fbpx
Таг: Струга

таг: Струга

Две нови автопатски делници во Охрид и во Струга

Со вкупно 86 милиони евра, средства од Европската банка за обнова и развој, одобрени како поддршка на јавните инвестиции во инфраструктурни објекти во Република Македонија, ќе се гради нов, експресен пат од Охрид до туристичката населба Пештани. Сообраќајницата е и дел од меѓународниот пат до Свети Наум и оттаму за Република Албанија. Новиот експресен пат Охрид - Пештани, во должина...

Контрола во седум угостителски објекти во Охрид и во Струга

Во функција на откривање прекршоци во врска со законот за пушење, откривање други казнени дела, како и сузбивање на безбедносно негативни појави на подрачјето на општините Охрид и Струга, Секторот за внатрешни работи од Охрид, во координација со Управата за јавни приходи и со Државната пазарна инспекција, синоќа изврши контрола во вкупно седум угостителски објекти во двата крајезерски града. Притоа,...

Обезбедена нафта за струшките училишта

Учениците од струшкото училиште „Јосип Броз Тито“ од утре ќе продолжат со настава откако е обезбедена нафта за греење на училниците. Наставата беше во прекин затоа што родителите решија да не ги пуштаат децата на школо оти нема греење. Околу десет тони нафта претпладнето се испорачани во Централното основно училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга, а дел од неа,...

Стружани бараат реконструкција на плоштадот и на Споменикот на револуцијата

Градоначалникот на Струга, Зијадин Села нема ништо против да се реконструира градскиот плоштад
Стружани бараат санирање на Градски плоштад и на Споменикот на револуцијата, на кејот на реката Црн Дрим. Спомен-обележјето е изградено пред повеќе децении, во чест на повеќе од 3.000 учесници во НОВ и во ПОМ на Македонија (1941 – 1945) и ги симболизира заедништвото и саможртвата на загинатите 335 борци и жртви на фашистичкиот терор од Струга и од Струшко, од...

Стружанка – жртва на филмско грабнување

Струшката полиција вчера добила пријава за грабнување, а жртва била четириесет и двегодишна жителка на градот. Како што информираат оттаму, случајот го пријавил локален адвокат, кој рекол дека грабнувањето се случило меѓу 9 и 9.20 часот на улицата Маршал Тито. Стружанката била пронајдена околу 13 часот на клупа на плажа, а полицијата работи на расчистување на случајот. Според пријавата, жртвата, С.К.(42), изутрината излегла...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...