fbpx
Таг: судења

таг: судења

Кривичниот суд контра Апелација: Да се истражи зошто предметите застаруваат

Основниот Кривичен суд од Скопје денеска излезе со соопштение, во кое се изразуваат критики во однос на работата на Апелацискиот суд, а откако повеќе судски предмети против високопрофилни лица застареа или пак беа вратени на повторно постапување. Првостепениот суд во писмото ги повикува медиумите и стручната јавност да анализираат каде и поради кои „суштествени повреди“ предметите со години чекаат...

Анализа: Динамична недела во Македонија со апсења, судења и пресуди

Неделата започна со апсења за трагедијата за автобусот и проневера во разузнавачките служби а заврши со судска пресуда за тероризам. Од 18 неамнестирани обвинети за организираниот терористички напад на 27 април 2017 на Собранието на Република Северна Македонија, во петок (15.03.19) на вкупно 211 години затвор беа осудени 16. Оперскиот пеач Игор Дурловски, еден од водачите на групата протестанти „За...

Џолев: Кривичните постапки се решаваат за најмногу две години

Кривичните постапки, во принцип, најчесто се решаваат за најмногу две години, рече денеска претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на средбата со новинари. Тој информираше дека во 2014 година биле покренати вкупно 34 кривични постапки за организиран криминал од кои 21 биле завршени истата година, во 2015 година биле завршени 10, во 2016 една, а две во 2017 година по...

Груевски не е во „Процес“, „кафкијанските процеси“ беа симбол на неговото владеење

Изразот „кафкијански процес“ во текот на изминативе десетина години честопати се користеше како метафора за де се опишат многубројните судски неправди со кои се соочуваа македонските граѓани. Токму оваа фраза стана симбол (или еден од симболите) на владеењето на Никола Груевски и на судството, кое во неговото време наместо правда делеше неправда. За разлика од главниот лик во романот на...

Почнува судењето на Канческа – Милевска за случајот „Тендери“ на СЈО

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес против поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа - Милевска, обвинета во случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Канческа-Милевска е обвинета во предметот „Тендери“ за злоупотреби со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“, со што буџетот, според СЈО, бил оштетен за речиси 54...

Продолжуваат судењата за нападот врз Села на 27 април и на Кочан за „Труст“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на десетмината обвинети за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци. Инаку, вчера пред судот сведочеше Села, кој разкажа за нападот и дека од...

Почнува судењето на Талевска за „Тифани“, Села треба да сведочи за нападот од 27 април

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани три рочишта од судските процеси по обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, а треба да продолжи и судењето на напаѓачите на пратеникот и лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште против напаѓачите на Села, кои се товарат за...

Судењето на Канческа – Милевска за „Тендери“ закажано за 21 февруари

Кривичниот суд за 21 февруари го закажа почетокот на судењето на поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка во Собранието, Елизабета Канческа - Милевска за случајот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство. Два порано, односно на 19 февруари на обвинителна клупа во Кривичниот суд треба да седне новинарката и уредничка на „Сител“, Ивона Талеска, која се товари за затајување данок во...

Кривичен добил 6.000 евра за нови камери, но не ги набавил поради тендерот

Кривичниот суд во Скопје во декември, минатата година добил 350.000 денари (околу 6.000 евра) од Судскиот буџетски совет за да набави нови камери за снимање на судењата, но немал доволно време да ја спроведе тендерската постапка. Поради ова Судскиот буџетски совет на 31 декември ги повлекол парите назад. Ова денеска на бифинг со новинарите го соопшти претседателот на судот, Иван Џолев...

Судењето на Јанкулоска и Груевски за „Тенк“ на 30 јануари, на Мијалков за „Трезор“ на 5 февруари

Судечките совети кои постапуваат по случаите „Тенк“ и „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство ги одредија термините за главна расправа, соопшти денеска Кривичниот суд во Скопје. Како што информираат оттаму, судењето за „Тенк“ е закажано за 30 јануари, а главната расправа за „Трезор“ за 5 февруари, следната година. Инаку, првообвинета во случајот „Тенк“, кој се однесува на набавката на „мерцедесот“ од близу...

Ноември ќе биде „најсудски“ месец во годината

Следниот месец во Кривичниот суд во Скопје се закажани и треба да се одржат рочиштата од судските процеси што предзвикуваат најголем интерес во јавноста, меѓу кои судењето за „Пуч“, за настаните во Општина Центар од јуни 2013 година, за „Диво Насеље“ итн. Речиси сите судења се за случаи кои имаат директна или индиректна врска со прислушуваните разговори, протестите и со политичката...

ОН бараат судења за воени злосторства пред да завршат судирите во Сирија

Известувачите за човековите права на ОН во Сирија денеска соопштија дека не треба да се чека завршувањето на судирите за да се почне со подготовките на судењата за воени злосторства. - Не треба да се чека постигнување на конечен мировен договор за да се усвојат мерките за поставување на основата на одговорност – рече претседателот на Меѓународната комисија за истрага...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...