fbpx
Таг: струја

таг: струја

Струјата од утре поевтинува за 0,33 проценти

Цената на струјата се намалува за 0,33 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Пресметката на новата цена ќе почне од утре, така што граѓаните во август ќе добијат за 0,33 отсто пониски сметки за струја за јули. Како причина за намалување на цената, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, ги истакна намалените трошоци за работење на компаниите, приходите на компаниите,...

Дали струјата ќе поскапи, ќе се знае денеска

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на електричната енергијa што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули. Стручните служби ги разгледаа поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ја донеле и одлуката. Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторната комисија со кои се бара зголемување на цената на струјата и за...

Продолжуваат протестите против поскапената струја во Ерменија

И покрај тоа што претходниот протест беше насилно растурен од полицијата, ерменски активисти што протестираат против зголемувањето на цената на струјата ги продолжија демонстрациите во Ереван. Демонстрантите бараат преразгледување на одлуката со која струјата од 1 август поскапува за 16 проценти. Ерменскиот претседател Серж Саркисијан ја повтори понудата да се сретне со претставници на демонстрантите за да разговара за нивното барање. Вчера полицијата употреби водени топови...

Научници од Синсинати откриле можност за лекување со помош на струја

Тим научници од Универзитетот во Синсинати можеби пронашле начин на брзо лекување на нашите тела од повреди и од рани, користејќи струја, пишува „Хафингтон пост“. Нивниот експеримент функционира врз основа на тоа што нашите тела реагираат на електрични полиња, благодарение на присуството на наелектризирани честички, јони, во нашите клетки. Андреи Коган, професор по физика на колеџот за уметност и наука„ Мекмикен“,...

Струјата од август поскапа за 10 проценти?

Нова цена на струјата, повисока и за 10 проценти, ќе плаќаат граѓаните од август годинава, велат извори од енергетските компании. Стручните служби на Регулаторната комисија за енергетика веќе ги разгледуваат поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ќе следи одлука. Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторна, со кои се бара зголемување на...

Половина Скопје без струја поради дефект на трафостаница во Козле

Поради дефект на трафостаницата Козле-Водно, речиси еден час половина Скопје остана без електрична енергија. Од ЕВН велат дека нивна екипа е на терен и работи на санирање на дефектот. Оттаму додаваат дека населбите една по една ќе почнат да се приклучуваат на електрично напојување од други трафостаници. Струја нема во населбите Водно, Козле, Капиштец, Тафталиџе, Карпош 1 и 2 и Црниче.

Вашингтон без струја поради експлозија на термоелектрана

Стејт департментот, Капитол и поголемиот дел од Вашингтон со приградските области вчера останаа без струја поради експлозија на термоелектрана во соседната држава Мериленд. Портпаролот на Министерството за внатрешна безбедоност и вонредни ситуации, Робин Џонсон, рече дека околу 8.000 корисници останале без електрична енергија. Комуналното претпријатие „Пепко“ соопшти дека истрагата е во тек. Портпаролот Шон Кели немаше детали за локацијата и за...

Жителите од општина Маврово – Ростуше се без струја 

Селата од мавровско-реканскиот крај од синоќа се без електрична енергија, по обилните врнежи од снег што во текот на вчерашниот ден  во овој регион формираа снежна покривка од триесетина сантиметри. Од големите наноси од снег има повеќе дефекти на дистрибутивната мрежа на ЕВН, паднати се и неколку столбови. Екипи на ЕВН работат на терен, но од компанијата не прецизираат кога овој...

Ајфеловата кула почна да произведува струја

Една од најголемите знаменитости на Париз, Ајфеловата кула, неделава стана и нова икона за обновлива енергија со две ветерници кои ги вгради американската фирма „Урбан грин енерџи“. Американската компанија соопшти дека ветерниците можат да обезбедат околу 10.000 киловати струја, што одговара на количество што во текот на една година го троши комерцијалниот дел од првиот кат на кулата, пишува лондонски „Гардијан“. Произведувачот наведува дека...

Дваесет загинати на уличен карневал на Хаити

Најмалку 20 лица загинаа, а 46 се повредени од струен удар на карневалот во Порт-о-Пренс, главниот град на Хаити. Несреќата се случила во време кога на улиците се наоѓаат илјадници луѓе на годишната прослава. Очевидци велат дека некој од масата со штица ја допрел жицата што пренесувала струја за да може карневалското возило да мине под неа. Некои од жртвите загинале од струен...

Вевчанци протестираа пред ЕВН со запалени свеќи

Поголем број жители на општина Вевчани, како и од струшкото село Поум, се собраа денеска пред седиштето на ЕВН во Струга за да го изразат својот револт поради проблемите со снабдување со електрична енергија во овие населени места. Вевчанци, со палење на свеќи, со својот познат сатиричен хумор го изразија своето незадоволство и порачаа дека е ова последен повик до...

ЕВН: Најпроблематичните села во охридско-струшкиот регион добија струја

Во охридскиот и во струшкиот регион и најпроблематичните населени места добија електрична енергија, соопштија од ЕВН. „Во текот на ноќта, во саботата, и во раните утрински часови во неделата нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на „ЕВН Македонија“ работат на санирање на дефектите кон...

Селата од охридско-струшкиот регион добија струја

Дистрибутивната мрежа оштетена од снежните наноси и од силниот ветер е санирана, инфомираат од ЕВН. Оттаму соопштија дека синоќа поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и во ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје, а се очекува...

На вевчанци конечно им „светна“!

По пет дена и ноќи поминати во мрак, меѓу кои и новогодишната, на вевчанци конечно им „светна“! ЕВН ги приклучи на редовен систем за снабдување со електрична енергија. - Задоволни сме и среќни што, ете, доживеавме да се порадуваме на електрична енергија во 21 век. Во Вевчани уште во 40-тите години на минатиот век имало електрично напојување. За ова време...

Протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид

Неколку стотини жители од селата Ливоишта, Сирула, Вапила, Куратица, Расино, населени места во Охридско, кои веќе шести ден живеат без струја и без вода, денеска излегоа на протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид. Од надлежните побараа проблемот што поскоро да се реши. Од „ЕВН Македонија“ информираат дека нивните екипи интензивно работаат на терен за да се создадат услови за...

Македонците од Мала Преспа и од Голо Брдо без струја за Нова година

Снежната покривка и поларната температура што ја зафатија Албанија ги отсече областите населени со етнички Македонци, а некои од нив останаа и без електрична енергија, пренесува електронскиот весник „Македониум“. Областа на Голо Брдо поради обилните врнежи од снег е целосно изолирана, руралните патиштата се непроодни, а освен ниската температура која достига до -17 Целзиусови степени, проблем преставува и прекинот на електричната енергија...

СДСМ ја обвинува власта за проблемите со струјата

Повеќе од 48 часа во темнина живеат жителите на десетина села во општината Могила. Велат дека според информациите со кои располага нивната партија, говорат за рестрикции на струја во скопските општини, обвинува СДСМ. - Од неделата струја нема во Ивањевци, Новоселани, Подино, Лознани, Свето Тодори, Трновци, Вашарејца и во Ношпал. Струја нема и во Маврово, Ростуше. Од сабајле има испади на...

Струјата полека се враќа

По снежното невреме и силниот ветер во изминатите два дена, кои предизвикаа дефекти во дистрибутивната мрежа, се стабилизира проблемот со струјата во земјава. Ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија, особено во охридско-струшкиот регион, кој најмногу беше на удар од снежното невреме, е нормализиранa. Според динамиката на работа, најавено е дека во текот на денешниот ден до 14 часот ќе биде нормализирано снабдувањето...

Прекината наставата во општините Охрид, Струга и Дебарца, сите планински села отсечени

Поради прекинот со електрично напојување, утринава не се одржа настава во првите смени во сите училишта во Охрид, Струга и во општина Дебарца. Поради високите снежни намети, сите села од Дебрца се практично отсечени. Неизвесно е дали настава ќе има и во втората смена во Охрид, додека во Дебарца и во Струга и официјално ќе нема настава и во...

Охрид и Струга добија струја

Од МЕПСО информираа дека снабдувањето со електрична енергија во охридско-струшкиот регион е нормализирана. Дефект имаше на два далноводи на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпилје, електричната енергија во целиот град беше во прекин синоќа пет часа, а денеска струја немаше од 7 часот и 30 минути до 9 часот и 20 минути.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...