fbpx
Таг: СтудентскиМарш

таг: СтудентскиМарш

„Студентски пленум“ организира марш в недела, во 13 часот

„Студентски пленум“ организира марш за да покажат дека нивните дејствувања и ставови се непоколебливи, натпартсики и секогаш на страна на студентите. Во соопштението објавено на нивната фејсбук-страница, пишува дека тие не застанале во борбата за исполнување на студентските барања и потреби. Маршот ќе почне во 13 часот, од платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. „Владата се осмели да ни застане на...

Професорските табори ги засенија студентите

Собраниската седница за измените на законите за образование, повторно на едно место ќе ги собере студентите и професорите. Како што стои и во настанот најавен на „Фејсбук“, студентите собрани во „Студентски пленум“ ги повикуваат колегите да се соберат во 11 часот, пред Собранието и да „дадат подршка за измените на законите“. Пред Собранието ќе бидат и професорите од „Професорски пленум“,...

Пратениците расправаат за Законот за високо образование

Пратениците во Собранието ги испратија законите за основно и за средно образование на второ читање. Во расправата за Законот учествуваа пратениците Роза Топузова-Каревска, Артан Груби, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, Димко Трајчев и Ласковска Благица. Во моментов пратениците расправаат за измените во законот за високо образование.

Реакции за основањето „Професорски пленум“

Создавањето „Професорски пленум“ предизвика различни реакции кај професорите на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од нив. Нано Ружин: „Јас сум во дилема. Можеби тој форум може да послужи како некој вид форма на транзиција кон охрабрување на уплашените професори. Знаеме дека меѓу нив има и поливалентни, но подобро да се направи нешто отколку ништо. Ако се ориентираат провладино брзо ке бидат провалени....

Професорите учат од студентите, и тие основаат „Пленум“

Реформите во високото образование ги натераа професорите да ги следат постапките на студентите. Утре, во 13 часот, на Филозофскиот факултет во Скопје, професорите што го потпишаа отвореното писмо до Владата и уште стотина други кои им се приклучиле ќе го основаат „Професорски пленум“. Денеска на социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави нова страница „Професорски пленум“, каде што е објавено и соопштението за...

Груевски: Тие што учат нема да имаат проблем со државниот испит

Кога Абдилаќим Адеми и Спиро Ристоски биле во Битола, Тетово, Штип и на Штуловиот универзитет, направиле неколку јавни расправи, добиле добри информации што ги вградиле во законот за високо образование, рече премиерот Никола Груевски во неговото гостување во вестите на „Канал 5“. Тој додаде дека на последната владина седница било договорено 20 отсто од испитите да не мора да имаат 60...

Професори бараат да присуствуваат на расправата за законот за образование

Група професори испратиле барање до Собраниската комисија за образование, наука и спорт и до претседателот на Собранието, во кое бараат дозвола претставници од академската заедница и претставници на „Студентски пленум“  да присуствуваат на седницата на Комисијата. Барањето на својот фејсбук-профил го објави професорката Билјана Ванковска и зад него стои истата група професори кои вчера упатија јавен апел до Владата да...

Апсурд: Универзитетите ќе дебатираат за веќе изгласани закони

И покрај протестите, револтот и несогласувањето на поголемиот дел од студентите и професорите, негативното мислење од домашната и странска експертска јавност, на 29 декември пратениците во Собранието ќе гласаат за пакетот мерки во образованието. Во денешниот број на дневниот весник  „Нова Македонија“  е објавен комерцијален оглас од 110 професори кои се потпишале на обраќањето во кое ја информираат Владата,...

Нов протест на студентите в петок

„Изгледа дека она што Владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и на премиерот пред камери. Покрај сите „јавни дебати“, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на „Студентски пленум“, како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери, да не дозволиме овој монолог на Владата...

Студентите револтирани, најавуваат нов марш „наскоро“

Протестите продолжуваат, студентите нема да се откажат, ниту по отворената седница на Владата на која едногласно се донесе одлуката да се воведе државниот испит, односно предлог-законските измени за образованието. Од „Студентски пленум“ велат дека нема да отстапат од нивните барања да не се воведе државниот испит и дека најверојатно повторно ќе излезат на протест. - Револтирани сме од скандалозната одлука...

„Студентски пленум“: Можни се нови протести, но и бојкот на наставата

Не се исклучува можноста од нови протести, но и бојкот на наставата ако Владата продолжи со истиот став за воведување државен испит на факултетите, истакнаа денеска на прес-конференција претставници на „Студентски пленум“. Студентите се револтирани од игнорантскиот однос на Владата и тврдат дека ќе побараат од шефот на државата Ѓорѓе Иванов да ги поддржи како професор и да придонесе за успешно...

Владата ги изненади сите: И факултетите и студентите засега без став

„Студентски пленум“ на битоласкиот униврзитет денеска ги достави барањата и правната аргументација против државниот испит до Ректоратот на Универзитетот. Во барањата студентите пишуваат дека треба да се укине Студентскиот парламент бидејќи тој не ги претставува студентските права и поради неговата структура лесно може да биде под притисок. За концептот на државниот испит, студентите од Битола велат дека онака како...

Остри први реакции: Понижувачки се новите владини мерки во образованието

Професорите остро реагираат на новите предлог-законски решенија што Владата ги донесе на вчерашната седница. Велат дека со новите мерки, власта само ја понижува академската јавност и дека народот мора да излезе и да се побуни затоа што водат кон распродавање на државата. Професорот Љубомир Цуцуловски вели дека овие промени за него биле очекувани, особено затоа што универзитетие долго време молчеле и...

Универзитетите уште калкулираат за државниот испит

Факултетите ги користат последните неколку дена од изминувањето на рокот за да ги услогласат ставовите околу државниот испит. Голем дел од универзитетите веќе се изјаснија. Од штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ велат дека за нив не е прифатлив државниот испит. - Државата има право да спроведе државен испит и тука никој не може да се меша. Но, тоа да биде само откако...

Масовноста на маршот ќе го потисне стравот од протести

Масовната посетеност на студентскиот марш значи почеток на промените, преставува чекор напред да се потисне стравот што владее во Македонија, а студентите се движечка сила која може да ги поттикне и другите слоеви на општестовото. Ова е ставот на експертите кои го проследија маршот и го подржуваат правото на студентите да протестираат и слободно да говорат. Професорот по социологија на...

Владата и МОН молчат за средба со студентите

Ниту од Владата ниту, пак, од Министерството за образование и наука денеска не одговараа на телефонските повици. По вчерашните протести на студентите и по барањето на „Студентски пленум“, досега нема стигнато ниту соопштение ниту, пак, какво било известување за можна средба со студентите. Стефан Видиков од „Студентски пленум“ вели дека ни тие досега не добиле одговор на поканите за средби....

Адеми и Ристовски да поднесат оставки или Малчески ќе ги тужи

Ристо Малчески, професор на ФОН, бара министерот за образование, Абдилаќим Адеми, и неговиот заменик, Спиро Ристовски, да си поднесат оставки од функциите. Реакцијата на професорот е поттикната од дописот што Mинистерството за образование го испратило до ФОН со барање да се произнесат за државниот испит. Професорот вели дека оваа власт му направила големи штети на образовниот систем. Во писмото во...

Владата да посочи релевантни анализи врз кои прави промени во високото образование

„Владата сè уште не посочува релеванти анализи на проблемите во високото образование, нешто што сметаме дека е суштински важно за воведување ваква проблематична мерка. Владата и Министерството не покажаа напор да дискутираат со студентите. Министерот за образование неформално ја одби средбата со студентите, иако во неколкупати претходно имаше посочено дека е отворен за разговор“, напишаа студентите во нивиот допис...

Правниот факултет го отфрли предложениот концепт за државен испит

Деканската управа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ вели дека идејата за воведување систем на дополнителна проверка на знаењата стекнати на високообразовните институции во Македонија е за поздравување, но понудениот модел е несоодветен да се вклопи во пошироките концепти на организирање на високото образование и на општествено уредување Македонија и дека има сериозни недостатоци. Во дописот стои и дека предложеното...

Момчето што го снимаше протестот со дрон,повикано на разговор во МВР

„Студентски пленум“ на твитер-профилот соопшти дека од полицијата било приведенo момчето што го снимаше студентскиот протест со дрон од птичја перспектива. Наредната информација е дека момчето било пуштено, а снимките и дронот останале кај полицијата. Од МВР за „Мета“ ја потрдија оваа информација. „Момчето сo дрoнoт е приведен вo стaницa Кaрпoш. Притисoкoт прoдoлжувa нo немa дa успеaт дa не спречaт. Oвa е...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...