fbpx
Таг: свадба

таг: свадба

Јемен: Во воздушни напади убиени 131 лице на свадба

Најмалку 131 лице во Јемен се убиени при воздушен напад на коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, јавуваат светските медиуми. Коалицијата, чија мета биле шиитските бунтовници, по грешка од воздух нападнала свадба во селото Ел Вахга, во близина на морскиот теснец Баб ел Мандеб. Меѓу жртвите има најмалку 80 жени. Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, ги осуди нападите во Јемен повикувајќи...

Авганистан: 21 загинат на свадба

Најмалку 21 лице загинаа, а 10 се ранети во огнена пресметка на една свадба во Авганистан, соопшти гувернерот на провинцијата Баглан, Џавид Башарат. Пресметката избила доцна синоќа, меѓу две групи гости на венчавка во областа Андараб. Повеќето од убиените се сватови на старост од 14 до 60 години, додаде Башарат. Шефот на полицијата Андараб, Гулистан Казани, рече дека непријателството на двете групи...

Џенсон Батон се ожени со „болид“

Некогашниот шампион во Формула 1, Џенсон Батон, и манекенката Џесика Мичибата се венчаа на Хаваите. Батон е во врска со манекенката од 2008 година. „Среќна Нова година од господин и од госпоѓа Батон“, напиша 34-годишниот Батон на својот твитер-профил. На британскиот возач Батон, кој вози за тимот на Мекларен, претстојната сезона ќе му биде 16. по ред во кариерата.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...