fbpx
Таг: Судски совет

таг: Судски совет

Поразителни бројки за судството: Судиите соочени со притисоци, не веруваат во Судскиот совет и не се чувствуваат безбедни

Притисоците или обидите за влијание врз судиите од нивните колеги или судиите од повисок ранг и од членовите на Судскиот совет се зголемени за повеќе од 10 отсто, во споредба со 2009 година. Судиите не се чувствуваат безбедни во секојдневниот приватен живот и во просториите на судот. Тие не веруваат ниту во Судскиот совет - 72 проценти од анкетираните...

Судскиот совет ги прифати оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски

Судскиот совет на денешната итна седница го констатираше престанокот на мандатите на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и на Зоран Герасимовски, по нивното давање оставки. Оставките завчера беа депонирани во архивата на Судскиот совет, а на денешната 444. седница, тие беа констатирани. Врховната судијка Мирјана Радевска-Стефкова изјави дека од кога е член на Советот имала определени моменти на разидување во однос на заземените...

Блупринт група: Оставки треба да поднесат сите членови на Судскиот совет

Блупринт групата за реформи во правосудството смета дека одлуката на двајцата члена на Судскиот совет кои поднесоа оставки од нивната функција е во добра насока и се надеваат дека и другите членови ќе го следат овој чекор. Инаку, вчера, по повеќе тензични случувања во институцијата надлежна за именување и разрешување судии, неотповикливи оставки од членови на Судски совет поднесоа судиите...

Двајца членови на Судскиот совет поднесоа оставки

Судиите Мирјана Радевска-Стефкова од Врховниот суд и Зоран Герасимоски, судија од скопскиот Апелациски суд, поднеле неотповикливи оставки од функциите членови на Судскиот совет. Причините за оставките сè уште не се познати, а Герасимоски во изјава за Мкд.мк рече дека ќе почека оставката да биде констатирана на седница па јавно ќе ги кажел причините за одлуката преку портпаролот. Оставката, како што...

Судскиот совет расправаше за судир на интереси на експретседателката Дамева

Расправии и меѓусебни обвинувања повторно се случуваат во Судскиот совет. На денешната седница на точка на дневен ред беше ставен евентуален судир на интереси на разрешената претседателката Весна Дамева. За Дамева имало обвинувања дека учествувала во постапки при одлучување одговорност за судии, каде што како странка се јавувал нејзиниот сопруг. Според Судскиот совет, сопругот на Дамева, Младен Дамев, претседател на...

Холандија се откажа од финансирање на проект за Судскиот совет: „Тоа е нелегитимно тело“

Холандија стави во мирување голем проект со Судскиот совет, изјави во интервју за Радио Слободна Европа холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој, оценувајќи ги последните случувања во советот рече дека тој се претворил во нелигитимно тело. „Сите случаи на СЈО, еден по еден тонат, а тоа е многу лош развој. Сега го имаме и случајот со Судскиот Совет...

Поранешната претседателка Дамева со тужба и со кривична пријава за разрешувањето од Судскиот совет

Весна Дамева, поранешната претседателка на Судскиот совет која беше разрешена од функцијата на контроверзен начин, кој експертите го протолкуваа како незаконски, поднела тужба до Управниот суд и кривична пријава до Основното јавно обвинителство за нејзиното разрешување. Во разговор со Порталб.мк, Дамева вели дека доколку институциите не утврдат одговорност во разумен рок, таа е подготвена во јавноста да ги каже сите...

Платформа на граѓански организации: Сите членови на Судскиот совет да поднесат оставка

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од сите членови на Судскиот совет да си поднесат оставки. Во испратеното барање за поднесување оставки се наведува дека веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет и од стандардите за транспарентно и отчетно работење на оваа институција. „На 26 април 2023 година, Судскиот...

Георгиев: Судскиот совет ќе ја зголеми транспарентноста, седниците ќе ги снима МИА

Судски совет со мене како претседател ќе покаже дека ќе ја зголеми транспарентноста и отчетноста во работата на Судскиот совет, изјави пред почетокот на денешната седница новоизбраниот претседател на Судскиот совет Сашко Георгиев, која овојпат во живо се емитуваше на Фејсбук профилот на државната агенција МИА. Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) вчера го осуди непринципиелниот однос на новиот претседател,...

Претседателката на Врховен Адеми: Настаните во Судскиот совет не се добар пример, да се престане со несоодветни толкувања

Настаните во Судскиот совет не се добар пример, а изјавите за политички влијанија треба соодветно да се образложат. Најдобар одговор на обидите за политичко влијание или каков било вид на влијание е личниот интегритет и доследното почитување на уставното начело на поделба на власта. Да се ​​почитуваат препораките на меѓународниот фактор и да се престане со несоодветни толкувања и...

На првата седница на Судскиот совет со нов претседател отстранети снимателите, реагира ЗНМ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осуди денешниот непринципиелен однос на новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, кој ги отстрани присутните сниматели на првата седница како претседател, а дозволи присуство само на новинарите. „Фактот дека една долго воспоставена позитивна пракса за следење на расправата со присуство на сниматели е прекината со едно нелогично образложение дека снимателите ја попречуваат...

Дамева: Судскиот совет немаше правна основа да ја исклучи јавноста

Разрешената претседателка на Судскиот Совет (СС) на РСМ има право кога вели дека вчерашните седници (три) на кои СС ја повлече одлуката за разрешување од 28 април, па изгласа нова за разрешување со повеќе гласови, па закажа трета на која избра нов претседател на СС, се, де факто, настани кои не се во целост засновани на правото и на...

Блупринт групата: Судскиот совет продолжува со незаконито и нетранспарентно постапување

Блупринт групата за реформи во правосудството денеска искажа сериозна загриженост за последниот развој на настаните во Судскиот совет на РСМ (ССРСМ). Односно, како што се вели во јавната реакција на Блупринт групата, вчера во период од помалку од четири часа, ССРСМ одржа дури три одделни седници „на кои, наместо да ги исправи повредите сторени на седницата на 26 април...

Сашко Георгиев експресно избран за нов претседател на Судскиот совет

Со осум гласа „за“ и четири „против“, на седница на Судскиот совет која беше закажана надвор од работното време, со соопштение кое доцна попладнево стигна до новинарите, за нов претседател беше избран Сашко Георгиев. Досегашната претседателка Весна Дамева не присуствуваше на денешната седница на Судскиот совет. Таа беше разрешена под околности кои дел од експертската јавност ги оцени како незаконски,...

Судскиот совет повторно не избра нов претседател, седницата беше одложена

Преку соопштение, Судскиот совет денеска извести дека се одложила денешната седница на која требаше да се избира нов претседател, откако минатата недела беше разрешена досегашната претседателка Весна Дамева, случај кој предизвика жестоки реакции и дебати во јавноста. Во соопштението на Судскиот совет не е наведена причината за денешното одложување, ниту пак пишува за кога е закажана новата седница. „Судскиот совет на...

Адеми за Порталб: Со разрешувањето на Дамева, Судскиот совет не прекрши ниту еден закон

Разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, продолжува да ја бранува јавноста, по обвинувањата за политичко влијание, но и за незаконско постапување од страна на членовите на советот. Реакциите за разрешувањето не стивнуваат, особено во делот на начинот на кој беше разрешена претседателката на Судскиот совет, со оглед на тоа што познавачите тврдат дека нема законска можност да...

Не стивнуваат реакциите за разрешувањето на Дамева, дополнително се расклатува довербата во судството

За последните случувања во Судскиот совет, кога на скандалозна седница со кавги и препукувања беше разрешена претседателката Весна Дамева, денеска реагира и Врховниот суд, од каде што велат дека „внимателно ги следат случувањата и го охрабруваат советот да ја надмине состојбата, првенствено во интерес на граѓаните“. „Врховниот суд како највисок суд во државата и носител на судската власт истакнува дека...

Седницата на Судскиот совет се одложи, Министерството за правда бара увид во вчерашниот записник

Се одложи седницата на Судскиот совет на која, по вчерашното разрешување на претседателката Весна Дамева, која експертската јавност го оцени како скандалозно, требаше да се избере нов претседател. Заменик-претседателот Селим Адеми рече дека причина за одложувањето е тоа што е потребно присуство на седницата на сите 13 членови. За одложувањето гласаа осум, додека четири членови беа против. Седницата е презакажана за...

Жестоки реакции по разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, се бара преиспитување на одлуката

Блупринт групата за реформи во правосудството ја изразува својата загриженост околу ескалирањето на состојбата при утврдувањето на дневниот ред на вчерашната седница на Судскиот совет, која заврши со разрешување на претседателката на Советот. Големи реакции околу експресното разрешување на Весна Дамева стигнуваат и од голем број поранешни судии, адвокати, експерти од правосудниот систем и од Антикорупциската комисија. Дамева беше разрешена вчера,...

На седница на која вриеше од кавги и обвинувања, разрешена претседателката на Судскиот совет Весна Дамева

По кавги и меѓусебни обвинувања, денешната седница на Судскиот совет заврши со разрешување на претседателката Весна Дамева, по низа обвинувања од страна на заменик претседателот на советот, Селим Адеми. Меѓу другото, Адеми ја обвини Дамева дека го криела писмото од американската амбасадорка Анџела Агелер во кое се изразува загриженост за состојбите во правосудството. „Прво, не сум го криела писмото. Јас бев...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...