fbpx
Таг: судење

таг: судење

Проверувачите на факти од „Ellinika Hoaxes“ го добија спорот со Грчката асоцијација на физичари

Организацијата за проверка на факти „Ellinika Hoaxes“, од соседна Грција, го доби долгогодишниот спор со Грчката асоцијација на физичари. Со одлука на апелациониот суд по вторпат се отфрла тужбата за морална штета, неовластена обработка на лични податоци и клевета. Во 2019 година Грчката асоцијација на физичари го започна спорот заради две анализи на „Ellinika Hoaxes“, барајќи 700 илјади евра отштета....

Во последен момент случајот „Ласкарци“ спасен да не почне од почеток

Судскиот совет попладнево свика итна седница, откако судијката Александра Ристеска денеска даде свечена заклетва како нов судија во Апелацискиот суд во Скопје. Седницата беше свикана со цел во последен момент да се „спаси“ судскиот случај „Ласкарци“. Судијката Ристеска беше втор член на судечкиот совет во процесот, па доколку таа заминеше во второстепениот суд, судењето за несреќата кое трае повеќе од...

Имиња на политичари и славни личности во документите за сексуалниот престапник Епстин

Бројни судски документи кои ги идентификуваат соработниците на познатиот сексуален престапник Џефри Епстин беа објавени вчера, а меѓу имињата се споменуваат поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, британскиот принц Ендру, починатиот пејач Мајкл Џексон и познатиот магионичар и илузионист Дејвид Коперфилд. Овие имиња се спомнуваат во документите поднесени како дел од тужбата против Гислајн Максвел, девојката на Епстин,...

Семејствата на загинатите кај Ласкарци: животите ни станаа пекол, бараме строга казна

Виновни се сите шестмина обвинети за несреќата кај Ласкарци, но секој од нив го негира тоа и постојано вината ја префрлуваат еден на друг. Обвинетите треба да бидат казнети, а покрај тоа треба и да им се изрече забрана за вршење на дејноста превоз на патници. Ова беа завршните зборови што беа кажани пред Кривичниот суд од обвинителот Дарко...

Поради измените во Кривичниот законик, преквалификувано делото за Мухамед Зеќири

Судењето за поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, денеска почна од почеток, бидејќи поради последните измени во Кривичниот законик обвинението беше преквалификувано. Зеќири претходно се гонеше за „Злоупотреба на службена должност“ според член 353, став 5 кој предвидуваше казна затвор од минимум 5 години. Со контроверзните измени во Кривичниот законик, кои предизвикаа лавина реакции во јавноста, овој став беше...

Со новите измени во Кривичниот законик застареа делата на 10 обвинети за случајот „Моќник“

Антонио Милошоски се спаси од едно обвинение, со новите измени на Кривичниот законик, со кој за делото за злоупотреба на службената положба апсолутна застареност настапува по 10 години (наместо како претходно, за 40 години). Милошоски беше еден од 13-те обвинети за случајот на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), познат како „Моќник“. Нему ќе продолжи да му се суди за...

Доналд Трамп се појави на судењето за измама, загрозена е неговата бизнис империја

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп утрово излезе со обвинувања кон судија и кон државниот обвинител на Њујорк кој пак го обвини него за организирање на долгогодишна измама со цел да го зголеми своето богатство за дури 2,2 милијарди американски долари. Денеска е првиот ден од судењето за измамата кое би можело Трамп и неговиот семеен бизнис да ги чини стотици...

Во „Титаник“ ќе потоне делото „злосторничко здружување“ за Груевски, но му остануваат другите дела

На денешното рочиште за случајот „Титаник“, во кој обвинетите меѓу другото се товарат и за делото злосторничко здружување (за кое казната затвор со измените во Кривичниот законик се намалија од 10 на 3 години), воопшто не беа спомнати законските измени. Со новите законски измени, практично е настанато застарување на ова дело за обвинетите Никола Груевски и Кирил Божиновски, но...

Судење за Ласкарци: Вештакот тврди дека технички преглед не било гаранција оти возилото нема да се расипе

Техничкиот преглед не е гаранција дека по прегледот возилото не може да се расипе и за ова има случаи кога автомобилот веднаш штом излегол од техничкиот преглед се расипал. Вака изјави денеска вештото лице Љупчо Постолов, кој заедно со двајца негови колеги го изработил сообраќајното супервештачење за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“, што се случи кај селото Ласкарци во...

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни за изговореното во спорниот поткаст на Јутјуб

Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров на денешното судско рочиште рекоа дека не се чувствуваат виновни за обвинението за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Обвинението беше поднесено од Основното јавно обвинителство по објавениот поткаст на 14 февруари годинава, во кој Латас му беше гостин на Лазаров во поткастот. Латас рече дека не се чувствува виновен...

Кривичниот суд ги отфрли барањата за амнестија во случајот „Организатори на 27 април“

Основниот кривичен суд од Скопје денеска го отфрли барањето за амнестија на обвинетите лица во случајот „Организатори на 27 април“. Барањето за амнестија го поднесоа поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и бившиот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски. Претседателот на Судечкиот совет, судијата Илија Трпков на рочиштето изјави дека по барањето...

Во Украина се водат жестоки битки, на припадници на баталјонот Азов им се суди во Русија

Исклучително жестоки битки се водат во делови на Украина додека силите на Кијив продолжуваат со контраофанзивата, изјави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар. Како што пренесува Би-Би-Си, Малиар на Телеграм напишала дека украинските сили успеале да напредуваат во близина на Бахмут на исток и Запорижја на југ. Таа, исто така, признава дека руските сили имаат цврста одбрана во некои области. Нејзините коментари...

Трамп на прво судско рочиште по обвинението дека погрешно постапувал со доверливи документи

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска треба да се појави во федералниот суд во Мајами и да се соочи со обвиненијата дека незаконски чувал доверливи документи за националната безбедност откако ја напуштил функцијата. Неговото денешно појавување пред судот ќе претставува историски и досега невиден настап на прв поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со федерални обвиненија, јавува...

Почна процесот против Жан Митрев, тој рече дека не чувствува вина

Доктор Жан Митрев, сопственикот на приватната болница што го носи неговото име на денешното прво одржано рочиште рече дека не чувствува вина, исто како и одговорното лице во клиничката болница. Тие тврдат дека не постапиле спротивно на законот, а обвинителката Искра Хаџи-Василева пред судот рече дека ќе докаже дека Митрев и неговата болница го сториле кривичното дело измама што...

Одложено судењето за случајот Пендиков, адвокатите на обвинетиот Спасески ја напуштија судницата

Се одложи судењето за случајот со претепувањето на сега укинатото бугарско здружени „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. На денешното рочиште, охридското Обвинителство до судот доставило нов доказ против обвинетиот Илија Спасески. Откако адвокатите на Спасески побарале одлагање на рочиштето за да се проучи овој доказ, а судијата Бојан Мартиноски не дозволил, адвокатите на обвинетиот ја напуштиле салата, по...

Заврши судењето за пожарот во модуларната болница во Тетово, в понеделник се објавува пресудата

Во тетовскиот суд денеска се одржаа завршните зборови за пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица. Со ова, судењето заврши, а во понеделник на 5 јуни, во 12 часот ќе биде објавена пресудата за случајот, пишува Порталб.мк. Од обвинителството изјавија дека според изведените докази и сведочења, обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и...

Одложено повтореното судење за „Организатори за 27 април“, ќе се бара амнестија

Повтореното судење за предметот „Организатори за 27 април“ денеска беше одложено, откако обвинителот рече дека од вкупниот број на поднесоци, три се однесуваат на примена на Законот за амнестија и нагласи дека по тие барања во моментот не може да се произнесе. Претходно, Апелациониот суд ја укина пресудата за овој предмет, со образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но...

Судењето за Мухамед Зеќири одложено оти не се појави сведокот

Судењето против поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири денеска во Основниот кривичен суд-Скопје беше одложено затоа што поради здравствени причини не се појави сведокот Горан Анастасиевиќ. Зеќири се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“. Следното рочиште е закажано за 6 јуни. Минатиот месец, судењето против Зеќири почна од почеток. Овој процес подолг период беше во прекин, откако Основниот...

Врховниот суд ги одби жалбите, остануваат затворските казни за осудените за „крвавиот четврток“

Врховниот суд ги одби како неосновани барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за обвинетите за случајот во јавноста познат како „27 април“. Ова практично значи дека во затвор останува поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Митко Чавков, осуден на 16 години в затвор. На казна затвор за упадот во Собранието беа осудени и Влатко Трајковски и...

Автобусот на „Дурмо Tурс“ 16 дена возел без регистрација, вештак тврди дека причина за несреќата не е неисправноста на автобусот

Слободно можеме да кажеме дека причина за несреќата не е механичката неисправност на автобусот. Управувачкиот систем на возилото немал проблем, а проблемите со системот за кочење не се главната причина за несреќата. Вака изјави денес на судското рочиште вештакот Дамјан Мирчевски, кој заедно со тројца негови колеги работеше на машинското супервештачење за автобуската несреќа на „Дурмо Турс“ што се случи...

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите...