fbpx
Таг: судски процес

таг: судски процес

ЗНМ: Претставка до Судски совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување од рочиште

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Судски совет за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судијата Јованка Спировска Панева од Основен граѓански суд Скопје за сторена дисциплинска повреда - нестручно и несовесно вршење на судиската функција, информираат од ЗНМ. На 13-ти октомври се одржа рочиште за постапка поведена по поднесена тужба за утврдување на граѓанска...

Камбери го изгуби синот во несреќата кај Ласкарци: Изгубивме четири години на празни муабети во судската постапка

Џеват Камбери, чиј син го загуби животот во трагичната несреќа на автобусот на „Дурмо Турс“ кај селото Ласкарци на 13 февруари 2019 година, ја изрази својата разочараност од судската постапка, која и по повеќе од четири години нема епилог, пишува Порталб.мк. „Поминаа скоро пет години, но не само толку, ќе поминат и други пет години. Ги разбирам јас овие работи,...

Битиќи, Бочварски и Макрадули сведочеа за Зекири: Пошта треба да има 56 вработени, а се над 250

На предлог на одбраната вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и поранешниот директор на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, денеска сведочеа во судскиот процес во кој поранешниот секретар на Владата на Северна Македонија, Мухамед Зекири е обвинет дека без постапка за јавна набавка склучил договори за консултантски услуги за анализа на...

Вратен на работа еден од цариниците кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца во странство

Царинската управа на РСМ за Порталб.мк потврди дека двајцата цариници кои го пуштија автобусот на „Беса Транс“ без лиценца да ја помине границата со Бугарија се казнети, односно едниот бил отпуштен од работа, а другиот бил казнет со намалување на платата за 15 отсто за период од шест месеци. Вториот цариник веќе е вратен на работното место. „За утврдените неправилности...

Почетокот на судењето на Жан Митрев одложено за 12 мај

Судскиот процес против Жан Митрев и неговата приватна болница денеска беше одложен за 12 мај. Кардиохирургот со неговите бранители денеска беше присутен во судот, а причина за повторното одложување на судењето е тоа што одбраната не успеала да изврши увид во списите на предметот кои се во Апелацискиот суд. Пред зградата на судот, десетина оштетени граѓани протестираа со транспаренти против...

Трамп пред судот се изјасни за невин и рече дека Америка оди кон пеколот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред судот во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за 34 кривични дела за кои претходно беше уапсен. Трамп синоќа се предаде, по што беше уапсен и беше изведен на историското појавување на суд, така што стана првиот американски претседател кој бил уапсен и се соочил со кривични дела, пишува Си-ен-ен. Обвиненијата против Трамп...

Скапо го враќаме кредитот за изградба на автопатите, Кина остана во земјава да гради и со европски пари

Северна Македонија зеде кредит од кинеската Ексим банка за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, при што во моментов скапо ги враќа ратите од кредитот поради рекордното зајакнување на американскиот долар во однос на македонскиот денар. Во меѓувреме, по повеќе од осум години и шест месеци од почетокот на градежните работи, автопатот Кичево - Охрид...

СДСМ бара оставки од Мицкоски, Милошоски и другите обвинети во „Титаник“, за ВМРО ова е дефокусирање

По вчерашното признавање вина на поранешни високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ во судскиот процес за случајот „Титаник“, од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска побараа од Христијан Мицкоски и сите високи функционери кои во минатото биле инволвирани во изборни измами и притисоци врз граѓаните да си поднесат оставка од ВМРО-ДПМНЕ. „Во Извршниот комитет на Мицкоски и во пратеничката група на...

Јанкуловска, Јанакиески и Протоѓер признаа вина во случајот „Титаник“

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на кабинетот на на пребеганиот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, како и пет други обвинети лица, признаа вина на денешното судско рочиште за случајот „Титаник“. Судскиот процес почнува по трет пат од почеток поради смена на поротник. Обвинетите се дел од поранешното раководство...

Нови сведоштва пред судот за тоа како Никола Груевски купил два стана на „Бихаќка“

Судскиот процес за случајот „Плацеви на Водно“ продолжи денеска со сведочењата на двајца сведоци - секретарката на бизнисменот Александар Ивановски - Теранова, Татјана Стојановска, сосетката на поранешниот премиер Никола Груевски, Бисерка Јовковска и сопственикот на „ИГМ Трејд“ од Кавадарци, Илија Гечев. Татјана Стојановска на судењето посведочи како фиктивно купила два стана на улицата Бихаќка во 2008 и 2009 година, коишто...

Протоѓер, Јанкулоска и Чинговски сведочеа за случајот „Плацови на Водно“

Мартин Протоѓер, Гордана Јанкулоска и Влатко Чинговски денеска се појавија во Основниот кривичен суд во Скопје како сведоци на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“. Тие одговараа на прашањата за финансирањето на партијата, од чии донации според тезата на обвинителката Лиле Стефанова, поранешниот премиер Никола Груевски купувал атрактивни плацови. Поранешниот шеф на кабинетот на Никола Груевски, Мартин Протоѓер потврди дека Груевски...

Симеон Ананиев: Истрагата и судењето за несреќата во Бугарија може да трае и 5 години

Мета.мк направи интервју со Симеон Ананиев, претседател на Здружението на вешти лица на Бугарија и професор на Универзитетот по транспорт „Тодор Каблешков“ од Софија по несреќата со автобусот на „Беса транс БТБ“ што се случи минатата недела на автопатот „Струма“ во близина на бугарскиот град Перник. Несреќата на автобусот „Беса Транс БТБ“ на автопатот „Струма“ предизвика шпекулации за причината за...

ZOOM се согласи да плати 86 милиони долари за загрозување на приватноста на корисниците

Компанијата која ја поседува ZOOM-алатката за одржување видео конференциски настани, подготвена е да плати 86 милиони долари за загрозување на приватноста на корисниците, јавуваат светските агенции. Компанијата на овој начин се надева дека ќе го разреши случајот со поднесената тужба за заштита на приватноста на корисниците во САД. Во тужбата против ZOOM се тврди дека е нарушена приватноста на милиони...

Одбраната на Мијалков тврди дека обвинението за случајот „Тортура“ е непоткрепено со докази

Одбраната на Сашо Мијалков на денешното изнесување на завршните зборови во случајот „Тортура“ изјави дека поднесеното обвинение против него претставува гола формулација што е непоткрепена со докази. Неговиот адвокат Љупчо Шврговски рече дека Мијалков не поттикнал мачење, нечовечко и сурово постапување при апсењето на Љубе Бошковски. Покрај поранешниот директор на УБК којшто е осомничен за кривично дело „мачење и...

Антонио Милошоски и останатите обвинети во „Моќник“ се изјаснија за невини пред судот

По неколкуте одложувања, денеска во Основниот кривичен суд-Скопје започна судскиот процес за случајот „Моќник“, во кој како обвинети се јавуваат пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, неговиот татко Милош Милошоски, поранешниот градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војневски, поранешниот претседател на Комисијата за лустрација Томе Аџиев, Јанаке Витановски, Новица Велјановски, Ѓорѓи Милошевски, Шпенд Винца, Агим Мехмети и Даут Даути. Обвинетите лица...

Судење за несреќата кај Ласкарци: Сопственикот на „Дурмо турс“ прстот го вперува кон возачот

На денешното судско рочиште за тешката автобуска несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај Ласкарци сведочеше првообвинетиот во случајот „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули. Тој пред судот изјави дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа, објаснувајќи дека не се чувствува виновен за оваа несреќа. Белули на судското рочиште рече дека жали за несреќата...

Демонстрантите на протестот за „Монструм“ се повлекоа откако полицијата употреби шок бомби

Полицискиот кордон со оклопни возила употреби шок бомби, со цел да ги натера демонстрантите на протестот за случајот „Монструм“ да се повлечат. Демонстрантите претходно ја нападнаа полицијата која беше поставена пред Трговскиот центар „Мавровка“ за да ги спречи да го продолжат протестот кој беше предвиден да продолжи до Кривичниот суд и подоцна да заврши пред Владата. Демонстрантите неколку пати фрлаа...

Утре протест против пресудата за случајот „Монструм“, ќе бидат блокирани повеќе сообраќајници

Утре попладне поголем дел од северниот дел на Скопје и просторот околу Судска палата ќе биде блокиран поради протест против изречените казни за обвинетите во случајот „Монструм“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), според најавата на организаторите, протестот ќе почне во 13 во паркот Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ близу Фудбалскиот стадион, а ќе продолжи кон Основен...

По изречените казни, роднини на осудените во случајот „Монструм“ најавија протест во петок

Незадоволни од донесената пресуда од три доживотни и две казни од по девет и 15 години затвор за случајот „Монструм“, роднини на осудените повикаа на протест бидејќи како што кажаа, тоа е единствениот начин на борба. Бедри Ајдари, роднина на еден од осудените во случајот, денеска пред Кривичниот суд во Скопје рече „ова е еден вид на војна“. „Ова не...

Талат Џафери сведочеше за настаните од 27 април во Собранието, следното рочиште е на 16 октомври

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска сведочеше за насилството што се случи на 27 април во парламентот. Тој, како што истакна денеска во Кривичниот суд, на 27 април имал смртен случај во семејството, починал брат му и затоа повремено доаѓал на седницатa. Оттука, поради тоа, немал лично сознание дали 31 пратеник доставиле писмо до претседавачот Трајко Вељаноски, кој е обвинет...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...