fbpx
Таг: судии

таг: судии

СДСМ: Мицкоски ја потврдува поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со насилството од 27 април

За владејачката СДСМ е неприфатливо барање на Христијан Мицкоски да се формира независно тело кое ќе ги преслуша снимките на судиите и обвинителите во изминатите две години. „Мицкоски ги потврдува сведоштвата за сериозна поврзаност на насилниците со ВМРО-ДПМНЕ во организацијата и координацијата на насилството од 27 април. Преку нелогични, несериозни и неосновани барања, интерпелации, измислици, Мицкоски се обидува да ги...

Спасовски: Груевски последен пат користел обезбедување во четвртокот

Во четвртокот Никола Груевски последен пат го повикал  обезбедувањето кое му следува како поранешен премиер на земјата, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој појасни дека иако на Груевски му следува обезбедување, екипата доаѓа на повик, а не е постојано со него. - Според изјавите на обезбедувањето, последен пат тие го обезбедувале на 8 ноември кога го однеле до...

Јанушев: Партиското СЈО и клиентелистичкиот суд незаконски го замрзнуваат имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Заев одлучи да го направи и последниот чекор и да го впрегне неговиот последен адут, партиското специјално јавно обвинителство и клиентелистички расположениот суд и да го замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвини на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, откако денеска по барање на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Основен суд Скопје 1 донесе решение со кое е изречена привремена...

Заев најави интензивирање на судските реформи

На шестата седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор на Владата, која се одржала синоќа, премиерот Зоран Заев како претседавач на Советот најавил интензивирање на реформите во правосудниот сектор. Како што стои во соопштението од Владата, министерката за правда, Рената Дескоска, го презентирала добиеното мислење од Венециската комисија за новите предлог-закони за судовите...

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување. „Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за судиите што одлучувале за притвор...

Уставен суд ќе одлучува за референдумот

На денешната седница Уставниот суд треба да се произнесе за иницијативите за референдумот што ги поднесоа „Левица“ и  Светскиот македонски конгрес, со кои се бара поништување на одлуката за референдумот и времено да бидат стопирани активностите поврзани со него. Подносителите сметаат дека одлуката за референдумот не е во согласност со Уставот, Законот за референдум и, како и со воспоставените европски...

Кривичен суд одговори на обвинувањата од адвокатите и Катица Јанева

Основниот суд Скопје 1, познат и како Кривичен суд, денеска одговори на обвинувањата од адвокатите на обвинетите во судските процеси во кои обвинението го застапува Специјалното јавно обвинителство (СЈО), но и на вчера кажаната критика од специјалната обвинителка Катица Јанева дека не се закажуваат доволно рочишта за овие предмети. Адвокатите се бунеа дека многу често се закажуваат рочишта, а некои...

ГРЕКО: Македонија не напреднала во спречувањето корупција на пратениците и судиите

Во својот втор извештај за усогласеност, објавен денеска, ГРЕКО (Група на земји против корупцијата), организација што функционира во рамките на Советот на Европа порача дека „Поранешна југословенска република Македонија не направила суштински напредок во спроведување на препораките за спречување корупција меѓу пратениците, судиите и обвинителите.“ Извештајот за усогласеност е направен според Ситуацискиот извештај со дополнителни информации за спроведувањето на 19-те...

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави на Тодор Петров против уставни судии

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги отфрлило кривичните пријави поднесени против судии од Уставниот суд од страна на Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес (СМК). Петров ги товари судиите дека ја злоупотребиле службената положба и направиле самовластие со тоа што не постапиле по трите иницијативи што гој ги поднел, со кои барал поништување на законот за Специјалното јавно...

Измените и дополнувањата на законите не ги исполнија очекувањата на судите

Последните измени и дополнувања на Законот за судовите и Законот за Судски совет, не ги исполнија очекувањата на судите за ефективно реформирање на овој сектор, особено измените и дополнувањата кои ги регулираат статусните прашања, односно дисциплинската одговорност на судиите и основите за разрешување. Таков заклучок донел Управниот одбор на Здружението на судии (ЗСРМ) на својата последна седница одржана завчера. Тој...

Врховен суд ги одби барањата на одбраната на Груевски за изземање на судиите во „Титаник“

Врховниот суд ги отфрли барањата на одбраната на поранешниот премиер Никола Груевски и останатите 20 обвинети за изземање на судиите во случајот „Титаник“ на СЈО. „Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната за изземање на в.д. претседателот на Апелациониот суд – Скопје, Лидија Димчевска, на 27 април донел решение со кое барањето се одбива како неосновано. Врз основа на ова...

Врховен и Апелација одлучија да не се изземат судиите во „ТНТ“ и „Насилство“

Врховниот суд постапувајќи по барање на одбраната во предметот на Специјалното јавно обвинителство „ТНТ“ за изземање на в.д. претседателот на Апелациски суд Скопје, Лидија Димчевска и нејзиниот заменик, на 16 овој месец донел решение со кое барањето за иземање се одбива како неосновано. Решението преку Апелациски суд Скопје е доставено до Основниот суд Скопје 1. Како што соопшти овој суд, врз...

Судењето за „Шамарите во Центар“ презакажано за 1 јуни, одбраната бара изземање на судија

Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев, не бил во можност за време на паузата да одлучи за барањето за изземање на судијата Душан Јосифов, па судењето за предметот на СЈО „Шамарите во Центар“ е одложено и ќе продолжи во јуни. Поради зафатеноста на адвокатите, судијата Душан Јосифов, закажа две рочишта за 1 и 6 јуни, кога ќе се...

Сите корисници да се запознаат со правните рамки за слободата на изразување на и вон интернет

Постои голема потреба знаењата за правните рамки кои ја регулираат слободата на изразување онлајн, но и офлајн, да се усвојат од правосудните органи, правниците и генерално сите корисници на интернет на кои тие влијаат беше еден од заклучоците на денешната работилница организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во Клубот на новинари во Скопје.  Основа за работилницата беше онлајн-публикацијата „Први чекори во разбирањето...

Адвокатите побараа изземање на судиите за „Тенк“ поради обвинувањата од Катица Јанева

Судењето за случајот „Тенк“, односно за набавката на „мерцесдесот“ од 600.000 евра за потребите на поранешниот премиер Никола Груевски, е прекинато на еден час, бидејќи одбраната на обвинетиот побара изземање на судечкиот совет, јави „Павосудство.мк“. Адвокатите на обвинетите во предметот „Тенк“ на Специјалнотo јавно обвинителство побараа изземање на судискиот совет и на судиите од Апелација поради интервјуто на Катица Јанева дадено...

Владиниот правосуден совет, со забелешки, „ги помина“ судските закони

Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, предводен од премиерот Зоран Заев, вчера ги разгледал предлог-законите за судовите и за Судскиот совет, при што се изнесени забелешки. Сепак, според соопштението од Владата, тие предлог-закони следната седмица ќе се најдат во Собранието. Имено, заменик-министерот за правда, Оливер Ристевски, рекол дека следната среда пратениците во Собранието...

Заради интегритетот на судиите, извештајот за АКМИС-от ќе се разгледува зад затворени врати

Членовите на Судскиот совет на предлог на претсeдателот Зоран Караџовски ја исклучија јавноста кога ќе се расправа за извештајот за АКМИС-от со местење предмети. Според Караџовски, со тоа ќе се зачувал интегритетот на судиите бидејќи ќе се споменувале со име и презиме. Влатко Самарџиски, пак, како член на Советот предложи точката да биде јавна, но неговиот предлог не помина. Ова...

Судии се јавувале кај Караџовски да прашаат дали навистина ќе има масовни разрешувања

Судскиот совет на денешната седница нема да одлучува по барањата за разрешување на судии, туку ќе ја почне постапката со избор на членови на Советот кои ќе ги застапуваат барањата за разрешување и ќе се бираат комисии кои ќе истражуваат дали има основи за разрешување, по што ќе реферираат до Судскиот совет. Ова денеска го соопшти претседателот на Судскиот совет,...

Судскиот совет треба да одлучува по 110 барања за разрешување на судии

Судскиот совет на седници во наредниот период, од кои првата е закажана во четврток, траба да расправа за 110 барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност, односно за разрешување на судии, пренесува „Телма“. Најмногу иницијативи за разрешување на судии се поднесени од Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија, но и од...

Вонредна состојба на Малдиви, уапсени судии на Врховниот суд

Полицијата на Малдиви денеска уапсила двајца судии на Врховниот суд на земјата, јавуваат светските агенции. Апсењата следуваат неколку часа откако безбедносните сили на Малдиви влегле во зградата на Врховниот суд и била прогласена вонредна состојба во земјата. Во краткото соопштение на полицијата било наведено дека претседателот на Врховниот суд, Абдила Саид и судијата Али Хамид се обвинети за корупција. Малдивската опозиција...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...