fbpx
Таг: Струмица

таг: Струмица

Саем на книгата на „Македоника Литера“ во Струмица

Во Струмица од утре до четврток, на платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи саем на книгата организиран од издаваштвото „Македоника литера“. На оваа изложбено-продажна манифестација, од 10 до 20 часот во секој од трите дена ќе се продаваат изданијата на „Македоника литера“ од повеќе области и жанрови. Утре со почеток во 12.30 часот, во фоајето на Центарот...

Мицкоски: Зоран Заев преку посредник му продал државно земјиште за зграда на Вице Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски денеска обвини дека премиерот Зоран Заев, додека бил градоначалник на Струмица, продал на струмички бизнисмен огромна квадратура државно земјиште кај поранешната касарна, кое на крајот завршило во рацете на неговиот брат Вице Заев и на фирма во која член на Управен одбор е нивниот братучед, Трајче Заев. Според Мицкоски, спорно е тоа што на јавното...

Јаневски: Во периодот што доаѓа во Струмица ќе станат повидливи ветените проекти

Коста Јаневски, градоначалник на Струмица и поранешен пратеник и член на Советот на Општината изразува умерено задоволство од досега сработеното, пред се затоа што, вели, за да се реализираат проектите мора да се исполнат законските предуслови, а за тоа е потребно време. Запрашан како е задоволен од ветеното и текот на реализацијата, во интервјуто, спроведено во рамките на проектот „До...

Тренов: Откупувачите на зелка купуваат само од тие што не протестираа

Иако претставници на министерството и владата се фалат дека експресно го решиле проблемот со откупувачите и производителите на зелка, и договориле цената да се движи од 20-25 денари по килограм, состојбата е поинаква. Откупот е драстично намален, а воопшто не се откупува од производители што минатата седмица протестираа, обвини Ромео Тренов на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. - Забележано е...

Јавноста исклучена, во судница се слушаат прислушувани разговори за „Поткуп“

На судењето на случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев, во судницата се слушаат прислушувани разговори кои со употреба на посебни истражни мерки биле обезбедени во истрагата за овој случај, објави „Фокус“. Поради тајноста на овие докази, а на кои се слуша гласот на Заев, јавноста беше исклучена од рочиштето. Засега е непознато и дали во судница јавно ќе...

На „Поткуп“ денеска нема да се објави целата снимка, Сачевалиев тврди дека Заев барал едно евро и за СДСМ

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое се одржува во Основен суд Скопје 1, сепак, нема да се прикаже целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината е што Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи сака да се жали за неа на повисок суд. Заев е обвинет дека како градоначалник...

Судот го прифати барањето на Заев јавно да се гледа снимката за „Поткуп“

По завршувањето на денешното рочиште за случајот „Поткуп“, премиерот Зоран Заев објасни дека Судечкиот совет одлучил снимката која е клучниот доказ на обвинителството против него да биде емитувана јавно, иако е обезбедена со примена на посебната истражна мерка- тајно снимање. Тоа би требало да се случи на рочиштето следниот понеделник. За снимката Заев тврдеше дека е нецелосна и недостигаат два...

Во сообраќајка на патот Струмица – Радовиш повредени 15 лица

Петнаесетина лица биле повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на патот Струмица-Радовиш. Несреќата се случила во 18.50 часот и во неа учествувале седум возила – шест автомобили и еден камион. Од МВР велат дека во несреќата учествувале автомобили „бмв“ со скопски регистарски таблици, „форд фокус“ и „фиат пунто“ со гевгелиски таблици, „пежо“ со струмички таблици и товарно возило...

Заев дојде на „Поткуп“, судењето одложено за 26 февруари, обвинителот бил на службен пат

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, се одложи за 26 февруари, бидејќи не беше присутен обвинителот Владимир Милошевски. Тој, како што соопшти судијата Дарко Тодоров, во петокот го известил судот дека поради оправдани причини, односно службено патување, нема да може да присуствува на рочиштето. Во Основниот суд Скопје 1 на Заев му се суди...

Девет земјотреси почувствувани на југоистокот, најсилниот со 5,1 степени

Серија од девет земјотреси ноќеска и утрово ги исплашија жителите на југоистокот на Македонија. Земјотресите имаа епицентри на територијата на Грција, но во непосредна близина на Дојран и Гевгелија. Како што известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, првиот потрес бил вчера во 23.13 часот а последниот во 7.50 часот. Најсилниот, од 5 степени, се случил утрово во 5.24 часот на длабочина од 10...

Потребно ни е помирување и толеранција, порача Мицкоски од црква во Струмица

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на црквата свети Петнаесет Тивериополски маченици во Струмица и порача дека на граѓаните им треба помирување. -Луѓето во текот на нивниот животен пат носат многу одлуки, дел од тие одлуки некогаш знаат да бидат и погрешни, најголемиот дел се исправни. Како луѓе и како христијани треба да научиме на простување...

Струмичанецот што смртно го рани ловецот се обидел да ги скрие трагите

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднесе кривична пријава за тешки дела против општата сигурност против З.Ј (38) од Струмица, во врска со смртта на ловецот кој беше смртно застрелан завчера во близина на браната Водоча. Додека пријавениот со уште седум лица бил на лов, завчера околу 13.50 часот на местото викано „Медев рид“во близина на браната Водоча,...

На граница биле пронајдени 21 килограм марихуана, уапсен 52-годишен струмичанец

СВР Струмица го уапсила 52-годишниот струмичанец З.Б. под сомневање за трговија со дрога, откако на границата, кај местото Војничка чешма, биле пронајдени 21 килограм марихуана, а потоа при претресот во неговиот дом биле пронајдени уште 25 грама марихуана и 19 грама бела прашкаста материја. Откако кај границата граничната полиција на крајот на минатиот месец ја пронашла оставената марихуана, СВР Струмица...

Во Струмица в четврток заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија

Заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија ќе се одржи в четврток во Струмица, а на неа ќе се потпишат десет нови договори. Тоа го најави премиерот Зоран Заев денеска во Струмица, каде се обрати во рамките на обуката за политички лидери во организација на Институтот за политика од Бугарија. Тој порача дека е многу важно „да гледаме...

Возач удрил пешак и избегал со автомобилот

Засега непознат возач со автомобил вчера удрил во пешак во Струмичко и го усмртил, по што избегал, соопшти полицијата. Според билтенот, сообраќајката се случила вчера, околу 4.30 часот, на регионалниот пат Струмица - село Банско, на излезот од селото Куклиш. Возилото удрило во А.А. (72) од Куклиш, кој од добиените повреди починал. Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи (СВР) -...

Заев: Струмичани ми беа штитот кога се борев со змејот што ја ништеше татковината

Во градот под Царевите кули чука срцето на слободата, рече кандидатот за градоначалник на СДСМ за Струмица, Коста Јаневски, на почетокот на вечерашниот митинг во Струмица. Тој се заблагодари за поддршката и што може да го продолжи тоа што го почнал претходниот градоначалник, а сегашен премиер Зоран Заев и вети дека ќе ја докаже својата посветеност. - Пркосевме цели 12 години...

Марш за децата со Даунов синдром и хуманитарна акција утре во Струмица

Хуманитарна акција за собирање на училиштен прибор и  Октомвриски марш со децата со Даунов синдром ќе се одржат утре во Струмица, во рамки на одбележувањето на октомври како месец посветен на лицата со Даунов синдром, најавуваат од иницијативата „Мрдни со прст“. Во соработка со Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ и со локалните жители, тие...

Јовановски: Братучедот на Заев купил дел од „Герас Цунев“ по багателна цена

„Κланот Заеви повторно со матни зделки го шират бизнисот и купуваат компании по багателни цени. Трајче Заев со само 10 евра за квадратен метар стана сопственик на конфекцискиот гигант ’Герас Цунев’“, рече на прес-конференција пред Владата денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. Тој појасни дека Трајче Заев за само 20.000 евρа купил 22,25 пρоценти аκции од стρумичκиот κонфеκцисκи гигант „Геρас Цунев“,...

Обвинителството почна истрага против полицаецот што пукаше во момчињата

Jавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица донел Наредба за спроведување на истражна постапка против полицаецот што во петокот вечерта со службениот пиштол рани и нанесе тешки повреди на двајца малолетници, од кои едниот со тешки повреди e хоспитализиран на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје (КАРИЛ) и е во многу тешка состојба, а на...

Обвинителство почна истрага за уривањето на хеликоптерот кај Струмица во 2014 година

По три години од хеликоптерската несреќа кај Струмица, во која загинаа четворица пилоти, Основното јавно обвинителство – Струмица почнало истражна постапка против три лица. На 10 јули 2014 година, се урна хеликоптер тип „ми 17 в5“ со регистарска ознака МАП 7712, во сопственост на МВР Скопје. Загинаа пилотите Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички. „Бројните прибрани докази и...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...