fbpx
Таг: студ

таг: студ

Временските и климатски катастрофи кои ги погодија САД годинава чинат речиси 105 милијарди долари

Речиси 105 милијарди долари ги чинат Соединетите Американски Држави (САД) климатските промени, земајќи во предвид дека во првите девет месеци од годинава земјата ја погодиле 18 временски и климатски катастрофи, покажува извештајот на центарот при Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), пренесува новинската агенција Анадолија.  Просечното време меѓу таквите катастрофи со штета од милијарди долари паднале од 82 дена...

Денеска сончево, од утре настапува значително заладување

Денеска времето ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура се движеше од 0 до 8 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Температурата ќе се движи...

Променливо облачно време со ветер и повремен снег

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено, со повремен локален снеr, особено на запад и претежно претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Дневната температура ќе изнесува од 0 до 9 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.

Осум жртви на екстремниот студ во САД, „Полaрниот вител“ продолжува

Арктичките температури што зафатија неколку сојузни држави од Средниот запад на САД беа причина за смртта на најмалку осум лица, јавуваат американските медиуми. Студениот бран наречен „Поларниот вител“, кој донесе рекордно ниски температури, карактеристични за поларните региони, блокираше голем дел од градовите. Прогласена е вонредна состојба во огромен дел од средниот појас на САД, дури и во Алабама и Мисисипи,...

Сончево и студено време, од утре нови обилни врнежи од снег

Времето денеска ќе биде сончево и студено време со мала до умерена облачност. Утрото ќе биде ведро и студено со многу ниски температури, кои во целата земја ќе се спуштат под минус 10 Целзиусови степени, а во Пелагонија и Малешевијата и до минус 18 Целзиусови степени. Дневните температури скоро насекаде ќе бидат под нула. Утринската температура ќе се движи од...

МЗШВ: Не се очекуваат позначителни штети од снегот и студот врз овошките

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека не се очекуваат значителни штети на родот на овошките од снегот и студот. Од министерството велат дека во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), состојбата се следи внимателно и дека според метеоролозите снежниот бран ги затекнал овошките во фаза на полно цветање, во која нивната издржливост кон ниски минимални температури...

Времето денеска со повремен снег

Времето денеска ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, а во јужните делови од земјава дожд и снег, додека во крајниот југоисточен дел од дожд. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 15 литри на квадратен метар. Снежната покривка на планините значително ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен, а во западните...

Поларни температури од денеска, Македонија во вонредна состојба

Студен бран од портокалова фаза денеска ја зафати целата држава. Утринските температури се движеа од -18 до -9 Целзиусови степени, а дневните ќе изнесуваат од -4 до 2 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура се симне до -15 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи...

Балканот ќе биде зафатен со поларен студ и интензивни снежни врнежи

Балканот за време на викендот ќе биде зафатен со интензивни снежни врнежи и многу ниски температури, каде што во некои делови ќе се спуштат и до минус 20 Целзиусови степени, предупредуваат метеоролозите од Србија и Хрватска. Хрватска веќе се соочува со големо снежно невреме, при што и хрватската војска е вклучена во расчистување на снегот и отстранување на последиците. Во Македонија, овој...

Сончево и релативно топло време денеска

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло. Мала локална облачност се очекува на истокот во претпладневните часови, а ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во котлините претпладне ќе биде магливо, а температурите се очекува да се движат од 9 до 15 Целзиусови степени. Во главниот град претпладне ќе биде магливо со локална облачност. Температурата ќе достигне до...

Поради снежното невреме и студот во САД, починаа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица починаа од студ, предизвикан од снежното невреме и поларни температури кои зафатија најголем дел од Соединетите Американски Држави. Сите летови од Њујорк и од Њу Џерсу се откажани поради силниот ветер и снежната бура која се најавува. Во Њујорк се очекува да наврнат од 15 до 20 сантиметри снег. Таканаречената метеоролошка „циклон бомба“ е проследена со силен ветер и обилен...

Температурата утре ќе падне за осум степени

Во текот на утрешниот ден ќе има повремени врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните делови, а на планините врнежите ќе бидат од снег, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието и на исток, каде на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Дневната температура ќе опадне...

Родот на 650 земјоделци од Пелагонија настрада од априлскиот студ

Априлскиот студ и мраз годинава го уништи родот кај близу 650 земјоделци од Пелагонија. Според подрачниот раководител  на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство во Битола, Илија Србиновски, денеска завршува увидот на стручните комисии за проценка на штети, по што извештаите ќе бидат пратени во министерството во Скопје за исплата на штетите. - Три комисии, секоја со три члена, постапија по...

Тројца бегалци починале од студ во кампот Морија на Лезбос

Бегалец утринава е пронајден мртoв во кампот Морија на Лезбос. Станува збор за момче на возраст меѓу 18 и 20 години, најверојатно од Пакистан, кое починало од премрзнување. Момчето е трета жртва од студот во бегалскиот камп Морија во Грција. Викендов од студ почина и 46-годишен бегалец од Сирија, а на 24 јануари од премрзнување почина и 20-годишно момче од...

Oблачно со врнежи од снег и со температура до 4 степени

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од снег. Претпладне врнежите ќе бидат послаби и локални, а попладне, почнувајќи од запад, ќе се интензивираат. Најобилни ќе бидат кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните и во јужните делови од земјава. Во крајните југоисточни делови, врнежите ќе бидат од дожд и од снег. Ќе дува слаб...

ВМРО-ДПМНЕ: Бочварски да ги провери состојбите со снегот во Струмица и во Куманово

Наместо да тера политика, Благој Бочварски треба прво да ги провери состојбите во општините Струмица и Куманово, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Благој Бочварски од СДСМ дека состојбата поради студот и снегот е показател за негрижата на власта за граѓаните. „Токму во овие општини не се исчистени градските улици и патиштата до околните села. Бочварски нека погледне какви се патиштата...

Бочварски: Власта им ги врза рацете на институциите со криминалните тендери

Претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски, оцени дека тоа што се случува деновиве поради студот и снегот, е показател за целосната негрижа од досегашната власт за граѓаните. Тој истакна дека власта ги оставила институциите со врзани раце поради криминалните тендер-политики за свои интереси. - Пријавувате неисчистени патишта. Се случија стотици сообраќајни незгоди, верижни судири, има повредени граѓани, голема...

Старица почина од студ во пехчевско Црник

Поларната температура во Малешевијата ја зеде првата жртва. Ноќеска околу полноќ 80-годишна старица паднала во ходникот на семејната куќа, каде останала во текот на целата ноќ. Премрзната, со слаби знаци на живот, старицата изутрината ја нашол член на семејството. Веднаш дошла итна медицинска помош, чија екипа три часа се борела за животот на жената. - Ги применивме сите мерки за...

ЕЛЕМ: Електроенергетската состојба е стабилна, се задоволуваат сите потреби на потрошувачите

Електроенергетската состојба е стабилна и граѓаните и целата индустрија што е на регулираниот пазар ги добиваат сите потребни количества енергија, соопшти денеска директорот на АД ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски. - Во првите седум денови од годинава АД ЕЛЕМ своето производство го има надминато за 10,9 проценти и во целост одговори на потребите на граѓаните и на индустријата – рече Мицкоски и додаде...

Објавени превентивни мерки пред претстојниот студен период

Управувачкиот комитет за кризи вечерва донесе повеќе превентивни мерки по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи за врнежи од снег и за многу ниска температура на територијата на Република Македонија во наредните денови. Портпаролот на Владата, Александар Георгиев, соопшти дека на состанокот било разговарано за тоа дека временските услови можат да придонесат за појава на ризици во поглед на снабдувањето со...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...