fbpx
Таг: студенчишко блато

таг: студенчишко блато

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита до неговото прогласување за парк на природата

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на Студенчишко Блато (Стр. 34-35). Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе...

Охридско Езеро и Студенчишко Блато ќе бидат впишани како трето Рамсар подрачје во државата

Со впишувањето на Охридско Езеро и Студенчишко Блато во Светската Рамсар листа, Македонија по Преспанското и Дојранското Езеро го доби третото и најголемо водно живеалиште од меѓународно значење, заведено под бр.2449. Подрачјето е прифатено согласно сите 9 критериуми на Рамсарска Конвенција и е со вкупна површина од 25.205 хектари. Со него ќе се управува од страна на трите општини:...

УНЕСКО во новиот извештај бара трајно напуштање на идејата за марина во Студенчишко блато

Нацрт-извештајот на УНЕСКО за состојбата со природното и културното наследство на Охридскиот регион ја разбранува охридската, но и македонската јавност, како и реакцијата на локалната самоуправа на истиот. Извештајот веќе е пристигнат до сите надлежни институции на централно и на локално ниво, а од Општина Охрид во предвидениот рок велат дека ќе дадат коментари на оваа првична верзија на извештајот....

Владата го прогласи Осогово за заштитен предел, донесени се одлуки за постапки за Водно, Студенчишко Блато и Охридско Eзеро

Владата на Р.С.Македонија донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категорија V - заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата, соопштија од кабинетот на министерот за животна средина и просторно планирање,...

Студенчишкото блато во Охрид на чекор да го добие статусот Парк на природата

На вчерашната 45-та седница, Советот на Општина Охрид ја изгласа предлог-одлуката за предлагање на прогласување на заштитеното подрачје Студенчишко блато во категорија Парк на природата. На вчерашната седница претходно беше донесен предлог-заклучокот за усвојување на информацијата за изготвената Студија за валоризација на просторот на Студенчишко Блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Според студијата се предлага реставрација на Блатото и обновување...

Изготвена студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато

Општина Охрид ја изготви Студијата за валоризација на просторот на Студенчишко блато заради негово прогласување за заштитено подрачје. Студијата е дел од Програмата за заштита на животната средина и природата за 2019 година, а за нејзино изготвување беше задолжено Друштвото за еколошки консалтинг „Деконс Ема“ од Скопје, информираат од локалната самоуправа во Охрид. Во рамки на подготовката на студијата беа ангажирани...

„Охрид SOS“: И власта и опозицијата тајно кројат нови еколошки катастрофи преку легализациите

Иницијативата „Охрид SOS“ алармира дека Советот на Општина Охрид во тајност подготвува легализации што ќе значат нарушување на еко-сферата на Охридското Езеро, со објекти што ќе го нарушат природниот склад. Еко-активистите алармираат дека дивоградбите што се планирани за легализација, директно навлегуваат во Националниот парк „Галичица“ и обвинуваат дека советниците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ кријат од своите гласачи и...

Со перформанс „Мора мораториум“ се протестираше за заштита на Охридско Езеро

Со мирен протестен перформанс, кој тргна од Лагадин, и застанувајќи на неколку места, заврши пред зградата на Општина Охрид, денеска балерината Гарсиа Елена од театарот „Баљшој“ од Москва, Охрид SOS и здружението Стар Лагадин, поддржани од Go green – Биди зелен, Фронт 21/42 и Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н., заедно со туристи од Белгија, Италија,...

Заштитата на Студенчишко Блато, „Охрид СОС“ ја подигна на европско ниво

Од 15 до 19 мај, во Скопје и во Охрид во работна посета ќе биде проф. д-р Јос Ферхуфен, претседател на Европскиот разгранок на Светското друштво на научници за блатни еко-системи. Од Граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека Ферхуфен доаѓа на нивна иницијатива и дека во Скопје ќе одржи серија предавања на Природно-математичкиот факултет. Исто така, ќе биде специјален гостин...

Охриѓани против новите градежни зафати, бараат заштита на Студенчишко Блато

Околу 99 отсто од сите 300 анкетирани жители од Охридско сметаат дека промената на деталниот урбанистички план за зголемување на катноста на објектите од хотел „Тино“ до „Милениум палас“ е штетна урбанистичка одлука, која треба да се повлече. Огромен дел од испитаните граѓани, исто така, ги оценуваат предвидените капитални инфраструктурни проекти како исклучиво штетни и непотребни за регионот, покажуваат бројките...

„Еден“: Граѓаните не се информирани за инфраструктурните проекти на Галичица

Граѓаните немаат слушнато за бизнис-планот за националниот парк Галичица, покажува анализата на здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. Според Драгана Велковска од ова здружение, државните институции сметаат дека нема потреба од нова или дополнителна законска регулатива за заштита на Галичица, но потребно е доследно спроведување на постојната. Повеќе од половината институции сметаат дека акциските планови се спроведуваат, а другите...

„Охрид СОС“: Продолжува негрижата за животната средина, здравјето и за квалитетот на живот на граѓаните

Во текот на изминативе две години, локалните власти во Охрид и владата наголемо најавуваа големи инфраструктурни проекти во Охридско и покрај предупредувањата од домашни и од странски експерти дека реализација на тие проекти ќе значи дефинитивно уништување на значајни и уникатни екосистеми. Со ваква реакција се огласија од невладината „Охрид СОС“, како што велат, испровоцирани од последните случувања во Охрид...

Еколозите со предупредување: Охрид може да биде избришан од листата на УНЕСКО

Еколошките здруженија „Фронт 21/42“ и „Еко-свест“ предупредуваат дека постои опасност Охридскиот Регион, наместо на листата на светско културно и природно наследство на УНЕСКО, во февруари следната година да се најде на листата на загрозено наследство. Истовремено, иницираа жалба пред Постојаниот комитет на Бернската конвенција во Стразбур. „Планираните развојни проекти на брегот на Охридското Езеро и во Националниот парк Галичица ќе нанесат штета...

Во одлуките за езерото и за Галичица треба да се вклучат и граѓаните на Охрид

Граѓаните на Охрид се незаобиколен фактор и тие треба да го дадат своето мислење дали треба да се реализираат сите предвидени проекти поврзани со Охридското Езеро и со Галичица. Ова е заклучокот од „Отворениот екоден“ наменет за граѓаните, а кој беше организиран денеска од Движењето на екологисти на Македонија (ДЕМ). - Се надеваме дека ќе го добиеме реалното мислење на граѓаните....

„Охрид СОС“ бара ревизија на планот за Националниот парк Галичица

Активистите од граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ велат дека треба да се ревидира менаџмент-планот за Националниот парк Галичица, во насоката во која би требало да се одвива идниот развој на Галичица и на регионот. – На Охрид му треба туризам во текот на целата година и уништувањето на природата значи смрт за туризмот во градот со двоен УНЕСКО-статус на културно и...

„Би-Би-Си“ за Охридско Езеро: Балканскиот Галапагос е под закана

Заканата од уништување на Охридското Езеро со претерана урбанизација, се најде на страниците на јулското издание на едно од најчитаните печатени списанија за див свет „Би-Би-Си вајлдлајф магазин“ (BBC Wildlife Magazine). - Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Студенчишко блато - пишува во списанието. Охридското...

Поради изборите, Владата ги прогласи 24 април и 8 мај за неработни денови за сите граѓани

Владата на денешната седница заклучи дека 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија, заради...