fbpx
Таг: Св.Климент Охридски

таг: Св.Климент Охридски

Одбележан денешниот празник „Св. Климент Охридски“

Со низа на активности, денешниот државен празник 8 Декември - „Св. Климент Охридски“ беше одбележан во земјава од страна на властите. Централната манифестација се одржа во НУБ „Св.Климент Охридски“ во центарот на Скопје, а доделувањето на Наградата „Св.Климент Охридски“ беше организирана во македонското Собрание. Владина делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската...

Претседателот со честитка по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православната вероисповед. „Дозволете ми да Ви упатам искрени честитки по повод големиот христијански празник Св. Климент Охридски и да Ви посакам празникот да го...

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2023 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша конкурс за доделување на оваа награда за 2023 година, информираше Министерството за култура. Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварување во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Во една година може да се доделат...

Османи и Милков за прв пат заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје

Еден ден пред официјалниот празник, денеска за прв пат, претставници на македонската и бугарската влада, заеднички го чествуваа Свети Климент Охридски во Скопје. Министрите за надворешни работи на двете држави Бујар Османи и Николај Милков положија цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред Националната универзитетска библиотека и ја посетија изложбата на дела од еминентни ликовни уметници на кои е...

Македонскиот тим од историската комисија: Препораките се пораз на историските митови во двете земји

Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Веќе беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата, стои во реакцијата на македонскиот тим во Заедничката комисија за историски и...

Доделена државната награда „Св. Климент Охридски” за 2021 година

Универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, за остварување во областа на воспитанието и образованието, писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академскиот сликар – костимограф Елена Дончева, во областа на културата и уметноста, се годинешните добитници на државната награда „Св. Климент Охридски”. Наградите, денеска им ги врачи академик Газанфер Бајрам од Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски, на...

Пендаровски: Духовното и книжевното дело на Свети Климент Охридски е трајно врежано во македонското културно наследство

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Во честитката тој пишува дека, како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив...

Пендаровски: Делата и мудроста на Свети Климент Охридски да ни бидат водилка и патоказ низ премрежјата

По повод 8-ми декември, денешниот христијански празник, Свети Климент Охридски, претседателот Стево Пендаровски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, со која им го честита празникот на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви упатам најсрдечни честитки по повод големиот празник...

УКЛО подготвува стратегија за новата академска година во која се разгледуваат две сценарија

Додека се чека последниот збор на МОН и Комисијата за заразни болести за тоа како ќе се одвива академската година на универзитетите во земјава, на факултетите веќе течат подготовките. Дел од нив ги разгледуваат опциите за онлајн, а дел за комбинирана настава. Високите образовни институции ќе се водат според мислењето на нивните студенти, чиј заклучок е донесен по анкетите...

Владата ќе додели 50 стипендии на странци со македонско потекло за упис на државните универзитети

Владата ќе додели вкупно 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Северна Македонија за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот Полуостров кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип, на Универзитетот за...

Понеделник 9 декември е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани. Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.

Андоновски, Тавитјан и Плевнеш, добитници на наградата „Св.Климент Охридски“

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2017 година. Во областа на воспитанието и образованието, добитници на наградата се професорот и писател Венко Андоновски и историчарот Наим Алими. Во областа на културата и уметноста, добитници на наградата се музичарот Гарабет Тавитјан, писателот Јордан Плевнеш и филмологот Илинденка Петрушева. - Без филм, филмска критика и...

Г.г. Стефан: Мора да сфатиме дека работите треба да се решаваат низ дијалог

„За нашиот верен народ и за нашата независна држава, сè уште останува еден од проблемите – тоа што Македонската православна црква (МПЦ) е неприфатена во сеправославното семејство, за жал, од политички причини. Па, Охрид и Црквата во Македонија ниту ги измисливме, ниту се создадени за штета на другите, туку за слава на Бога и за спасение на нашиот богољубив...

МОН: На државните универзитети годинава упис на 26.105 студенти

Министерството за образование и наука (МОН) извести дека вчера Владата донела одлука за распишување конкурс за упис на студенти на државните универзитети, за кои ќе има 26.105 места. Од нив 13.953 места се за редовни студенти во државна квота, 8.367 места се за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места се за вонредни студенти. „Со тоа обезбедени се доволно места...

Спомен-плоча во чест на научникот Михајло Пупин во Охрид

На камбанаријата покрај црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид, денеска, на посебна свеченост, во рамките на одбележувањето на патрониот празник на градот, Св. Климент Охридски - Чудотворец, ќе биде откриена спомен-плоча во чест на донаторот на црковното ѕвоно, научникот со светска слава од почетокот на минатиот век - Михајло Пупин. Плочата е донација на невладиното здружение „Лајонс клуб Лихнидос“ од...

Денеска во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“

Денеска напладне во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „Свети Климент Охридски“ за 2016 година. Наградата е највисоко признание за долгогодишни остварувања и придонес во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и на унапредувањето на човековата околина и социјалната дејност од јавен интерес. Наградата, во областа на воспитанието и образованието, годинава ќе му биде доделена...

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, утре, во 12 часот, ќе го додели признанието за 2016 година, во свечената сала на Собранието. Наградата e највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во...

Иванов ќе се обрати на свечена академија по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе има свое обраќање на свечената академија во Македонскиот народен театар (МНТ) по повод државниот празник 8 Декември - Свети Климент Охридски и одбележувањето на 1.100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски, соопштија од кабинетот на Иванов. Во рамките на свечената академија, Иванов ќе го одликува професорот на теолошкиот факултет, Јован Таковски, со...

Доделена наградата „Св. Климент Охридски“

Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на предлог на специјалната комисија, одлучи највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, да ја добие основното музичко училиште „Методи Патче“. Оваа образовна установа, како што нагласи на прес-конференција Бакрачески, веќе половина век продуцира извонредни музичари, дел од нив светски познати и признати, кои достојното го презентирале Охрид на домашните и...

МТСП: 8 декември е неработен ден за сите граѓани на РМ

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во согласност со Законот за празниците, 8 декември (четврток), кога се празнува денот на свети Климент Охридски, е неработен ден за сите граѓани Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика им го честита празникот на граѓаните кои го чествуваат и го слават патронот св. Климент Охридски.