fbpx
Таг: струја

таг: струја

Мајстор загинал откако го удрила струја од далновод

Мајстор кој работел во Струга вчера трагично го загубил животот откако добил струен удар од далновод додека работел на куќа. Како што соопшти СВР Охрид, вчера, околу 11.30 часот, во Струга на улицата Едвард Кардељ, Г.М. (44) од Охрид, неговиот брат А.М. и М.П., како вработени во „АМГ Дизајн 2013“, местеле олуци на куќа и во еде момент Г.М. со...

Анѓушев вели дека со либерализацијата, струјата нема да поскапи

Заменик-претседателот на Владата  задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима, Зоран Шапуриќ, и со министeрот задолжен за привлекување на странски инвестиции, Аднан Ќахил, на конференција за медиумите, давајќи отчет за стоте дена од работењето на Владата, ги презентираа ветените и релизираните обврски, како и проектите кои...

Колариќ: Анѓушев се грижи единствено за профитот на своите фирми

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека скандал од невидени размери е тоа што вицепремиерот во Владата, Кочо Анѓушев, си доделил преку државната ЕЛЕМ тендер во износ од 2,6 милиони евра на фирма која е во негова сопственост, „Фероинвест“. – Ваквиот криминален тендер покажува дека Кочо Анѓушев само го пресликува работењето на неговиот ментор Зоран Заев, кој преку Општина Струмица...

Пожар на Родос, главниот град остана без струја

Повеќе од 20 пожарникари и доброволци го гаснат пожарот кој избувнал три километри од градот Родос, на истоимениот грчки остров. Поради пожарот, главниот град останал без струја. Нема информации за повредени лица, а причините за настанување на пожарот сè уште се истражуваат.

Анѓушев: „Трансмет“ порано наплаќала по 144 денари за ископ, а овој тендер го добила за 44

Фирмата „Трансмет“ на Сеад Кочан која го доби тендерот на ЕЛЕМ за ископ на јаловина во РЕК Битола, наплаќала и до 144 денари по ископ на 1 гигаџул, а сега компанијата е подготвена да ја врши истата услуга за 44 денари, соопшти денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев. -Најбитното прашање кое што треба да се одговори е, зошто...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата

СДСМ и Заев промовираат популистички потег, единствено за да ги изманипулираат граѓаните и да добијат некој глас повеќе на локалните избори, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев за воведување дополнителни два часа евтина тарифа на електрична енергија. „СДС во наредната година ќе ја зголеми цената на струјата. Со либерализација на пазарот на електрична енергија...

Со новиот закон за енергетика ќе се штитат интересите на граѓаните, велат од Влада

Владата подготвува нов закон за енергетика и со него ќе се подобри уредувањето на односите во енергетскиот сектор, јасно ќе бидат определени правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Во соопштението се вели дека, целта е заштита на интересите на граѓаните. „Станува збор за реформски закон што...

Цел Крим во мрак, нема струја

На полуостровот Крим дошло да целосен прекин на електричната енергија, соопшти денеска локалниот министер за енергетика и за гориво, Вадим Белик. - Целосниот прекин настана откако на копното е исклучен системот за автоматско реагирање во вонредни ситуации – рече Белик. Тој додаде дека напојувањето со енергија на Крим треба биде обновено што е можно побргу.

Во мај биле потрошени 549.074 мегават-часови електрична енергија

Во мај годинава, потрошени се 549.074 мегават-часови електрична енергија, 4.120 милиони кубни метри природен гас, 442.930 тони јаглен и 85.513 тони нафтени продукти, објави Државниот завод за статистика. Домашното бруто-производство на електрична енергија учествува со 66,7 проценти во домашната бруто-потрошувачка, додека 92,7 проценти од вкупната потрошувачка на јаглени се употребени за производство на електрична енергија.

Пожар во РЕК Битола, првиот блок исклучен, еден работник е повреден

Поради ненамерна човечка грешка, како што соопштија од РЕК Битола, денеска нешто по 13 часот, при рутинска манипулација на 6-киловолтната постројка на блок 1 на РЕК Битола, дошло до пожар на дел од кабловските системи, кој со навремена интервенција на надлежните служби на комбинатот бил неутрализиран и изгаснат. Притоа повреден бил работник кој со возило за итна медицинска помош е...

Нема ни „ф“ од фабриката што од отпадот во Дрисла требаше да произведува струја

Сè уште нема ништо од изградбата на фабрика во Дрисла која од отпадот ќе произведува струја, а требаше да биде готова до 2018 година. Имено, инвестициските активности на италијанската компанија „ФЦЛ Амбиенте“, која во 2013 година го доби меѓународниот тендер за расчистување на депонијата Дрисла, требаше да се заокружат со изградбата на оваа фабрика, која требаше да биде готова за...

ВМРО-ДПМНЕ: Досега не се случило образовна институција да остане без струја поради долг

„Колку и да се обидуваат да бараат алиби, фактите говорат дека досега никогаш не се случило студентските домови или која било друга образовна институција да остане без електрична енергија поради долг кон дистрибутерот. Електрична енергија немало само кога се реализирале градежни интервенции во објектите“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Министерството за образование и наука. „Обврските се...

МОН информираше дека ДСЦ „Скопје“ има долг од 4,5 милиони евра

Министерството за образование и наука информираше дека Државниот студентски центар „Скопје“, под чија закрила функционираат студентските домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, има долгови од 4,5 милиони евра. Од нив, за комунални услуги, греење, комуникации и транспорт долгот е 1,6 милиони евра. „Доколку раководството на ДСЦ „Скопје“ навреме ги намируваше долговите и обврските, немаше да се доведат...

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ има неплатени сметки за струја, студентите седеа во темница

Студентскиот дом „Гоце Делчев“ синоќа остана без струја поради неплатени сметки, по што студентите реагираа до Министерството за образование и наука и до Владата. „Успеавме да воспоставиме контакт со компанијата за повторно да се приклучи студентскиот дом на електрично напојување и за да може активностите да се одвиваат нормално“, изјави министерката за образование, Рената Тренеска-Дескоска, која синоќа го посетила домот. Во соопштението на Владата...

Струја за 60.000 домаќинства: Ветерниците во Богданци се најисплатливата инвестиција

Од почетокот на работата на ветерните електрани „Богданци“ во 2014 година, предвиденото производство на струја е надминато за 25 проценти, информираше генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, при посетата на ветерниот парк. Според него, станува збор за најисплатливата инвестиција досега, при што се произведени 300 гигават-часови електрична енергија. Во него се  произведува струја за околу 60.000 домаќинства или за три града,...

Нема да има зголемување на цената на струјата, најавија од ЕЛЕМ

Цената на струјата нема да се зголеми и покрај тоа што на почетокот на годината ЕЛЕМ купи скапа струја, одговори генералниот директор на компанијата, Христијан Мицкoски, на новинарско прашање при посетата на РЕК Битола. - Струја извезовме во ноември и во декември, во јануари купивме скапа струја, потоа ја набавивме евтино. Ќе се обидеме да купиме евтина струја до јуни, кога...

Крстаноски: Охридско Езеро не смее да се користи за производство на струја

Откако медиумите алармираа за нискиот водостој на Охридско Езеро, надлежните презедоа мерки и состојбата малку се подобри. Републичкиот хидро-метеоролошки завод, пак, секој ден лиферува соопштенија за тоа колку се зголемило нивото на водата, откако на браната на истекот во Црн Дрим, беа подигнати дрвените препреки. Професорот Здравко Крстаноски, долгогодишен прв човек на Хидро-биолошкиот завод во Охрид, за „Мета“ појаснува дека треба да...

Тетовци протестираа пред седиштето на ЕВН во Тетово

Околу илјада граѓани протестираа попладнево пред седиштето на ЕВН во Тетово, незадоволни, како што велат, од цената што ЕВН им ја наплатува за потрошена електрична енергија. Тие упатија повеќе барања до компанијата ЕВН, меѓу кои и да се либерализира пазарот на дистрибуција на струја. - Бараме ЕВН да ја намали цената на киловат-час електрична енергија, затоа што цената на отворена берза...

ЕЛЕМ: ТЕЦ Осломеј не откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект

„Не е точно дека ТЕЦ Осломеј откажала ниту, пак, е исклучена поради дефект. Овој капацитет во изминатиот период на зголемен потрошувачки конзум и потреба од електрична енергија, во целост одговори на потребите на тарифните потрошувачи“, се вели во реакцијата на ЕЛЕМ на соопштението на СДСМ. - Основна причина зошто капацитетот е надвор од електроенергетскиот систем е намалената потрошувачка на електрична енергијa....

СДСМ: Осломеј откажа, го празнат и Тиквешко Езеро

Раководството на ЕЛЕМ поврзано со криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, освен природното Охридско Eзеро, го празни и Тиквешкото Езеро преку хидроелектраната Тиквеш, велат од СДСМ. Тие додаваат дека „несовесните власти на АД ЕЛЕМ посегнаа по максимално искористување на езерските води, во паниката дека скапиот увоз на струја зазема огромни размери во милиони евра за што ќе следува отчет“. „Според нашите информации, од...

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...