fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

Наградата „Мостови на Струга“ за поетесата Паула Бозалонго од Шпанија

„Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска книга, награда што ја доделуваат „Струшки вечери на поезијата“ и УНЕСКО, годинава ѝ припадна на поетесата од Шпанија, Паула Бозалонго. – Од пристигнатите книги, особено се издвои книгата „Декември и се бакнавме“ од Паула Бозалонго, поетеса од Шпанија. Песните на Паула Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност, таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик, кој...

Со пиштол го застрелал брата си и побегнал

Утринава, петнаесетина минути по полноќ, во Струга, Б.Н. (34) пријавил дека неговиот брат А.Н. (44) од село Велешта, Струшко, го удрил со рачка од пиштол во пределот на главата. Б.Н. е пренесен во болницата во Струга, при што му е констатирана и прострелна рана во пределот на слабината. Истиот е надвор од животна опасност и контактибилен. А.Н. го напуштил местото на...

Струга: Директор на „Проаква“ го оштетил претпријатието за повеќе од 200.000 денари

Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 49-годишниот А.В. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи за сомневање за злоупотреба на службена положба и овластување. Пријавениот, во својство на директор на јавното претпријатие „Проаква“, во текот на 2011 година ја злоупотребил својата положба и овластување и оттуѓил целосно амортизирано возило „застава-поли“, возила „волга“ и „хундаи соната“, како и еден багер...

Младите во првите редови на соживотот: Мултукултурен настан „Заедно за Струга“

В сабота, 21 февруари, во Струга ќе се одржи мултикултурниот настан „Заедно за Струга“.  Акцентот ќе биде ставен на градењето мултиетничкиот соживот, преку разновидни активности. Ќе учествуваат ученици од македонски, албански и од турски паралелки од училиштата во Струга. – Ќе ја прославуваме различноста на Струга преку групни активности. „Заедно за Струга“ е првиот настан од ваков вид - најавуваат организаторите. Предвидените активности ќе се...

Надзор на буџетската транспарентност на Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и на Вевчани

Во Струга утре ќе бидат презентирани наодите од квартален надзор на буџетската транспарентност на општините Струга, Охрид, Центар Жупа, Дебрца, Дебар и Вевчани. Со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, надгледувањето го вршат Центарот за економски анализи (ЦЕА) и ФОРУМ – Центар за стратегиски истражувања и документација, заедно со ЦОРЗ од Дебар. – Сакаме да ги посочиме наодите од кварталниот...

Од петокот по полноќ, ниту трага од исчезаниот Уран Купа, телохранител на струшкиот градоначалник

Полициската станица од Струга во саботата, на 7 февруари, извести дека претходната ноќ, околу 1:15 часот, во станица, 50-годишниот Б.К. од селото Велешта пријавил дека бил исчезнат неговиот син, 27-годишниот Уран Купа. Оттогаш на исчезнатиот, за кого подоцна се дозна дека бил вработен во Општина Струга како шеф на обезбедувањето на градоначалникот, му се губи секаква трага. Од СВР во...

Струга: Граѓаните да донираат помош преку телефонските броеви на Црвениот крст

Адуриме Даути, секретар на општинската организација на Црвениот крст во Струга, упати апел до граѓаните кои сакаат да помогнат за настраданото население во поплавите во Македонија, тоа да го прават со парични средства преку телефонските броеви на Црвениот крст на Македонија. Даути појаснува дека е собрано огромно количество средства за хигиена и пакети со вода за пиење, а населението од...

Струга: Протести пред ЕВН и блокада на улиците

По минатонеделните протести на вевчанци и на поунчани, за денеска протест пред објектот на ЕВН – Македонија во Струга, но и блокада на улици, најавија жителите од струшките села Подгорци, Октиси, Лабуништа и Боровец. Тие формираа Иницијативен одбор од претседателите на месните заедници на четирите села. Жителите од овие села се револтирани поради тоа што имаат чести прекини во електричното...

Струшко Мислешево како мала Венеција

Обилните врнежи од дожд и од снег што деновиве ја погодија Република Македонија, предизвикаа поплави и во регионот на Охрид и на Струга. Порталот „Охрид прес“ објави фотографии кои за струшкото село Мислешево одаваат впечаток на мала Венеција. Делови од селото се околу 50 сантиметри под вода. Под вода е и дел од полето од Мислешево кон аеродромот „Св.Апостол Павле“. Жителите на...

Наставниците од „Нико Нестор“ испратија ново отворено писмо

Наставниците и професорите од Средното општинско училиште „Нико Нестор“ од Струга, повторно се огласија со отворно писмо до јавноста, во кое укажуваат дека екстерното оценување претставува обезвреднување на трудот и деградирање на личноста. Тие го поддржуваат штрајкот на СОНК и веќе деветти ден ја бојкотираат наставата. „Бидејќи подолго време сме изложени на низа необјективни оценувања од страна на Министерството за...

Во Охрид се учи, во Струга се штрајкува

Во Охрид наставата се одвива нормално и вообичаено, додека во соседна Струга повеќе се штрајкува отколку што се учи. - На ниво на општина, во Струга и во сите села, со исклучок на Вевчани, според нашите согледувања, 70 проценти од наставниците и од професорите не извршуваат настава и ја почитуваат одлуката на СОНК - вели Сурија Рашиди, началник за образование...

Со пиштол им се заканувал на татко и на син

МВР поднесе кривична пријава против Б.С. (45) од Струга, поради постоење сомневање дека недозволено изработувал, поседувал и тргувал со оружје или распрскувачки материи, при што на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Имено, на 9 јануари годинава, околу 17.20 часот, пријавениот пристигнал во дворот на оштетениот и по вербална расправија и закани по неговиот живот и по животот...

Црвен крст и ЦУК доставија помош до отсечените села во Охридско и во Струшко

Заеднички тим на Црвениот крст, на Единицата за спасување на планина и непристапни терени од Охрид, заедно со претставници на Центарот за управување со кризи - Регионалната канцеларија од Охрид, достави помош во прехранбени производи, средства за хигиена, ќебиња и лекови до загрозените семејства во отсечените села во општина Дебрца, Црвена вода, Издеглавје и Годивје. Онаму каде што не...

Охрид и Струга добија струја

Од МЕПСО информираа дека снабдувањето со електрична енергија во охридско-струшкиот регион е нормализирана. Дефект имаше на два далноводи на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпилје, електричната енергија во целиот град беше во прекин синоќа пет часа, а денеска струја немаше од 7 часот и 30 минути до 9 часот и 20 минути.

Уапсени членови на озлогласената банда „Дедомразовци“ во Албанија

Албанската полиција вчера уапсила неколкумина членови на озлогласената криминална банда, позната под прекарот „Дедомразовци“, одговорна за серија вооружени грабежи на трговски центри и на златарници во Албанија, Македонија и во Грција, пренесуваат албанските медиуми. Членовите на групата се идентификувани како извршители на двата вооружени грабежи кои ова лето се случија во Струга и во Дебар, а во кои беше украдено...

Струшкото КУД „Клеопатра“, дел од манифестација „Македонија наш дом“

По повод празнувањето на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права и слободи, Културно-уметничкото друштво „Клеопатра“ од Струга, заедно со музичарот Фуат Исакоски и со неговиот оркестар, ќе биде дел од културната манифестација „Македонија наш дом“ во Скопје, информираат од Заедницата на Египќаните. Оваа мултикултурна манифестација ја организира Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), во соработка со Мисијата...

Мендух Тачи ги мери силите на Зијадин Села на теренот во Струшко

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, викендов престојува во Струга и во Струшко. За вечерва е закажана средба со младите жители од струшкото село Лабуништа, според бројот на жителите, најгусто населената населба во општината по градот Струга. Средбата ќе се одржи во 17 часот, во центарот на Лабуништа, село од близу 15.000 жители, а на неа се очекува, заедно со Тачи,...

Донирана медицинска опрема во Струга

Струга е еден од петте градови во Македонија со донација од софистицирана медицинска опрема, наменета за детските здравствени установи. Апаратите се наменети за Општата болница во Струга, што е дополнителна поволност за најмладите бидејќи отсега не мора да патуваат за Скопје, како досега, за да го направат соодветниот преглед. Стопанска банка ја донираше опремата во рамките на одбележувањето на 70-годишнината од постоењето,...

Пронајден мртов затвореник во Струга

Во казнено-поправната установа во Струга, вчера е пронајдено безживотно тело на затвореник, кој бил на возраст од 35 години и бил осуден за загрозување на сигурноста. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, а почната е истрага за да се откријат причините за смртта.

Во продажба романот „Последната приказна“ од Ели Радеска

Издавачката куќа „Ирис“ од Струга го издаде романот „Последната приказна“, од дебитантката Ели Радеска. Романот може да го најдете во книжарниците на „Три“ и на „Табернакул“. Книгата е посветена на нејзината баба и, како што самата авторка кажува, инспирирана е од раскажувањата на еден од нејзините идоли, големиот Петре М. Андреевски. -Чувствував како и јас да растам и созревам пишувајќи ја книгата и...

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...