fbpx
Таг: СтудентскиПротест

таг: СтудентскиПротест

Пратениците расправаат за Законот за високо образование

Пратениците во Собранието ги испратија законите за основно и за средно образование на второ читање. Во расправата за Законот учествуваа пратениците Роза Топузова-Каревска, Артан Груби, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, Димко Трајчев и Ласковска Благица. Во моментов пратениците расправаат за измените во законот за високо образование.

Борко пак протестираше со студентите

Борко, кучето-демонстрант од Скопје, како атинскиот Луканико, беше присутно и на третиот студентски протест. Тој се појави точно навреме кога почна протестот и предизвика воодушевување кај присутните. Борко претходно се појаувавал на неколку протести, маршови и на настаните за промовирање на велосипедизмот. Како што пишува на „Фејсбук“, Борко го добил своето име поради присуството на протести, посветеноста на групата со која се движи...

Студентите и професорите побараа Владата да отстапи

Неколку илјади студенти, професори и средношколци се собраа пред Владата на Република Македонија и побараа повлекување на законот за високо образование кој предвидува воведување државен испит на факултетите. Извикувајќи „Доста се криете“, „Екстерно за владата“, „Автономија“, „Нема правда, нема мир “ на македонски и на албански јазик, тие го искажаа незадоволството од усвојување на законот без поширока јавна дебата...

Студентите на протест во 14 часот пред Влада

„Ние сакаме корисни реформи поткрепени со аргументи, анализи и поддржани од јавна дебата. Ќе нè гледате и ќе нè слушате додека не ги добиеме. Но, ние не сме насилници. Студентите овојпат ја имаат вистината и тоа е она што нè прави автентични. Токму затоа ве повикуваме сите студенти и наши поддржувачи да го зачуваме редот и мирот на денешниот протест....

Поддршка за студените и од невладината „Цивил“

Невладината организација „Цивил“ и организаторите на протестот против плаќање придонеси за хонорарите ја изразуваат нивната поддршка и солидарност со студентите и ги повикуваат сите граѓани да учествуваат на студентскиот протест в петок, во 14 часот, пред Владата на Македонија. „Да чекориме заедно со студентките и со студентите на оваа земја кои покажаа зрелост, достоинство и решителност! Сите овие денови прогресивните млади им...

„Студентски пленум“: Да не дозволиме да продолжи монологот на Владата

Студентите од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат протестот, кој во 14 часот ќе почне пред Владата на Република Македонија, да биде мирен, без инциденти и без партиски и национални обележја. Револтирани, бидејќи законот беше усвоен на владината сединица без да бидат повикани на јавна дебата, ги повикуваат сите граѓани да ги поддржат и да им се придружат на масовен...

Новинарскиот синдикат го поддржува студентскиот протест

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија целосно го поддржува студентскиот протест најавен за петок, насочен против државниот испит во високото образование, кој власта се обидува да го наметне набрзина и без јавна дебата. ССНМ ги повикува новинaрите при инфoрмирањето за протестот да се борат против цензурата и автоцензурата со која се соочуваат во своите редакции. - Членовите на „Студентски пленум“...

Пленумот доби поддршка од студенти од светот

Неформалната студентска организација „Студентски пленум“ доби поддршка од колеги студенти од секаде од светот. Студенти од Сараево (БИХ), Пекинг (Кина), Виљанди (Естонија), Владимир (Русија), Мураманск (Русија), Мериленд (САД), Ахен (Германија), Флорида (САД) и Талин (Естонија) ги поддржуваат студентите во Македонија во протестот против законските измени со кои се воведува државен испит. - Мислењето на студентите е важно. Ние, студентите од целиот...

Студентски марш: Брзи реформи, слепи студенти раѓаат!

Писмо со барања доставија студентите до Владата на Република Македонија на крајот на вториот студентски марш организиран од неформалната студентска организација „Студентски пленум“. И покрај притисоците, маршот беше масовен, со двојно повеќе присутни од првиот марш одржан на 17 ноември. - Главниот аргумент во писмото е дека предлогот се коси со автономијата на Универзитетот. Ние сме против одборот за акредитација...

„Студентски пленум“: Дојдете на маршот без партиски и национални симболи

Утре, во 12 часот, пред платото на УКИМ ќе почне вториот студентски марш против предлогот на Владата да се воведе државен испит на факултетите. Студентите ќе маршираат од платото на УКИМ покрај Собранието и ќе го завршат маршот пред Владата на Република Македонија. Од неформалната студентска организација „Студентски пленум“ повикуваат на мирен марш, без насилство и без истакнување на партиски...

Груевски: Групата што ќе протестира е партиски мотивирана

Ако првиот пат студентите не беа информирани за концептот пред да протестираат, сега сè е доволно јасно, посочи премиерот Никола Груевски, како коментар на најавите за нови протести на студентите. - Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот...

Со манипулативни изменети видеа се исмеваат францускиот и украинскиот претседател

Првото видео наводно го прикажува Макрон меѓу млади посетители во ноќни клубови кои танцуваат во стилот на 80-тите години. Станува збор за манипулирана верзија на клип на кој се...