fbpx
Таг: судијка

таг: судијка

Петто рочиште со вештакот за несреќата со автобусот на „Дурмо турс“, некои од перничињата на осовината биле испукани

Судењето за несреќата на автобусот на „Дурмо турс“ што се случи во 2019 година во скопско Ласкарци, во која животот го загубија 16 лица, а повеќе од 30 беа повредени, денес продолжи во Кривичниот суд - Скопје. Како и на претходните 4 рочишта, беше сослушан и вешакот Зекирја Зекири, кој заедно со неговите 3 колеги работеа на механичкото супервештачење...

Прво рочиште за „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи првото рочиште од процесот „Тортура“, кој се однесува за апсењето на Љубе Бошкоски. Лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи беше брутално уапсен пред камери на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица...

Рочиштето за „Сопот“ одложено – сведокот немал важечка лична карта

Денешното рочиште за случајот „Сопот“ во Основен суд Скопје 1 беше одложено, откако судот не можеше да го утврди идентитетот на сведокот Рамадан Бајрами. Следното рочиште, како што кажа судијката Дијана Груевска-Илиевска, ќе се одржи на 20 декември. Денешното рочиште требаше да почне со сведочењето на Бајрами, но кога тој требаше да се идентификува, покажа стара лична карта, со сини корици,...

СЈО: Судијката Бахчованска антидатирала одлука за отфрлање на „бомбите“ како доказ

Специјалното јавно обвинителство поднело претставка до Советот за утврдување на факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија, против судијката Моника Бахчованска од скопскиот Кривичен суд. СЈО бара од Советот да ја испита работата на судијката Бахчованска поради наводи што укажуваат на нестручно и несовесно вршење на судиската функација. Во претставката на СЈО се наведени околности кои укажуваат на тоа...

Еден притворен за оштетувања на возилата на судијката и обвинителот во Охрид

Во Охрид е притворено едно лице под сомнение дека ги оштетило возилата на охридската судијка Билјана Белеска - Пројкоска и на обвинителот Никола Довлев, дознава „Мета“ од извори во полицијата. Исто така, притворениот се доведува во врска и со двојното убиство во охридски ресторан во 2014 година. Лицето било повикано во СВР Охрид во саботата, а вчера му е одреден...

Демолиран автомобилот на судијка од Основниот суд во Охрид

Непознати сторители синоќа оштетиле возило во сопственост на судијката Билјана Белеска-Пројкоска, вработена во охридскиот Основен суд, која работи на предмети од областа на кривичното право. Настанот, кој се случил на улицата АСНОМ во Охрид, во близина на домот на судијката, бил пријавен во СВР Охрид. – Искршени се стаклата од возилото. Се работи на откривање на сторителите и на расчистување на...

„Пуч“ пак одложен, Јанева и судијката се скараа

Жестока расправија меѓу специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и судијката Љубинка Башевска ја вжешти атмосферата на денешното рочиште од случајот „Пуч“, кое повторно е одложено, овојпат на неопределено време. Причина за кавгата и за реакцијата на Јанева беше назначувањето на две нови судијки поротници, кои немаат безбедносен сертификат поради што Башевска и го одложи рочиштето. На почетокот од расправата, судијката...

Апелацискиот суд ја одби жалбата на СЈО за неизземањето на судијката од „Трезор“

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против одлуката на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој не го прифати барањето за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвиниетелство бараше изземање на судијката поради сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Судијката Габер-Дамјановска најквалификувана од македонските кандидати за ЕСЧП

Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска е најквалификувана од тројцата македонски кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур, пишува „Нова ТВ“. Кандидатите од Македонија биле интервјуирани на 29 и на 30 септември, а Комитетот за избор на судии му предложил на Парламентарното собрание на Советот на Европа за судија од Македонија да ја избере Наташа Габер-Дамјановска. За замена...

Одбиени жалбите на СЈО за притворот во „Трезор“ и за судијката Петровска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство и го потврди решението на судијата на претходна постапка да не му биде одреден притвор на еден од осомничените во случајот „Трезор“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Панчевски го одби барањето на СЈО за изземање на судијката во „Трезор“

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, го одби како неосновано барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува по предлогот на СЈО за одредување мерки на претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на судијката поради околности што упатуваат на сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Судот го одби барањето на СЈО за изземање на Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на судијката Александра Поп-Стефанија од случајот „Тврдина“, информираше попладнево судот. Одлуката, како што велат оттаму, ја донел заменик-претседателот на судот, Ивица Стефановски, бидејќи претседателот Владимир Панчевски бил на одмор. „Во отсуство на претседателот на судот, кој користи денови од годишниот одмор, заменик-претседателот кој е овластен да го...

СДСМ поднесе кривична пријава за судијката Поп-Стефанија

СДСМ денеска поднесе кривична пријава против судијката Александра Поп-Стефанија поради одлуката да го прогласи СЈО ненадлежно за случајот за уништување на опремата за незаконското прислушување, информираше Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ. Тој рече во име на владеењето на правото и на законите, одговорност за незаконски одлуки мора да има. - Поп-Стефанија е незаконски назначена во одделот за организиран криминал...

Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај. Пред почетокот на рочиштето, еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран од припадници на специјалните единици. - Ме газеа и ме удираа од специјалната единица и шест пати ми ги креваа рацете одзади - рече обвинетиот. Судијаката Верка Петковска...

МВР се обиде неовластено да го снима рочиштето за случајот „Фабрика за афери“

Тројца припадници на Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска неовластено го снимаа рочиштето за случајот „Фабрика за афери“ во кој првообвинет е Захир Беќири, познат по прекарот Чауш и предизвикаа скандал во судницата. Тие престанаа со снимањето, по жестоката реакција на судијката Гордана Спиревска, која им нареди да ги избришат снимките. - Како можете да си го дозволите ова? Нели...

Шилегов: Гошеви – директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ

„Ќерката на Елена Гошева, првата судика во Уставниот суд, Слободанка Гошева, била потпретседателка на подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ. Сопруг на Слободанка Гошева-Гиевска е Игор Гиевски, поранешен претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Слободанка Гошева-Гиевска беше претседателка на пописна комисија во пописот што не се спроведе. Сопруг на Елена Гошева е Ѓорѓи Гошев, поранашен директор на Студентски центар, назначен од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов,...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...