fbpx
Таг: стрип

таг: стрип

Реизданија на „Драгонеро“ и „Кет Клоу“ избрани за најдобри стрипови во регионот за 2023 година

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди популарноста на италијанските и други увозни стрипови, но и високото мислење на публиката од регионот за водечките домашни автори. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар...

Почина креаторот на „Драгонбол“

Акира Торијама, креаторот на „Драгонбол“ (Dragon Ball) – еден од највлијателните и најпродавани јапонски стрипови на сите времиња, почина на 68-годишна возраст. Торијама претрпел акутен субдурален хематом, вид на крвавење во близина на мозокот, соопшти неговото студио, а пренесe Би-би-си. „Драгонбол“ е популарен ширум светот, а стрипот доживеа и свои цртани и филмски верзии. Стрип серијалот дебитираше во 1984 година. Го следи...

Покана за учество на „Балканската смотра на млади стрип-автори“

Школата на стрип „Никола Митровиќ Кокан” од Лесковац, која работи во рамки на Лесковачкиот културен центар, оваа година по 26. пат ја организира манифестацијата „Балканска смотра на млади стрип-автори”. Централната манифестација ќе се одржи од 28 до 30 јуни 2024 година во просториите на Лесковачкиот културен центар, Народниот музеј и Народната библиотека „Радоје Домановиќ” во Лесковац. Смотрата и оваа година...

Љубителите на стрипот се збогуваат со Алфредо Кастели, креаторот на „Марти Мистерија“

Италијанскиот стрип-сценарист и писател Алфредо Кастели, чие најпознато дело е авантуристичкиот стрип „Марти Мистерија“, починал вчера во родниот Милано, на 76-годишна возраст, објави издавачката куќа „Серџо Бонели Едиторе“. Кастели, роден во 1947 година, со стрипови почнал да се занимава од најрана возраст, а како тинејџер во 1966 година го објавил првиот италијански фанзин за стрипови „Comics Club 104 “. Со...

Објавен македонски превод на стрипот „Везење“ од Марџан Сатрапи

Издавачката куќа „Бункер“ од Скопје објави македонска верзија на графичкиот роман „Везење“ од француско-иранската авторка на стрип, филмска сценаристка и режисерка Марџан Сатрапи. Романот ги пренесува приказните на три генерации ирански жени од семејството на Сатрапи, од бабата феминистка, мајката стоик, ексцентричната тетка и нивните пријателки и сосетки. Истовремено хумористични и трогателни, овие разговори со чај опфаќаат теми како љубов,...

Вечерва во „Шорткат“ дознајте повеќе за видеоиграта „Скопје“

Видеоиграта „Скопје“, чиешто демо беше претставено на еден од најреспектираните гејминг-фестивали „Pax West“ во Сиетл, е во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Разговараме со креаторот на играта, програмерот Кристијан Трајковски. Носиме вести и за рокот за пријава на нашата работилница за млади новинари кој истекува вечерва, како и за опасните дезинформации што и понатаму се шират...

Макс Бункер потврди: Култниот стрип „Алан Форд“ завршува со бројот 660 во мај 2024

Реакциите на обожавателите на стрипот „Алан Форд“ не го поколебаа авторот и издавач Макс Бункер, кој во најновото издание во Италија објави дека не ја повлекува одлуката ја прекине 55-годишната традиција на континуирано објавување, информира Мета.мк. Стрипот „Алан Форд“ е дело на Макс Бункер, псевдоним за 84-годишниот милански сценарист Лучиано Секи, и Магнус, псевдоним за прерано починатиот болоњски цртач Роберто...

„Астерикс и белиот ирис“: Новата епизода на култниот стрип ја освојува Европа

По објавувањето на крајот од октомври, новиот стрип-албум „Астерикс и белиот ирис“ ја освојува Европа. Испечатен е во 5 милиони примероци на 20 јазици кои се дистрибуираат истовремено, со што се одржува репутацијата на Астерикс како најпреведуван француски стрип. Тема на најновата епизода за популарните галски воини Астерикс и Обеликс е сатиризирање на „велнес“ културата, при што треба да решаваат...

Во сабота „Ден на бесплатни стрипови“ во Бункер

Оваа сабота во стрип книжарницата Бункер во Скопје ќе се одржи третиот по ред „Ден на бесплатни стрипови“. Од Бункер ги повикаа сите издавачки куќи да земат учество во акцијата и информираа дека досега се обезбедени околу 700 бесплатни стрипови. Акцијата започнува во 10 часот, а стриповите што се бесплатни ќе бидат јасно означени и лоцирани на главната маса кај касата,...

Во Штип денеска ќе се одржи стрип-работилница

На 26 септември, со почеток во 12 часот, во Американско катче – Штип ќе се одржи работилница за изработка на стрипови. Неа ќе ја води Александар Стеванов, наградуван стрип-автор и хроничар, со досега објавени девет книги на тема историја на стрипот. На стрип-работилницата учесниците ќе имаат можност да се запознаат со основите на оваа уметност – нејзината полисемичност, дефинирање, особеностите...

Стрип-авторот Игор Јовчевски – специјален гостин на фестивалот „Стрипорама“ во Ниш

Од 10 до 13 август во Ниш ќе се одржи осмото издание на Меѓународниот фестивал на стрип и популарна култура „Стрипорама“. Меѓу 12-те еминетни стрип-уметници од неколку земји, кои се поканети како специјални гости, е и македонскиот автор Игор Јовчевски. Фестивалот „Стрипорама“ го организира стрипарницата „Јужни Дарквуд“ а се одржува во содејство со Меѓународниот џез фестивал „Нишвил“ (Nišville). Тие заедно,...

Нова публикација од Црна Гора ја пренесува сликата за стрипот во историјата, како и за историјата во стрипот

Центарот за демократски транзиции (ЦДТ) од Подгорица денеска ја објави публикацијата „Цртежи и борби“ (Crteži i borbe), која истакнува одредени детали од историјата на југословенскиот стрип и на моменти од поширокиот терен на културата, за заедно да создадат преглед поврзан со три работи: стрипот, НОВ и Црна Гора. Автор на публикацијата е Лука Ракојевиќ, додека дизајнот го изработи Зоран Кардула...

Стрипот „Алан Форд“ промовира македонско вино во најновата епизода

Најновата епизода на култниот стрип „Алан Форд“ содржи промоција на македонското  вино, која допира до публиката од речиси сите држави на бивша Југославија. Во епизодата насловена „Лудост“, јунаците решаваат интриги во измислената европска микродржава Баронство Баварија, која е слична на Кнежевството Лихтенштајн. Во еден момент, еден од ликовите, со цел да натера локален поп - пијаница да соработува, му нуди...

Ангела Петрушевска е најдобриот млад автор на стрип натпреварот во Ваљево

Ангела Петрушевска, ученичка во средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ од Скопје го освои првото место во категоријата најдобри стрип автори до 16 години на 6-тиот Ваљевски стрип фестивал што се одржува во Србија, информираат од Стрип центарот на Македонија. Стрип фестивалот денеска ќе се отвори во српскиот град Ваљево, а организатор на истиот е Арт групата АКТ, во соработка со...

Почина Луиџи Пикато, еден од најомилените цртачи на стрипот „Дилан Дог“

Најголемата италијанска издавачка куќа за стрипови „Серџо Бонели Едиторе“ на 14 март објави дека починал нивниот долгогодишен соработник, Луиџи Пикато. Тој беше познат како цртач на низа легендарни епизоди на стрипот „Дилан Дог“, како „Голконда“. Тој бил роден во Торино во 1957 година, а професионално работел како автор на стрипови од 1977 година. Првобитно објавувал во списанијата „Кориер Бој“ и...

Објавен меѓународниот конкурс за стрип – Велес 2023

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот меѓународен конкурс за стрип на кој може да учествуваат автори од целиот свет, без разлика на полот и возраста.  Според критериумите, должината на стрипот треба да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат). Доколку стрипот е на една...

Реизданијата на „Алан Форд“ и „Инкал“ избрани за најдобри за 2022 г. од читателите на Stipovi.com

Овогодишниот избор за стрип на годината ја потврди регионалната популарност на легендарниот италијански стрип „Алан Форд“, во голема конкуренција на претежно лиценцни изданија. Stripovi.com е највлијателниот портал за стрипови во регионот на бивша Југославија, основан во Загреб од 2001 година како комбинација на форум и онлајн енциклопедија. Оваа онлајн заедница од 2007 година организира избор за најдобар стрип на годината,...

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Алжир е убав како Америка“

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ го издаде осмиот графички роман „Алжир е убав како Америка“ од француските автори Оливија Бартон (сценарио) и Махи Гран (цртеж). Делото ги истакнува комплицираните односи помеѓу Алжир и Франција, а од „Бункер“ велат дека ниту една болна тема не останува недопрена, па така, во графичкиот роман се присутни колонијализмот, расизмот, војната и...

Стрипот „Хогар Страшниот“ прославува 50-годишен јубилеј

На 4 февруари 2023 година се навршија 50 години од првото објавување на хумористичниот стрип Хогар Страшниот, најпознато дело на американскиот автор Дик Браун, што своевремено бил прогласен за „најбрзо растечки стрип на светот“. Тој денес може да се најде во дури 56 земји. „Хогар Страшниот е еден од ретките стрипови за кои имаат чуено и оние што немаат никаков...

Утре во Велес стрип изложба: Животот и состојбата на Ромите

Утре со почеток во 12 часот во библиотеката „Гоце делчев“ во велес ќе се одржи стрип изложба. Посетителите ќе имаат можност да ги видат најдобрите стрипови од ученичкиот стрип конкурс на тема „Животот и состојбата на Ромите“, а ќе се промовира публикуваниот каталог. Изложбата којашто е завршен дел од Грантот „За нашите соседи и прилатели“ ја огранизира Стрип центар на...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...