!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

На плоштадот Македонија се подготвува пречек на ракометарите на „Вардар“


Скопје, 6 јуни, 2017 - 10:13 (META) 

На плоштадот Македонија се подготвува пречекот на ракометарите на РК „Вардар“, кои таму треба да пристигнат во 13 часот. Сцената, на која ќе се одвива предвидената програма, е поставена во близина на Камени мост.

Ракометарите на „Вардар“, кои ја освоија европската шампионска титула, се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот, од каде ќе се упатат кон плоштадот Македонија, преку булеварите Александар Македонски, Гоце Делчев, Крсте Мисирков и Кочо Рацин.

Ракометарите на плоштадот Македонија ќе пристигнат преку Порта „Македонија“.


Герила-акција на велешките активисти на манифестацијата „Питијада“


Велес, 9 октомври, 2016 - 10:37 (META) 

Велешки активисти направиле герила-акција на манифестацијата „Питијада“, така што синоќа на зградата до сцената поставиле огромно платно на кое пишувало „Затвор за фамилијата“, пишува „Нова ТВ“.

Транспарентот бил упатен до функционерите на власта, кои синоќа биле присутни на оваа забавна манифестација, на која имало голем број луѓе.


Познатиот режисер Томаж Пандур почина на проба на сцената во МНТ


Скопје, 12 април, 2016 - 14:25 (META) 

Познатиот словенечки режисер Томаж Пандур (52) денеска почина ненадејно за време на проба во Македонскиот народен театар.

Тој на сцената на МНТ од вчера ги почна пробите за претставата „Крал Лир“ од Шекспир.

Пандур, кој од Марибор се пресели во Мадрид, е признат европски режисер, а негови најпознати претстави се „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазарски речник“, „Хамлет“, „Медеја“.


Фил Колинс се враќа на сцената


Лос Анџелес, 30 октомври, 2015 - 10:20 (META) 

Фил Колинс изјави дека ја прекинува пензијата и планира нова турнеја.

„Официјално, повеќе не сум во пензија“, рече Колинс за магазинот „Ролинг стоун“ (Rolling Stone), додавајќи дека „коњот е надвор од шталата и одвај чека да потрча“.

Колинс (64) во 2011 година изјави дека ја напушта музиката „за да може целосно да биде татко на своите синови“. Славниот музичар нема објавено нов албум од 2002 година.

Покрај тоа, имаше и здравствени проблеми. Почна да го губи слухот, а на повратничката турнеја на „Џенесис“ во 2007 година ја повреди карлицата и нервите во рацете, заради што не можеше да тропа на тапани.


Џез-викенд во Прилеп од 27 до 29 август


Прилеп, 5 август, 2015 - 12:20 (META) 

Интернационалниот фестивал „Прилеп џез-викенд 2015“ ќе се случува на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, од 27 до 29 август.

Честа да го отвори фестивалот ќе ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио.
Покрај него, ќе настапат: „Милан Петрович квартет“ (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисиј Спасов (Бугарија), руската атракција „Салто“ и алтер-составот на Дарко Рундек – „Кул де сак“.


„Флоренс енд д машин“, главни ѕвезди на „Гластонбери“


Гластонбери, 17 јуни, 2015 - 16:14 (META) 

„Флоренс енд д машин“ ќе бидат главните ѕвезди на сцената „Пирамида“ на годинешото издание на британскиот музички фестивал „Гластонбери“, откако „Фу фајтерс“ се повлекоа од настапот на 26 јуни, јавува „Би-Би-Си“.

Инаку, Флоренс Велч и нејзината група, како што било предвидено, требало да настапува пред „Фу фајтерс“.

Таа последен пат имала настап на „Сомерсет“ во 2010 година.

„Фу фајтерс“ го откажаа нивниот настап на „Гластобери“ откако водачот на групата, Дејв Грол, си ја скрши ногата, паѓајќи од сцена во Шведска.

Иронично, пренесува „Би-Би-Си“, и Велч била принудена да откаже дел од концертите поради скршеница на стапалото, што ја добила на сцена на музичкиот фестивал „Коачела“, во април.

„Секогаш кога настапувала овде, правела нешто спектакуларно и отсекогаш сме знаеле дека таа треба да биде главна ѕвезда на сцената „Пирамида“, еден ден“, изјавиле организаторите на фестивалот.

Раперот Кајне Вест ќе го има главниот настап на 27 јуни, а фестивалот ќе го затворат „Д Ху“, со настап следната вечер.