 април минатата година во Собранието, рече дека во обвинетите препознал двајца што го извлекле Села од групата пратеници.  Друг сведок пак рече дека од насилниците се слушало дека бараат „албанска крв“. Закири рече дека човекот што...

Навремената лекарска помош го спасила Села од смрт, судењето продолжува на 19 март

Навремената медицинска помош го спасила лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села од смрт на 27 април, минатата година кога беше нападнат во Собранието, рече доктор Здравко Чакар, кој заедно со уште двајца колеги од Институтот за судска медицина сведочеше на денешното рочиште од судскиот процес против десетмината обвинети за обид за убиство на Села. Покрај нагмечување на...

Села: Од Собранието ме извлекоа маскиран како полицаец

Лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник, Зијадин Села на 27 април во прес-центарот во Собранието добил неколку удари во главата со монитор, со копје од знаме и со даска, слушајќи закани дека ќе биде убиен. Села денеска сведочеше во Кривичниот суд во Скопје на судењето во кое десет лица се обвинети за обид за убиство врз него. Од ударите Села...

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на Села, кои се товарат за...

Бенон и Левандовски добиле повик за сведочење

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон и поранешниот шеф на кампањата Кори Левандовски, повикани се да сведочат пред конгресмените во истрагата за вмешаност на Русија во претседателските избори во 2016 година. Двајцата добиле писма од одборот за разузнавачи работи на Конгресот, барајќи од нив да сведочат на почетокот на јануари. Одборот се уште нема добиено одговор ни од...

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...