fbpx
Таг: Струшки вечери на поезијата

таг: Струшки вечери на поезијата

Жан Пјер Симеон, добитник на „Златен венец“ за 2024 година

Добитник на наградата „Златен венец“ за 2024 година, која е главната награда на „Струшките вечери на поезијата“, е истакнатиот француски поет, Жан Пјер Симеон, информираат организаторите на фестивалот. Добитничка на наградата „Мостови на Струга“ за 2024 година која Струшките вечери на поезијата во соработка со УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска збирка, е германската поетеса Катрин Пиц за нејзината стихозбирка...

МОН распиша конкурс за најдобра песна по повод 21 Март – Светскиот ден на поезијата

По повод 21 Март, Светскиот ден на поезијата, Министерството за образование и наука (МОН) и поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ распишаа конкурс за избор на најдобра песна, наменет за учениците од основните и средните училишта. Целта на конкурсот, велат од МОН, е поттикнување на креативноста и имагинацијата на учениците и популаризација на поезијата како литературна форма и највисок јазичен...

Струшки вечери на поезијата: Да беше роден во моќна западноевропска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира

Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа вчера во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшките вечери на поезијата“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која истакна дека Шопов е поет од светски ранг. „Моето обраќање денес, по повод 100-годишнината...

Павлова Де Одорико ja доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

Авторката Ирена Павлова Де Одорико, којашто живее и твори во Италија, е годинешниот добитник на наградата „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамки на Струшките вечери на поезијата (СВП). Наградата е доделена со одлуката од жири-комисијата на СВП, во состав Славе Ѓорго Димовски, Драгана Евтимова и Митко Гогов, а ѝ е...

Никола Маџиров за Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите

Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли, синоќа имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело, во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Гевин Бредли е добитник на „Мостови на Струга“ – меѓународна награда што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ и...

Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“

Со традиционално садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“. Дрво во паркот засади годинешниот лауреат – добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ. „На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20...

Димитар Башевски добитник на наградата „Браќа Миладиновци“

Познатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за неговата поетска збирка „Дни, години“ во издание на СЛОВО. Од Струшките вечери на поезијата соопштуваат дека жири комисијата во состав...

Презентирана програмата на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) годинава ќе се одржи од 24 до 28 август во своето автентично издание на препознатливите локации, соопштија организаторите. Свеченото отворање повторно ќе се одржи на вообичаената локација – платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, додека затворањето ќе биде со традиционалното читање на Мостот на поезијата. Мотото на годинешните Струшки вечери на поезијата е „Чувствотворен...

Украдена бистата на македонскиот поет Славко Јаневски во Струга

Бистата на македонскиот поет Славко Јаневски исчезнала од постаментот во состав на алејата на поетите на кејот на истекот на Црн Дрим, информираат од НУМ „Струшки вечери на поезијата“. При вообичаената проверка, вчера изутрина било утврдено дека бистата на поетот Славко Јаневски е откорната од постаментот, додека бистите на поетите Ацо Шопов и Сергеј Есенин биле видливо расклатени во обид...

Влада Урошевиќ добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата

Македонскиот поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач, академик Влада Урошевиќ е добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, објави претседателката на Управниот одбор, Елизабета Шелева. Урошевиќ е третиот по ред македонски автор кој го добива Златниот венец, по Блаже Конески во 1981 и Матеја Матевски во 2011 година. Урошевиќ се заблагодари за наградата, од седиштето на...

Објавен е конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) во соработка со УНЕСКО го објави конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2023 за најдобра дебитантска книга од млад автор. Конкурсот е отворен до 21 февруари, додека поетот-лауреат ќе биде објавен на Светскиот ден на поезијата, 21 март. Услови за учество на конкурсот за наградата се дебитантски книги на млади поети под 35...

Со поетско читање од 18 странски поети завршија „Струшките вечери на поезијата“

Со поетско читање во Даут пашиниот амам на кое учествуваа 18 поети од странство, вчера официјално заврши годинешното 61. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшките вечери на поезијата“ „Читањето започна со аудиозапис со гласот на годинешниот добитник на „Златниот венец“, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, кој поради поодмината возраст не присуствува на фестивалот. Таникава ја изведе песната „Да посадиш дрво“, англискиот...

„Куклици“ од Андреј Ал-Асади ја доби наградата „Енхалон“ за најдобра песна при СВП

Поетот Андреј Ал-Асади за песната „Куклици“ е добитник на наградата „Енхалон“ за најдобра песна од млад автор што се доделува на „Струшките вечери на поезијата“. Во соопштението стои дека во изборот за наградата влегле песни од повеќемина млади, но етаблирани македонски поетеси и поети со изграден впечатлив авторски потпис. „Станува збор за песна со цврста и стегната структура и силна звучност....

Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ на Струшките вечери на поезијата

Книгата „Гравитација“ на поетесата Емилија Тодорова од Австралија ја доби наградата „Стојан Христов“ за 2022 година на „Струшките вечери на поезијата“. Збирката на Тодорова победи во конкуренција на „На каучот на Зигмунд Фројд“ на Јулијана Младеновска од Хрватска, „Песни“ на Јосиф Грежловски- Гандедо од САД и „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ од Шведска. Книгата „Гравитација“ е во издание на Агенцијата...

Синоќа запален поетскиот оган на 61. издание на Струшките вечери на поезијата

Со музичко-поетски перформанс на „Т’га за југ“ во изведба на бендот „Пијан Славеј“ и традиционалното палење на поетскиот оган, синоќа свечено се отвори 61. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“, информираат од тимот на „Струшките вечери на поезијата“. Манифестацијата се отвори на летната тераса на хотелот „Дрим“ во присуство на голем број поети од земјава и од странство, како...

Поетот Зоран Анчевски за збирката „Збунети компаси“ ја доби наградата „Браќа Миладиновци“

Македонскиот поет и книжевен преведувач Зоран Анчевски со поетската збирка „Збунети компаси“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија што ја доделува организацијата на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. По наградувањето на стихозбирката „Небесна пантомима“ во 2018 година, ова е втор пат Анчевски да ја добие оваа награда. Збирката „Збунети компаси“, како што...

„Струшките вечери на поезијата“ годинава ќе се одржат под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“

Под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“ со повеќе од 25 странски и домашни поети и оваа година поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) од 25 до 29 август ќе се одржува на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. Претпладневната програма со препознатливите програмски содржини, како што се вели во соопштението, е предвидена да се одвива...

Поетите Шунтаро Таникава и Џерардо Мазучо се годинешните лауреати на наградите „Златен венец“ и „Мостови на Струга“

Денеска во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа свечениот настан по повод соопштувањето на годинешните лауреати за две од трите награди на престижниот меѓународен поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Добитник на главната награда на фестивалот, „Златен венец“ за 2022 година е најзначајниот жив јапонски поет, Шунтаро Таникава. Во одлуката на Управниот одбор на СВП, претседателката, проф....

СВП ќе ги соопшти лауреатите на Светскиот ден на поезијата в понеделник

Во рамките на главното одбележување на Светскиот ден на поезијата в понеделник со почеток во 11 часот во МАНУ, Меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“ (СВП) ќе ги соопшти имињата на лауреатите на две од трите најголеми награди за 2022 година : „Златен венец“ и „Мостови на Струга“, која се доделува на млад поет. На манифестацијата за одбележување на...

Распишан конкурсот за Меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“

Фестивалската организација на „Струшки вечери на поезијата“ во соработка со УНЕСКО го објави конкурсот за најдобра дебитантска поетска книга на млад автор во 2022 година. Конкурсот ќе трае до 20 февруари годинава, а победникот ќе биде објавен на 21 март, Светскиот ден на поезијата. Сите млади поети кои сакаат да се пријават е потребно да ги исполнуваат следниве услови: Да се...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...