fbpx
Таг: стратегија

таг: стратегија

ААВМУ реагира: Владата не ги почитува препораките на Брисел

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска се огласи со остра реакција за Владата по вчерашната одлука, наведувајќи дека владиниот кабинет ги надминал своите надлежности и се меша во независноста на ова регулаторно тело, што е нешто на што посебно посочува Брисел. Имено, Владата вчера даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност...

Тевдовски: Успешно се реализираат мерките од Програмата за економски реформи

Министерството за финансии ќе продолжи да го зајакнува управувањето со јавните финансии, да ја подобрува фискалната дисциплина и транспарентноста во трошењето на јавните пари, истакна Министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата со мисијата на Европската комисија за оцена на Програмата за економски реформи (ПЕР) за периодот 2019 – 2021 година. Делегацијата на ЕК ја сочинуваат претставници на директоратите за...

НБМ со „денаризација“ ќе се бори против „евроизацијата“ на Македонија

Владата и Народната банка подготвија Стратегија за денаризација на Македонија во која се утврдени мерки за намалување на евроизацијата на земјата. Во стратегијата се вели дека одржувањето висока стапка на евроизација, како типичен феномен за транзициските економии и земјите во развој, е долгорочна карактеристика и на македонската економија. „Препознавајќи ги негативните ефекти од евроизацијата и ризиците врзани со неа, Народната...

Приоритет во стратегијата за соработка со ЕБОР ќе биде и „зелената економија“

Поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалното поврзување и поддршка за „зелената економија“ се трите приоритети кон кои ќе биде насочена новата Стратегија за соработка на земјава со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 2019-2023 година. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу министерот за финансии Драган Тевдовски и делегацијата на Бордот на директори на ЕБОР, предводена од Франс...

Се укинува електронското полагање на правосудниот испит

Министерство за правда подготвува предлог-закон за изменување на законот за правосудниот испит за да го усогласи со насоките содржани во Стратегијата за реформа на правосудниот сектор во однос на укинување на електронското полагање на стручните испити. „Основна цел на законот е воведување на усмено и писмено полагање на правосудниот испит пред стручна комисија, врз основа на мерливи и објективни критериуми...

Консултации во Владата за стратегијата за едно општество и интеркултурализам

Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на отворениот ден за иницијативи на граѓански организации: „Консултација за изработката на Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам во Република Македонија“. Покрај премиерот Заев на настанот ќе се обратат и министерката за правда Рената Дескоска и советникот на премиерот за развој на мултикултурно општество, интеркултурализмот и интер-културните комуникации, Рубин...

Шилегов: Сега ми се потсмеваат, но „зелените“ мерки ќе донесат резултати

Свесен сум дека сум предмет на потсмев поради поднесената кандидатура на Скопје за Европска зелена престолнина, но уверен сум дека мерките кои ги предвидовме и на кои посветено ќе работиме, ќе донесат резултати. Самото прифаќање на кандидатурата на Град Скопје, која ја ветив во мојата изборна програма, е признание дека нашата стратегија е добра, порача градоначалникот на Скопје, Петре...

Владите од регионот се обврзаа на поевтин роаминг и поголема дигитална поврзаност

На крајот на дводневниот Дигитален самит на Западен Балкан, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски одржаа прес конференција на која ги пренесоа пораките и заклучоците кои произлегоа од првиот самит за дигиталната агенда на регионот. Манчевски ги изнесе и конкретните заклучоци за кои се обврзаа сите земји од Западен Балкан. - Ние сме...

ЕК ќе го објави извештајот за Македонија, се очекува препорака за отворање на преговорите

Европската комисија денеска во Стразбур ќе го објави Извештајот за состојбите и напредокот на Македонија на евроинтегративниот пат. ЕК повторно препорачува отворање на пристапните преговори со Македонија, а извештајот за напредокот на земјата е меѓу попозитивните во овој пакет на Брисел, кој, како што стои во извештајот, „јасно ја препознал политичката волја за напредок“, јавија вчера дописниците на Радио Слободна Европа (РСЕ) од...

Проширувањето на ЕУ, тема на состанок на министрите од Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскиот министер Никола Димитров, одржуваат состанок во Сараево посветен на Стратегијата на ЕУ за проширување со земјите од Балканот и спроведувањето на заклучоците од Самитот во Трст во 2017 година, составен дел од Берлинскиот процес. На состанокот учествуваат и заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина...

Заев – Јункер: Кон ЕУ без одлагање и само со длабоки внатрешни реформи

Премиерот Зоран Заев, денеска по средбата со претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, кој заедно со еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија Јоханес Хан, престојуваше во посета на Република Македонија, пред домашните и странските медиуми истакна дека „со Стратегијата, ЕК ја потврдува европската иднина на Македонија, како географски дел од Европа кој ќе стане и дел од...

Милијардата евра за Западен Балкан се средства на ИПА и нема нови пари

При презентацијата на Стратегијата за Западен Балкан на Европската комисија во ЕУ парламентот во Стразбур, беше најавено дека за оваа година се предвидени 1,07 милијарди евра како претпристапна помош, како надоврзување на речиси девет милијарди евра дадени во периодот 2007-2017 година. Според Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ), во новата стратегија нема ништо ново во однос на средствата за...

Jункер на 25 февруари во официјална посета на Македонија

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, информираше дека претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер ќе ја посети Македонија на 25 февруари. Македонија ќе биде првата земја која Јункер ќе ја посети како дел од неговата турнеја низ државите од Западен Балкан за презентација на Стратегијата на ЕУ за регионот. – Ова е важен момент за презентација на Стратегијата, но...

Се подготвува нов Закон за спорт и десетгодишна национална стратегија за спорт

Нов Закон за спорт и десетгодишна национална стратегија за спорт најави денеска премиерот Зоран Заев по дебатата во Владата со спортски работници, претставници на спортски федерации, здруженија и поддржувачи на развојот на спортот, за стратешките основи за развојот на спортот во Македонија. - Ве уверувам дека во мене имате спортски партнер, а во Владата поддршка. Целта е спортистите да го...

Билт: „Тешкашите“ од ЕУ треба да се вклучат во решавањето на спорот за името

Во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција треба да се вклучат силните членки на Европската Унија, за да се избегне колапс на стратегијата на ЕУ за Балканот, смета ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни работи и поранешен шеф на шведската дипломатија, Карл Билт. „Мислам дека ќе треба силна посветеност на силните земји-членки и на институциите на Европската...

При крај е Стратегија за намалување на смртноста кај новороденчињата, рече Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска имаше работна средба со раководителите на здравствените институции во Охрид. Целта на посетата, рече тој, е да се запознае со работата на здравствените установи, преку разговор со нивните менаџерски тимови за проблемите во работењето и начините за нивно надминување. – Во болницата „Свети Еразмо“ разговаравме за текот на реконструкцијата на објектот, како ќе продолжат...

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ќе прави „стратегии за спасување на државата“

Новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ на првата одржана седница ги разгледал актуелните состојби во државата и донел заклучок дека не постои сектор во кој што Македонија не назадува и дека „треба да се изготват соодветни стратегии со кои партијата ќе се спротивстави на уништувањето на земјата“. На седницата, одржана вчера, Извршниот комитет на најголемата опозициска партија го осудил политичкиот прогон...

Град Скопје изработи анализа за можностите за намалување на ризикот од поплави

„Анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот Регион“ е името на студијата што Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а денеска беше презентирана пред јавноста. - Градот Скопје почнува нова практика во начинот на работењето, во смисла на споделување на резултатите од научните студии со јавноста. Сакам да нагласам дека Градот Скопје и УНДП во декември...

Царовска: 220.000 работници се сиромашни, односно секој трет вработен

Според податоци од Министерството за труд и социјална политика, 220.000 работници, односно секој трет вработен е сиромашен, додека според одредени индикатори на Еуростат за 2015 година, 8,9 проценти од вработените се сиромашни. Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, која се обрати на шестата национална конференција на сиромашни и социјално исклучени лица во организација на Македонската...

Советниците во Општина Штип гласале за распишување референдум за мигрантите

Советот на Oпштина Штип, со 13 гласа „за“, денеска изгласал да почне постапка за распишување референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за „Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година“. Советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гласале „за“, а советниците од СДСМ пред гласањето ја напуштиле салата. Граѓанската иницијатива „Будење“ од Штип до Советот на Општината приложила 356 потписи од граѓани...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...