!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Млад демиркапиец загина во сообраќајка во Демиркаписка Клисура


Демир Капија, 9 декември, 2017 - 13:43 (META) 

Во директен судир што се случил ноќеска на автопатот Скопје – Гевгелија, во Демиркаписка Клисура животот го загубил 24-годишен жител на Демир Капија.

Како што соопшти полицијата, во 3.50 часот денеска се судриле автомобил „сеат леаон“ со неготински регистерски таблички, управуван од С.Ј.(24) од Демир Капија, и автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, управувано од Ѓ.Ч. (65) од Скопје.

Во судирот животот го загубил младиот демиркапиец, а возачот на „мерцедесот“ бил повреден.

Се работи на целосно расчистување на случајот.


Авион се судри во комби во Чеченија


Грозни, 9 август, 2017 - 10:51 (META) 

Пилот на мал авион е полесно повреден откако при полетувањето удрил во комби на пат во Чеченија, јавува руската агенција ТАСС.

Шефот на чеченската сообраќајна полиција, Асламбек Назиров, изјави дека пилотот лошо ја проценил снагата на авионот, поради што удрил во возило паркирано покрај патот.

Возачот на комбито не бил во возилото во моментот на ударот, а пилотот поради повредите е префрлен во болница.


Се судрија два американски борбени  авиони


Сан Диего, 10 ноември, 2016 - 11:18 (META) 

Два авиони на американската морнарица се судриле во близина на Сан Диего, јавуваат светските медиуми.

Според првичните извештаи, еден од пилотите успеал да се евакуира, додека по другиот сè уште се трага.

Во соопштението на морнарицата се наведува дека се судриле два авиони од типот „ф/а-18 хорнет“, за време на тренинг-мисија.

Причината за инцидентот сè уште се истражува.


Судир на возови во Италија, загинаа најмалку 12 лица


Бари, 12 јули, 2016 - 13:53 (META) 

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судир на два воза на југот на Италија, објавија италијанските медиуми.

На местото на несреќата пристигнаа полицијата и брзата помош која им помага на повредените.

До несреќата дошло на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на крајбрежјето на Јадранско Море.

Сè уште не е објавено колку точно луѓе се повредени во несреќата, но регионалните возови кои сообраќаат на таа линија вообичаено се полни со луѓе во утринските часови.


Моторџија загина во сообраќајна несреќа во Битола


Битола, 2 февруари, 2016 - 11:32 (META) 

Триесет и осумгодишен моторџија го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вчера попладне се случила во индустрискиот дел на Битола. Мотоџијата настрадал во директен судир со товарно моторно возило.

Сообраќајката се случила вчера, околу 18 часот, во индрустрискиот дел на Битола, на крстосницата од улиците Новачки пат, кој води кон селото Долно Оризари и улицата Индустриска, потврдуваат од битолската полиција.

Од ударот со товарното моторно возило, марка „там“, возачот кој управувал со мотоциклот „хамачи“ добил тешки телесни повреди, по што веднаш бил пренесен во битолската клиничка болница, каде лекарите констатирале смрт.

Од Секторот за внатрешни работи Битола велат дека е наредено да се изврши обдукција врз телото на починатиот.


Едно лице починало во сообраќајка во Штип


Штип, 1 јануари, 2016 - 13:44 (META) 

Синоќа, дваесетина минути по полноќ во Штип, на крстосницата на улиците Борис Кидриќ и Партизанска, се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управуван од Марјан О. (38) од Штип, и автомобил „фолксваген поло“, исто така со штипски регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Штип.

Од здобиените повреди на местото на настанот починал Марјан О.

Над А.Н. извршено е алкотестирање и утврдено е присуство на алкохол од 1,45 промили. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Штип.


Во судир помеѓу војската и талибанците во Пакистан загинаа 11 лица


Исламабад, 25 август, 2015 - 14:51 (META) 

Најмалку пет војници и шест талибанци загинаа во нападите на контролните пунктови на пакистанската војска во областа Вазиристан, изјавија безбедносните власти.

Пакистанската војска во петокот започна копнена офанзива во шумовитите предели на долината која преставува граница помеѓу Северен и Јужен Вазиристан.

Група милитанти денес рано изутрина го нападнаа контролниот пункт во областа покрај Шавала при што загинаа најмалку тројца припадници на обезбедувањето.

– Милтантите во нападот користеле тешко вооружување, вклучувајќи ракетни проектили и митралези. Нашите сили одговорија на нападот, а сега ги проверуваме бројот на жртвите милитанти – рече неименуван припадник на безбедносните сили.

Неколку саати подоцна, двајца припадници на безбедносните сили, вклучувајќи и еден потполковник, загинаа во судирот со милитантите во Шавал долината, а исто така загинале и најмалку шест екстремисти, наведе пакистанската војска во соопштението.

Фракцијата на пакистанските талибанци со кои војската се бори во Северен Вазистан од јуни минатата година, презема одговорност за двата напади.

– Нема да дозволиме војската да влезе во Шавал – наведел портпаролот на талибанците Азам Тарик.


Судар на возови во Унгарија, 19 лица повредени


Будимпешта, 16 август, 2015 - 15:55 (META) 

Два воза се судриле во унгарскиот град Галгагута, 50 километри североисточно од Будимпешта, при што се повредени 19 луѓе, соопшти унгарската полиција.

Портпаролот на унгарската железница, Имре Кавалец, за националната новинска агенција „МТИ“ изјавил дека од 19 повредени, двајца се во тешка состојба.

Во возовите, кои во моментот на несреќта се движеле со брзина од 20 километри на саат, се наоѓале помеѓу 30 и 40 патници.

Во тек е истрага за утврдување на причината за несреќата.


За седум години ќе се судрат две црни дупки


Илиноис, 23 април, 2015 - 12:36 (META) 

Научниците од универзитетот во Илиноис ја направиле првата 3Д-симулација на судир на две големи црни дупки. Научниците, повикувајќи се на податоци од други истражувања, наведуваат дека таквиот судир би можел да се случи за седум години.

За да ја направат симулацијата поверодостојна, научниците ја користеле теоријата на релативноста на Алберт Ајнштајн.

Доктор Стјуард Шапиро, професор по физика од Универзитетот „Илионоис“, ја претставил анимацијата на состанокот на Американското здружение на физичари.

– Нашите симулации на бинарните црни дупки кои се спојуваат на магнетниот диск ни овозможуваат во вселените да ѕирнеме настани за кои астрономите веруваат дека се случуваат во далечните галаксии – вели Шапиро.

Симулацијата доаѓа во вистинско време бидејќи во март годинава се пронајдени докази за постоење на две црни дупки што ќе се судрат. Оваа анимација и откривањето на двете црни дупки би можеле да ја расветлат големата мистерија која во моментов постои за црните дупки.

https://www.youtube.com/watch?v=m1MJPjhOa1w


Ф1-возачот Бјанки излезе од кома


Сузука, 19 ноември, 2014 - 19:43 (META) 

Францускиот возач во Формула 1, Жил Бјанки, денеска излезе од кома седум недели откако имаше судир со едно од возилата за отстранување на болидите на патеката „Сузука“, за време на Ф1-трката што се одржа на почетокот на октомври. Бјанки од болницата во Јапонија бил пренесен во родната Франција.
Возачот на Марусија при сударот заработи тешки повреди на черепот и беше во кома 45 дена.
– Речиси седум недели по индицентот на Жил и првичните напори на лекарите да го спасат неговиот живот, среќни сме што можеме да соопштиме дека нашиот син забележа голем напредок во неговото закрепнување. Жил не е повеќе во вештачка кома, но и натаму е во несвест. Тој сега дише без помош од апарати и неговите витални знаци за живот се стабилни, иако неговота состојба сè уште може да се каже дека е критична – стои во соопштението на родителите на Бјанки, Филип и Кристин.