fbpx
Таг: суспензија

таг: суспензија

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство

Царинската управа на РСМ за Порталб.мк потврди дека двајцата цариници кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да ја помине границата со Бугарија се казнети, односно едниот бил отпуштен од работа, а другиот бил казнет со намалување на платата за 15 отсто за период од шест месеци. Вториот цариник веќе е вратен на работното место. „За утврдените неправилности...

На Доналд Трамп ќе му биде дозволено да се врати на Фејсбук и Инстаграм

Компанијата „Мета“ вчера објави дека ќе му дозволи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да се врати на Фејсбук и Инстаграм, две години по неговата првична суспензија, пренесуваат медиумите во САД. Во својот блог „Мета“ рече дека ќе ги врати корисничките сметки на Трамп во текот на следните неколку недели. Доколку поранешниот претседател уште еднаш ги прекрши политиките за содржина...

Твитер ги избриша профилите на новинари кои известуваат за Илон Маск

Твитер ги суспендираше сметките на новинарите што известуваат за платформата за социјални медиуми и нејзиниот нов сопственик Илон Маск, а меѓу суспендираните се новинари на Њујорк Тајмс, Вашингтон Пост, Си-Ен-Ен, Гласот на Америка и други медиумски организации, јави Асошиејтед прес. Твитер не им објасни на новинарите зошто се отстранети нивните профили, но Маск вчера вечерта ги обвини новинарите дека споделуваат...

Трајче Пеливанов назначен за привремен шеф на местото на суспендираната Русковска

Обвинителот Трајче Пеливанов привремено ќе ја врши функцијата прв човек Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, до истекот на суспензијата на Вилма Русковска. Одлуката е донесена на денешната 64. седница на Советот на јавни обвинители од каде што објаснуваат дека е назначен привремен шеф бидејќи станува збор за обвинителство каде што се гони сериозен организиран криминал и не треба...

Обвинителите ја одбија жалбата, суспензијата на Русковска останува во сила

На денешната 63 седница, која не беше отворена за јавноста, членовите на Советот на јавни обвинители едногласно ја одбија жалбата на шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска. За отфрлање на нејзината жалба гласаа обвинителите Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски, Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова. Со тоа нејзината суспензија останува во сила до...

Русковска: После ова што ми се случи, не верувам дека друг обвинител сериозно ќе продолжи да постапува по предметите

Русковска-Краја
Шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за нејзината суспензија. Во изјава за медиумите таа не сакаше да каже детали за содржината, со образложение дека прво Советот треба да се запознае со жалбата, па потоа и јавноста. Русковска истакна дека предметите што ги водела треба да продолжат да се процесираат, но...

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, информираат...

Двајца цариници ќе бидат суспендирани од работа, а нивниот раководител санкциониран

Двајцата цариници кои биле на смена кога кобниот автобус на „Беса транс“ излегол од државата ќе бидат суспендирани од работа бидејќи излезот на возилото не го евидентирале електроснки. Нивниот раководител ќе биде санкциониран. Ова сноншти го најавија преку соопштение од кабинетот на директорот на Царината. „Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници електронски...

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители на Ново Маало и...

Инспектор од СВР Скопје доби кривична пријава за кражба на златен накит

Ж.И. кој бил главен инспектор во Сектор за внатрешни работи - Скопје, е суспендиран и доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. Полицијата го обвинува дека сторил злоупотреба на службената положба и овластувања, односно при увид за тешка кражба во куќа, украл златен накит. Како што извести МВР, инспекторот бил уапсен и предаден...

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од членот 155 на шпанскиот устав,...

Шпанскиот суд ја суспендира седницата на каталонскиот парламент за прогласување независност

Уставниот суд на Шпанија го суспендираше одржувањето на седницата на каталонскиот парламент, закажана за понеделник, на која требаше еднострано да биде прогласена независноста на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми. Според судот, таквиот потег би бил кршење на шпанскиот устав. Администрацијата на лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон, претходно соопшти дека планира да прогласи независност на покраината на 9 октомври. Шпанскиот премиер, Маријано Рахој, денеска...

Европратеник суспендиран поради сексизам

Европскиот парламент денеска суспендираше полски пратеник на 10 дена откако за време на дебата изјави дека жените треба помалку да заработуваат од мажите затоа што се „послаби, понежни и помалку интелигентни“. Претседателот на парламентот, Антонио Тајани, рече дека Јануш Корвин Мике е суспендиран од обврските во парламентот на 10 дена, нема да добива дневници 30 дена и ќе му биде забрането...

ЕУ: Повикот за суспензија на дијалогот со Белград не е во интерес на Косово

Повикот за суспензија на дијалогот меѓу Косово и Србија, во усвоената резолуција на косовскиот парламент, не придонесува за нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина и не е во согласност со досегашната посветеност на Косово на тој процес, соопштила денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Парламентот на Косово усвои резолуција со која се бара...

Разрешени 291 вработен во турската морнарицата

Турското министерство за одбрана привремено суспендира 168 офицери и 123 подофицери од морнарицата, поради сомневање дека се поврзани со обидот за државен удар, извршен 15 јули. Како што јавуваат турските медиуми, министерство за одбрана им додели откази на 15 офицери и на четворица подофицери од флотата. По неуспешниот обидот за преврат, турските власти им доделија откази или суспендираа повеќе од 110.000...

Русија и Сирија ги суспендираа воздушните напади на Алепо

Руската и сириската воена авијација ги прекинаа воздушните напади на градот Алепо, во пресрет на осумчасовниот прекин на огнот закажан за четврток оваа недела, поради хуманитарни причини, соопшти Москва. Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, како што пренесува „Би-би-си“, изјавил дека воздушните напади биле суспендирани утринава. Тој ги повикал бунтовниците и цивилното население, кои се наоѓаат во источниот дел на...

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“. Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата на печатот. Аселборн во интервјуто за...

Две години суспензија за Шарапова поради позитивниот тест за допинг

Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за натпреварување поради позитивниот тест за допинг што го имаше на „Австралија опен“, соопшти Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ). ИТФ ја одреди казната за Русинката, која беше позитивна на супстанцата „мелдониум“, која од 1 јануари 2016 година е на списокот забранети супстанци. Лекот се користи за срцеви заболувања, но помага за проширување на крвните садови, а...

Платини останува под суспензија, арбитражниот суд му ја отфрли жалбата

Арбитражниот суд за спорт ја отфрилил жалбата на претседателот на УЕФА, Мишел Платини, со која тој бара да му биде укината суспензијата од 90 дена, јавува „Би-Би-Си“. Поради суспензијата, на претседателот на УЕФА му се забранети какви било активности поврзани со фудбалот. Платини и претседателот на Светската фудбалска организиација (ФИФА), Сеп Блатер, беа суспендирани на почетокот од октомври поради истрагите што се...

Светската антидопинг агенција бара суспензија за Русија

Русија треба да биде суспендирана од атлетските натпреварувања, препорача денеска Светската антидопинг агенција (WADA). Независна комисија на агенцијата ги истражува обвиненијата дека руските атлетичари ги плаќале своите претставници за допинг да ги снабдуваат со забранети супстанци и да им ги прикриваат резултатите од тестовите, додека Меѓународната атлетска федерација е обвинета за прикривање и за злоупотреби. Исто така, се препорачува на пет атлетичари...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...