fbpx
Таг: судска администрација

таг: судска администрација

Судската администрација преку протести во Скопје побара зголемување на платите

Два протести во ист ден на судската администрација се случува денеска во Скопје, со барање за зголемување на платите за 78 отсто. Едниот протест го организира Независниот синдикат на судска администрација, додека другиот Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ). Двата протести се организираа на различни локации, односно пред Кривичниот суд, Министерството за правда,...

Вработените во обвинителствата и во судовите идната недела стапуваат во штрајк

Вработените во обвинителствата ќе започнат со штрајк идната среда, на 27 септември, а два дена подоцна ќе им се придружат и колегите од судовите, најавија на денешната прес-конференција претставниците на Синдикатот на сојузот на Македонија и Синдикатот на УПОЗ. Со ова, повеќе од 2.500 вработени ќе го изразат незадоволството од висината нивните плати, кои во просек изнесуваат околу 25.000 денари....

Штрајкот на судската администрација во мирување, но протестите ќе продолжат

Наместо да почнат со штрајк, стотиците вработени во судската администрација сепак се одлучија да продолжат со преговори со надлежните власти во врска со нивното барање за зголемување на платите. Наместо штрајк и заканите со прекин на нивната работа, администрацијата во судовите ќе продолжи со работа во наредните денови. Но, тие ќе продолжат и со организирањето протести - следниот веќе...

Судската администрација денеска на протест, од утре на штрајк

Стотици вработени во судската администрација денеска излегоа на протест во Скопје, со барање за зголемување на нивните плати, и тоа за 78 отсто на минималната плата во судската служба и за 35 отсто на додатокот за плата за судските службеници. Тие протестираа пред владиното седиште и пред Министерството за правда, а бидејќи не биле прифатени нивните барања на средбата...

Од 1 септември генерален штрајк на судската администрација ако нема повисоки плати

Вработените во судската администрација денеска вторпат излегоа на протест пред судовите и ги повторија своите барања за покачување на плата и додатоци на плата. Овој протест, за разлика од претходниот кој се одржа само пред Основниот кривичен суд во Скопје, беше поддржан од сите судови во земјава – од Битола и Тетово до Струга и Штип. Вработените во судската администрација...

Беса Адеми: Судиите и судската администрација се жалат на Судскиот совет, не ги вклучил во системот за имунизација

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, во разговор за Порталб.мк зборува за моменталната состојба во Врховниот суд, откако повеќе од еден месец го води највисокиот суд во Северна Македонија. Таа вели дека соработката со Судскиот совет треба да се унапреди, бројот на стари предмети во Врховниот суд е мал, а не очекува проблеми во понатамошната работа, освен одредени рецидиви...

УПОЗ: Караџовски излажа и ја остави судската администрација и без плата и без нејзино зголемување

Откако Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) остро реагираа денеска, обвинувајќи ги првиот човек на Судскиот буџетски совет, Зоран Караџовски, и одговорните лица во Министерството за финансии, дека пред празниците не само што не го добиле најавеното зголемување на платите од 10 отсто, туку и уште не добиле...

Судската администрација го бојкотира Денот на правосудството

Одбележувањето на 31 Март, Денот на македонското правосудство, денеска минува со бојкот на  судската администрација. Од Здружението на судска администрација на Република Македонија велат дека се принудени да не дадат поддршка на годинешните активности за одбележување на празникот и дека остануваат на своите барања за зголемување на платите. – Некогаш револтот е поголем поради занемарување на сите финансиски работи. Воопшто, во...

ВМРО-ДПМНЕ: Штрајкот на судската администрација е поради стравот од избори на СДСМ

СДСМ денеска покажа дека штрајкот на мал дел од судската администрација е само во функција на нивниот страв од изборно соочување и на продолжение на деструктивното однесување, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Во изминатиот период платата на раководните судски службеници е зголемена повеќе од 15 отсто, на стручните судски службеници повеќе од 20 отсто,...

Шилегов: ВМРО-ДПМНЕ се однесува насилнички кон судската администрација

Насилничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и на интересите на злосторничкото здружување во врвот на оваа партија, вели портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во денешната изјава за медиуми. - Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската администрација, власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за...

Адвокатска комора: Што побргу да се најде решение за штрајкот на УПОЗ

Од Адвокатската комора на Македонија апелираат што поскоро да се најде прифатливо решение за штрајкот на вработените во судската администрација, затоа што, како што велат, и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите. „Адвокатската комора ги поддржува напорите на двете страни за што поскоро наоѓање на прифатливо решение за проблемите што се причина за штрајкот. Со целосно почитување на законското...

Судската администрација порача: Работа имаме, праведност немаме

Судската администрација денеска излезе на протест пред Министерството за правда. На големиот протест уште еднаш побараа средба со министерот Валдет Џафери за да почнат преговори за исполнување на нивните барањата. Судската администрација бара промена на два члена од Законот за судски службеници, со кои се изедначуваат платите и додатоците со другите вработени во судовите. Доколку министерот и денеска одбие да се...

Судската администрација од утре стапува во штрајк

Синдикатот на работниците од управата, правосудните ограни и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска соопшти дека штрајкот во судовите, кој двапати беше одложуван, ќе почне утре и ќе трае сè до исполнувањето на нивнита барања, пренесува порталот „Нова ТВ“. Од УПОЗ бараат повисоки плати и исплата на додатоци во висина од 35 отсто за судските службеници. „УПОЗ и Здружението за судска администрација, за да...

Протест на судската администрација: Да се повлечат лошите закони

Со барање да се повлечат лошите закони во администрацијата, вработените во судската администрација го почнаа протестот пред Собранието. Демонстрантите протестот го продолжија кон Министерството за информатичко општество и администрација и објектот на Владата. Организатори на протестот се Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ и Здружението на судска администрација. Судската администрација бара исплата на пет проценти ветени...

Штипските судови целосно го поддржаа штрајкот на судската администрација

Во периодот од 10.30 до 12.30 часот останаа затворени судниците во штипскиот Основен суд и во Апелацискиот суд. Судската администрација одржа предупредувачки штрајк во знак на протест поради, како што истакнуваат, неповолните решенија од Законот за судска служба од 2014 година. Без судската администрација, и судиите ги прекинаа судењата. - Претпладнето сите од судската администрација, без исклучок, ја прекинаа работата -...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...