fbpx
Таг: Сухејл Фазлиу

таг: Сухејл Фазлиу

НДП на Весел Мемеди се закани со излегување од власта ако биде разрешен Фазлиу

Претседателот на НДП, Весел Мемеди, кој е потпретседател на Собранието, денеска на прес-конференција објави дека ако биде разрешен министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, неговата партија ќе се повлече од власта. Мемеди рече дека ќе поднесе оставка и за пратеничкото место и на функцијата потпретседател на Собранието, а неотповикливи оставки ќе поднесат и кадрите на НДП на директорски места...

Фазлиу: Ќе се инвестираат 4,7 милиони евра за 43 проекти во планските региони

Mинистерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, информираше дека во осумте плански региони ќе бидат реализирани 43 проекти во вкупна вредност од 290 милиони денари или 4,7 милиони евра. Од нив, 38 се инфраструктурни проекти, а пет се проекти за подготвка на техничка документација. До Министерството за локална самоуправа биле доставени вкупно 49 апликации, а од нив се избрани 43 проекти...

Со средства од ИПА ќе се отвора преминот Маркова нога помеѓу Македонија и Грција

Работни групи на техничко ниво од Македонија и од Грција, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија, денеска во Скопје оддржаа состанок на кој се разговарало за подготвителните активности за отворање на нов граничен премин во месноста Маркова нога и на територијата на населеното место Лемос на грчка страна, во Преспанскиот регион, информираат од Министерството за локална самоуправа. На...

Фазлиу: Раководителот на Финансиска полиција да се зафати со вистинскиот криминал

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, против кого Управата за финансиска полиција вчера поднесе кривична пријава за овозможување незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра, денеска се огласи со реакција. Фазлиу порачува дека тој нема одговорност во овој случај, туку дека вината треба да се бара кај неговиот претходник, кој исто така доби кривична пријава вчера за овој...

Кривични пријави против сегашниот и поранешниот министер за локална самоуправа

Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, како и неговиот претходник Лирим Шабани, министер за локална самоуправа во периодот 2015-2017 година, потоа една државна советничка од Министерството за локална самоуправа како и една одговорна службеничка за спроведување на ИПА Оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија, денеска добија кривични пријави за незаконска исплата на хонорари во износ од 37.750 евра. Управата...

Потпишани договори во вредност од 5 милиони евра за прекугранична соработка со Грција

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска во Владата изјави дека до 2020 година, за проекти за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, од страна на Европската унија се обезбедени вкупно 45,5 милиони евра, од кои 50 отсто за проекти кои што ќе бидат имплементирани во Македонија. Средствата за национално кофинансирање ги обезбедува Министерството за локална самоуправа од буџетот на државата. Денеска во...

Еден милион евра за проекти за 30 општини и за осумте плански региони   

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон, денеска го отворија форумот на кој се презентираа условите и критериумите за финансирање на проекти во планските региони и во општините, во рамките на  проектот „Подобрување на општинското управување”, финансиран од Европската унија, во вкупна вредност од 2,4 милиони евра. - Во рамките на проектот што Министерството...

Фазлиу и претставници на 11 општини во Брисел на состанок на Комитетот на регионите

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претставници на уште 10 општини од Македонија се во Брисел на состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на ЕУ. Фазлиу на 14-тиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет вчера, се заблагодари на Европската Комисија (ЕК) за силната поддршка во спроведувањето на реформите за...

Швајцарската влада ќе помогне со 5,4 милиони франци за регионален развој

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада го претставија новиот проект „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финансиски поддржан од швајцарската Влада. Фазлиу нагласи дека вкупната вредност на проектот е 5,4 милиони швајцарски франци, а ќе го имплементираат Министерството за локална самоуправа и канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања. Проектот во првата компонента ќе помогне...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...