fbpx
Таг: судири

таг: судири

Столтенберг: Тензиите на Западен Балкан мора да се намалат за да се избегнат судири

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за српската новинска агенција „Бета“ оценува дека е неопходно да се намалат актуелните тензии во регионот на Западен Балкан за да не дојде до инциденти и судири. Тој нагласува дека НАТО го остварува својот дел од „изградбата на безбедноста со регионалните партнери“. „НАТО го цени партнерството со Србија и јас сум горд...

Околу 15.000 Курди во Стразбур побараа ослободување на Абдула Очалан

Околу 15.000 луѓе денеска се собраа во Стразбур на годишниот собир на Курдите во Европа, на кој демонстрантите побараа автономен статус за Курдистан и ослободување на нивниот лидер Абдула Очалан, јавуваат агенциите. Полицијата во Стразбур навела дека на собирот имало меѓу 12 и 15 илјади луѓе. Демонстрантите во Стразбур пристигнале од Германија, како и од делови на Франција, Белгија...

Инциденти и судири на Крит помеѓу грчки земјоделци и вработени на пристаништето

Голема група грчки земјоделци се судрија со вработени на пристаништето на Крит, гневни поради еднонеделниот штрајк на вработените во поморските служби. Поради штрајкот, веќе една недела нема ниту еден брод од и кон островите во Грција што создава големи проблеми за снабдувањето на островите, но и за земјоделските производи кои треба да се пренесат кон копно. Групата земјоделци се собра на пристаништето...

Жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Атина

Атина повторно преживеа сцени на насилни судири и хаос на вчерашните протести за одбележување на годишнината од убиството на младиот Александрос Григоропулос, кој беше жртва на полициско насилство. Полицијата уапси 25 и приведе 26 лица во немирите кои траеја со часови во центарот на градот и во бунтовната населба Ексархија. Ексархија наликуваше на бојно поле. Демонстрантите напаѓаа со стотици молотови...

Жестоки судири меѓу полицијата и анархистите во Атина

Полицијата уапси 13 лица и приведе петмина во синоќешните немири во Атина, на протестот за одбележувањето на годишнината од Политехнио, бунтот против воената хунта во 70-тите години на минатиот век. Атинската бунтовна населба Ексархија со часови наликуваше на воено поле поради постојаните судири меѓу групи анархисти и полицијата. Анархистите со часови напаѓааа со молотови коктели, камења, па дури фрлаа и...

Судир меѓу турските и курдските сили долж турско-сириската граница

Пет проектили се испукани од територија што ја контролира курдската милиција во Сирија на турската провинција Хатај, што предизвика возвратен напад на турската војска, соопшти армијата на Турција. Во соопштението се наведува дека проектилите се испукани околу 5.50 часот наутро по локално време и оти нема жртви и причинета материјална штета во нападот, кој бил изведен во ненаселено подрачје. Турската војска возврати,...

Инциденти во Солун и на Хиос поради бегалската криза

Два нови инциденти се случиja во Грција поврзани со огромниот број бегалци распоредени низ целата држава. Во солунската населба Ореокастро, каде се наоѓа еден од големите бегалски центри во Северна Грција, избија судири меѓу националисти, полицијата и анархисти по протест против бегалците во државата, додека на островот Хиос повторно беше запален дел од бегалскиот камп Суда. Во Ореокастро се судрија повеќе...

Турција: Ослободувањето на Рака со помош на Курдите може да предизвика нови судири

Офанзивата која е поведена за ослободување на сирискиот град Рака од Исламска држава, со помош на курдските борци, може да предизвика етнички судири, изјави висок претставник на Турција и предупреди дека операциите не треба да предизвикаат нови судири. Претставникот, кој побарал да остане анонимен, рекол дека група поврзана со Сириските демократски сили (СДС), која ја поддржуваат Курдите, и курдската милиција...

Седумнаесет загинати во судири во Јемен

Најмалку 17 борци загинаа вo Јемен во судирите со бунтовничките и провладините сили, соопштија денеска јеменските власти во Аден. Бунтовниците денеска одбележуваат две години од заземањето на главниот град Сана. Борбите се интензивираа во Јемен откако на 6 август пропаднаа мировните преговори меѓу шиитските бунтовници Хути и владата, која има поддршка од Саудиска Арабија. По 18-часовните борби на југозападот на земјата, загинаа...

Жестоки судири меѓу бегалци на Лезбос

Бегалскиот камп Морија на островот Лезбос помина уште една пеколна ноќ. Ноќеска, околу полноќ, во кампот избија судири меѓу групи бегалци од Сирија, Авганистан и од Ирак. Во судирите има десетици повредени, а пет деца и двајца возрасни се пренесени на лекување во болницата во градот. Како што јавува грчката информативна агенција АПЕ, судирите избиле во делот каде престојуваат само...

150 лица загинаа во судири во Јужен Судан

Во Џуба, главниот град на Јужен Судан, во судири меѓу владините сили и припадници на бунтовнички групи, кои траат два дена, загинаа 150 лица. Како што јавуваат светските агенции, судирите почнале во реонот околу претседателската палата, а потоа се рашириле во повеќе делови на градот. Во времето кога почнале борбите, во претседателската палата се одржувал состанок меѓу претседателот на Јужен...

Нови судири меѓу бегалци во Грција

Само еден ден по насилството и пожарот во мигрантскиот центар на Лезбос, ноќеска избија два нови инциденти со десетици повредени во бегалските центри на островот Самос и во солунската населба Ореокастро. На Самос со часови имаше насилни инциденти и судири меѓу 150 луѓе, бегалци од Мароко, Алжир и од Пакистан. Покрај физичкото насилство и меѓусебната војна со камења, во судирите...

Повеќе од 300 лица загинале при судири меѓу ривалски исламистички групи

Сирискиот центар за опсервација на човековите права денеска соопшти дека изминативе 20 дена најмалку 300 лица загинале при судири меѓу припадници на ривалски исламистички групи во близина на Дамаск. Според Центарот, чие седиште е во Лондон, борбите се воделе меѓу салафистичката Армија на исламот, која има поддршка од Саудиска Арабија, од една, и Баталјонот на семилостивиот и сирискиот разгранок на Ал...

Судири кај Алепо, 70 загинати

Повеќе од 70 лица загинаа во судирите на сириската војска и исламистите во близина на сирискиот град Алепо, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права. Невладината организација со седиште во Велика Британија соопшти дека џихадистите, меѓу кои и припадниците на фронтот Ал нусра, близок до Ал каеда, го зазеле стратешки важното село Кан Туман, јужно од Алепо. Селото, како што наведуваат од...

Лезбос: Полицијата се судри со мигрантите во кампот Морија

Полицијата и мигрантите се судрија денеска во камп на островот Лезбос, соопшти грчката полиција. Како што соопшти портпаролот на локалната полиција, инцидентот избил во делот на кампот Морија, каде се сместени малолетни мигранти, а оттаму се проширил. - Интервентната полиција во моментот води операција внатре и надвор од кампот - посочи портпаролот, додавајќи дека за време на немирите биле запалени и контејнери.

Во судирите во Нагорно-Карабах загинале 97 проерменски војници

Силите кои ги поддржува Ерменија изгубиле 97 војници, доброволци и цивили, во обновените борби околу отцепениот регион Нагорно-Карабах, соопшти ерменското министерство за одбрана. Азербејџан, чии војници се судриле со силите на Нагорно Карабах, кои се поддржани од Ерменија, соопштија дека изгубиле 31 војник и четири цивили од 2 до 5 април. Примирјето, кое е договорено со посредништво од Москва на 5...

Повеќе од 20 полицајци се повредени во судирот со мигрантите

Вкупно 23 лица, односно 14 полицајци и девет припадници на АРМ, се повредени во денешниот судир на полицијата и на мигрантите на македонско-грчката граница, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во соопштението на МВР се вели дека во текот на судирот оштетени биле и три возила на МВР и пет на АРМ. Според првичните процени на МВР, во нередите учествувале повеќе од...

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на протестите во Франција

Десетици илјади лица излегоа на улиците во повеќе француски градови на протести против реформите во областа на трудот и социјалната политика. Граѓаните што протестираа сметаат дека со реформите на компаниите ќе им биде олеснето да отпуштаат вработени, со што се загрозуваат правата на работниците. Протести беа организирани во десетици градови. За да ги разбие демонстрантите, полицијата употребила солзавец и шок-бомби. Во судирите меѓу полицијата и демонстрантите...

ОН: 33 загинати и 200 ранети во Нагорно Карабах

Триесет и три лица загинаа, а повеќе од 200 се повредени во судирите што завчера избија во Нагорно Карабах, соопшти Управата за координирање хуманитарни прашања на Обединетите нации. „Според официјални извори од Ерменија и од Азербејџан, најмалку 30 војници и тројца цивили загинале во борбите. Бројот на повредените лица сè уште не е официјално потврден, но се претпоставува дека надминува 200 лица“,...

Mигрантите се судрија со полицијата на Идомени

Грчката полиција се судрила со околу 300 мигранти и бегалци на грчката граница со Македонија, откако се интензивирале протестите, а илјадници мигранти ги игнорирале грчките владини инструкции да се префрлат во организираните капацитети за сместување. Грчките власти соопштија дека младите мигранти ја каменувале полицијата, која се повлекла. Никој не е уапсен. Демонстрантите ја блокираат железничката пруга во изминатите осум дена, барајќи...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...