fbpx
Таг: судење

таг: судење

За осум дена може да биде закажано судење за обвиненијата на СЈО, вели Јанева

Судот во наредните осум дена може да закаже рочиште за двете обвиненија што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. - Тие се во скратена постака, а рокот на закажување е осум дена. Судот може веднаш да го заврши тоа, во рок од осум дена да закаже рочиште, а ние сме подготвени за судење - изјави...

Одложено судење на Савески и на Куновски, судот чека податоци од МВР

Судијката Весна Петровска-Тагасовска денеска го одложи судењето на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, обвинети дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов на 13 април, за време на протестите, ден по неговата одлука за аболиција на 56 лица, политичари и нивни соработници. Рочиштето е одложено бидејќи, како што пренесува „Академик“, судот ги чека податоците...

Одложено судењето на новинарот Зоран Божиновски

Кривичниот суд денеска го одложи рочиштето од судењето на новинарот Зоран Божиновски, обвинет во случајот „Шпион“, јавува „Нова ТВ“. Судијката Александра Крстиќ посочи дека иако судот поднел барање до Апелацискиот да се достават сите доказни материјали поврзани со предметот, сè до почнување на денешното рочиште Апелацискиот суд не го направил тоа. Судијката Крстиќ рече дека токму поради ова, донела наредба Божиновски воопшто да...

ЗНМ ги повика сите новинари да се приклучат на утрешниот протест

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ги повика сите новинари да се приклучат на протестот за проддршка на новинарот Зоран Божиновски, закажан за утре во 10 часот пред Основниот суд Скопје 1. „Ги повикуваме сите новинари да се приклучат на протестот и заедно да му изразиме поддршка на колегата Божиновски. Во исто време, сакаме да го осудиме прогонот на новинари,...

Македонец убил пријател додека правеле „селфи“ со сачмарка во Мелбурн

Дваесетгодишен Македонец во Австралија го застрелал и го убил својот пријател додека позирале со сачмарка за да се сликаат, во мотел во градот Мелбурн, пренесуваат светските медиуми. Настанот, како што пишува лондонски „Гардијан“, се случил на почетокот на март годинава, а вчера почнал судскиот процес во врска со случајот. На рочиштето, обвинетиот Македонец, Алберт Раповски, се изјаснил за виновен, а...

Судењето за настаните во Диво Насеље ќе паузира еден месец

Судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година, ќе има пауза од околу еден месец, а следното рочиште е закажно за 6 септември, велат за „Мета“ од Кривичниот суд. И следното рочиште, како што информираат од судот, ќе биде затворено за јавноста и нема да им биде дозволено на новинарите да го...

Кристин Лагард на судење поради несовесно работење

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, ќе мора да се појави на судење во Франција бидејќи е обвинета за несовесно работење. Таа му исплатила надомест на францускиот бизнисмен Бернар Тапи 404 милиони евра, кога беше министерка за финансии. Тапи одлучил да ги продаде сите свои акции во компанијата „Адидас Франс“ и за тоа ја овластил државната банка „Креди -...

Денеска продолжува судењето за „Диво Насеље“, се сослушуваат заштитени сведоци

Денеска во големата сала на Врховниот суд продолжува главната расправа од судскиот процес за настаните во Диво Насеље, Кумановско, од 9 и од 10 мај минатата година. Денешното рочиште, како и неколуте претходни, е затворено за јавноста, односно на новинарите не им е дозволено присуство, бидејќи се сослушуваат заштитени сведоци, предложени од Обвинителството. Следното рочиште, кое исто така ќе биде...

Поради болест на еден од обвинетите, одложено денешното рочиште за „Диво Насеље“

Рочиштето од судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај минатата година, кое беше закажано за денеска, е одложено бидејќи еден од обвинетите не бил спроведен од прилепскиот затвор во судот. Како што информираат од Кривичниот суд, обвинетиот не бил спроведен поради медицинската терапија што ја примал. „Главната расправа за предметот со КОК бр....

Апелација: Судењето за случајот „Пуч“ може да продолжи

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, повторно ќе седнат на обвинителна клупа во случајот „Пуч“, откако Апелацискиот суд Скопје ја уважи нивната жалба на одлуката на Кривичниот суд за запирање на судската постапка, по аболицијата од страна претседателот Ѓорге Иванов од 12 април годинава. Покрај Заев и Верушевски, кој...

Обвинет во „Диво Насеље“: Специјалци ме удираа и ме газеа

На денешното рочиште за случајот „Диво Насеље“ се читаа исказите на сведоците дадени пред спојувањето на предметот „Молња“ со овој случај. Пред почетокот на рочиштето, еден од обвинетите се пожали дека бил малтретиран од припадници на специјалните единици. - Ме газеа и ме удираа од специјалната единица и шест пати ми ги креваа рацете одзади - рече обвинетиот. Судијаката Верка Петковска...

Продолжува судскиот процес за Диво Насеље

Во свечената сала на Врховниот суд денеска продолжува судскиот процес за Диво Насеље. Во овој предмет им се суди на 37 обвинети за тероризам и за логистичка поддршка на оваа терористичка група. Лани на 9 и на 10 мај во кумановско Диво Насеље вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните...

Судот им го укина куќниот притвор на Савески и на Куновски

Кривичниот суд им го укина куќниот притвор на членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети дека учествувале во демолирањето на Народната канцеларија на претседателот Ѓорги Иванов на протестите против аболицијата од 13 април. Куновски, кој од судот излезе видно возбуден, во име на Левица се заблагодари на, како што ја нарече, „партијата во стечај ВМРО-ДПМНЕ“, затоа...

Денеска ќе се протестира пред Основен суд 1 за поддршка на Савески и на Куновски

„Шарената револуција“ денеска, во 9.45 часот, пред Основниот суд 1 ќе им даде поддршка на притворените демонстранти, членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, чие судење е закажано за денеска, а беше одложено трипати. „45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно движење. 45 дена...

Британец силувал 200 деца, 22 пати осуден на доживотна робија

На Британецот Ричард Хакл (30) му се досудени 22 казни доживотна робија откако призна дека е виновен за 71 дело поврзано со сексуално злоупотребување деца во Малезија. Триесетгодишникот призна дека злоупотребувал деца на старост од шест месеци од 12 години во период од 2006 до 2014 година. Судот во Лондон му досуди 22 пати да одлежи доживотна робија, а во затвор ќе мора да...

Продолжува судењето за случајот „Диво Насеље“

Денеска во 10 часот, во големата сала на Врховниот суд, треба да продолжи судскиот процес за настаните во Диво Насеље во Куманово од 9 и од 10 мај лани. Претходното рочиште, кое беше закажано во вторник минатата недела, беше одложено бидејќи на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во салата на судот. Истиот ден, Кривичниот и...

Судскиот совет ќе ги испитува причините за одложувањето на судењето за „Диво Насеље“

Судскиот совет денеска соопшти дека ќе ги испита причините за вчерашното одложување на рочиштето за случајот „Диво Насеље, кога на новинарите и на адвокатите на обвинетите не им беше дозволен влез во големата сала на Врховниот суд, во која требаше да се одржи судењето. „Во согласност со својата законска надлежност да се грижи за угледот на судиите и да ја...

Врховен суд: Немаме никаква надлежност во организацијата на судењето за „Диво Насеље“

Врховниот суд попладнево преку соопштениe информира дека, во врска со денешното одложување на рочиштето на судскиот процес за „Диво Насеље“, тие немаат никаква надлежност за организацијата. „Заради вистинито и воедначено информирање на јавноста Ве известуваме дека Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на Врховниот суд на Република Македонија немаат никаква надлежност во однос на организацијата на ова судење кое...

Поранешната мис на Турција осудена поради навреда кон Ердоган

Турскиот суд ја осуди поранешната мис на Турција, Мерве Бујуксарач на условна казна затвор од 14 месеци поради навреда на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на социјалните мрежи. Судот заклучи дека 27-годишната манекенка е виновна за навредување на државен претставник, а доколку го повтори престапот ќе мора да ja издржи казната. Бујуксарач која во 2006 година беше избрана за мис на...

Левица: Апелациониот суд да го укине куќниот притвор за Савески и Куновски

Партијата Левица денеска побара од Апелациониот суд да ја прифати нивната жалба и да ја укине мерката куќен притвор за членовите на партијата, Здравко Савески и Владимир Куновски. - Савески и Куновски се држат во куќен притвор веќе 36 дена. Ние се сомневаме дека тие ќе бидат во куќен притвор максимални 60 дена. Ваквата мерка е престрога имајќи ги во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...