fbpx
Таг: сцена

таг: сцена

Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на Фејсбук објави фотографии од снимањето на оваа сцена, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид

„Долни Сарај“, една од најубавите и најрепрезентативни сцени во Охрид ќе добие нов, функционален и модерен изглед со реконструкцијата што следува во текот на наредниот период. „„Долни Сарај“ која е една од најубавите сцени во градот ќе го добие заслужениот лик и ќе претставува најсоодветното место за настапите на уметниците од целиот свет кои учествуваат на најреномираниот музичко-сценски фестивал во...

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост. Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот...

Герила-акција на велешките активисти на манифестацијата „Питијада“

Велешки активисти направиле герила-акција на манифестацијата „Питијада“, така што синоќа на зградата до сцената поставиле огромно платно на кое пишувало „Затвор за фамилијата“, пишува „Нова ТВ“. Транспарентот бил упатен до функционерите на власта, кои синоќа биле присутни на оваа забавна манифестација, на која имало голем број луѓе.

Познатиот режисер Томаж Пандур почина на проба на сцената во МНТ

Познатиот словенечки режисер Томаж Пандур (52) денеска почина ненадејно за време на проба во Македонскиот народен театар. Тој на сцената на МНТ од вчера ги почна пробите за претставата „Крал Лир“ од Шекспир. Пандур, кој од Марибор се пресели во Мадрид, е признат европски режисер, а негови најпознати претстави се „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазарски речник“, „Хамлет“, „Медеја“.

Фил Колинс се враќа на сцената

Фил Колинс изјави дека ја прекинува пензијата и планира нова турнеја. „Официјално, повеќе не сум во пензија“, рече Колинс за магазинот „Ролинг стоун“ (Rolling Stone), додавајќи дека „коњот е надвор од шталата и одвај чека да потрча“. Колинс (64) во 2011 година изјави дека ја напушта музиката „за да може целосно да биде татко на своите синови“. Славниот музичар нема објавено...

Џез-викенд во Прилеп од 27 до 29 август

Интернационалниот фестивал „Прилеп џез-викенд 2015“ ќе се случува на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, од 27 до 29 август. Честа да го отвори фестивалот ќе ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио. Покрај него, ќе настапат: „Милан Петрович квартет“ (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов (Бугарија), руската атракција „Салто“ и алтер-составот на Дарко Рундек –...

„Флоренс енд д машин“, главни ѕвезди на „Гластонбери“

„Флоренс енд д машин“ ќе бидат главните ѕвезди на сцената „Пирамида“ на годинешото издание на британскиот музички фестивал „Гластонбери“, откако „Фу фајтерс“ се повлекоа од настапот на 26 јуни, јавува „Би-Би-Си“. Инаку, Флоренс Велч и нејзината група, како што било предвидено, требало да настапува пред „Фу фајтерс“. Таа последен пат имала настап на „Сомерсет“ во 2010 година. „Фу фајтерс“ го откажаа нивниот настап...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...