fbpx
Таг: студ

таг: студ

Најмногу дожд во Крива Паланка, а најстудено во Лазарополе

Влажниот бран што ја зафати Македонија денеска донесе најмногу дожд во Крива Паланка, каде до 16 часот наврнаa 18 литри на еден квадратен метар, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија. Најмалку дожд наврнало во Гевгелија, односно 1 литар на еден квадратен метар. Според мерењата на УХМР, до 16 часот најмногу воден талог има во Пожаране и во Лазарополе, каде наврнале по...

Две мигрантки починале од студ во Бугарија

На југоистокот на Бугарија, блиску до турската граница, две жени мигрантки беа пронајдени мртви од студ. Нивните сопатници се испратени во болница, а од нив двајца се во тешка состојба. - Две жени починаа, едната е на возраст од 14 до 16 години, а втората помеѓу 30 и 40 години. Нашите граничари ги држеле во прегратка во обид да ги стоплат, но...

Студот во Полска усмрти 12 лица

Најмалку 12 лица починале за време на викендов во Полска како последица на особено ниската температура, јавуваат полските медиуми. Температурата во саботата вечерта, на североистокот на Полска, паднала на минус 20 Целзиусови степени, додека во Варшава вчераутро живата на термометарот била 16 степени под нулата. Полицијата покренала акција во целата земја за помош на бездомниците, кои особено се загрозени во време на...

Температура под нулата во цела Македонија – утре се очекува снег

Температурата во сите делови на Македонија утринава беше под нулата, а најниската температура е измерена во Битола и во Берово, каде живата на термометрите се спуштила до минус 10 Целзиусови степени. Според мерењата во Управата за хидрометеоролошки работи, утринската температура во Лазарополе, Прилеп, Скопје, Струмица и во Тетово изнесувала минус 8 Целзиусови степени, во Демир Капија, Куманово и во Крива Паланка...

Студено време со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност со слаб ветер од јужен правец. Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста. Минималната температура ќе се спушти до минус 14, а максималната ќе се искачи до 8 Целзиусови степени. Во Скопје и vo околината се очекува слично време со температура до 4 Целзиусови степени.

Жител на Драмче починал од студ и од глад

Ниската температура, која неделава падна под нулата, ја зеде и првата жртва. Четириесет и тригодишниот Златко од делчевското село Драмче, кој живеал сам, во понеделникот соселаните го пронашле мртов. Лекар од итната помош во Делчево го прегледал телото на починатиот и утврдил дека нема траги на насилство. Првите индикации се дека човекот починал од студ и од глад, потврди портпаролката на СВР Штип,...

Сончево и студено време

Времето денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со појава на умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до -14 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне 7 степени. Во Скопје и во околината, нè очекува слично време со температура од -10 до 3 Целзиусови степени.

Три лица починаа од студ во Босна и Херцеговина

Трет случај на смрзнување е регистриран во Босна и Херцеговина, јавуваат босанските медиуми. Телото на 53-годишен маж вчера било пронајдено во Долна Јабланица, а по обдукцијата било утврдено дека смртта настанала поради смрзнување. Во Зеница завчера беше пронајдено тело на 44-годишен маж, за кого медиумите објавија дека е бездомник и оти тимот на Итната помош се обидел да го реанимира, но...

Балканот живее на минус 30 степени

Освен во Македонија, многу ниска температура има и низ целиот Балкан, па така со -32 Целзиусови степена, Пештерската висорамнина во југозападна Србија вчера беше најладното место во регионот. Температура од 26 Целзиусови степени под нулата беше измерена и во градот Сјеница, а бугарскиот и босанскиот хидро-метеоролошки завод издадоа предупредувања за екстремно ниска температура и силен ветер. Првпат по 60 години снег...

Студено време со температурa во минус

Времето денеска ќе биде студено со сончеви периоди. Минималната температура во котлнините ќе изнесува -12 Целзиусови степени, а -19 во повисоките планински делови. Максималната температура ќе изнесува од -2 до 2 Целзиусови степени. Во Скопје и во околината ќе биде претежно сончево и суво, со можно мало зголемување на облачноста. Минималната температура изнесува -15 Целзиусови степени, а дневната максимална температурата на воздухот ќе...

СДСМ: Во Македонија деца умираат од глад

Во Македонија, во 21 век, деца умираат од глад. Македонија почна да личи на Африка, обвинуваат од опозицискиот СДСМ. - Пред само три дена, на Клиниката за детски болести почина двегодишно детенце. Прегладнето, премрзнато, попуштило неговото детско срце во рацете на лекарите кои не успеаја да го спасат. Децата станаа жртви на системот кој има обврска да се грижи за...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...